Адел во Армани триумфираше на „Брит Авордс“ -уметник, албум и песна на годината (фото)


Англија– Британската  поп-ѕвезда Адел во тоалета на „Армани“ и дијамантски накит го обележа годинешното доделување на Британските музички награди, познати и како „БРИТ“. Свеченоста се одржа во лондонската „О2 арена“. Ова беше првото издание на Британските годишни награди, кои се доделуваат од 1977 година, со кое се укинаа родовите поделби, па сега нагласката е на […]

Загадувањето на воздухот може да ги влоши симптомите при Ковид‐19


Истражувањата спроведени од почетокот на пандемијата покажуваат дека населението изложено на загаден воздух е помалку отпорно на Ковид‐19 и дека загадувањето на воздухот може да ги влоши симптомите од вирусот – ова го констатира Европскиот фонд за Балканот при спроведувањето на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ заедно со партнерите од регионот. Еден од главните […]

ЗОИ: Норвежанецот Руд го освои златниот медал во „Биг ер“


Норвежанецот Бирк Руд го освои златниот медал во скијање слободен стил „Биг ер“ со резултат 187,75. Второто место и сребрениот медал му припадна на Американецот Колби Стивенсон со 183 поени. Швеѓанецот Оливер Магнусон со резултат 178.25 заврши на третата позиција. По денешниот златен медал, Норвешка се изедначи со Шведска на врвот на листата медалисти со […]

Отворање на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ


Деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Селектор на годинашниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“. На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. […]

СЗО: Потребни се 16 милијарди долари за глобалнo справување со Ковид-19


Потребни се уште 16 милијарди долари за да им се помогне на земјите со ниски приходи да се справат со пандемијата со Ковид-19, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО со средствата треба да се обезбедат вакцини, тестови и лекови според програмата на ОН. Износот може да се искористи и за складирање на 600 милиони […]

ЗОИ: Извонредно второ возење за злато на Влхова во женскиот слалом


Словачката скијачка Влхова го освои златниот медал во слалом на Олимписките игри во Пекинг. Таа иако по првото возење беше на 8.место, со извонреден настап во второто возење успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум. За Словачка ова е прво злато и воопшто прв медал на ЗОИ 2022. Влхова двете трки ги […]

Најмногу снег и најстудено во Маврови Анови


Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови, каде утринава до седум часот се измерени 47 сантиметри, потоа на Попова Шапка 25, Пожаране 23, Крушево 22, Битола 13, Ѓуриште 9, Охрид пет и Берово три сантиметри. Според Управата за хидрометеоролошкиработи, најстудено утрово било во Маврови Анови каде се измерени -12 степени, во Битола -7, Охрид – […]

СЗО: Половина милион починати откако е откриен сојот омикрон


Светската здравствена организација изрази жалење бидејќи половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, нарекувајќи го бројот „повеќе од трагичен“. – Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен, изјави претставникот на СЗО, Абди Махамуд. Тој истакна дека „во […]

Експлозија во Абу Даби: Одекнуваат сирени (ВИДЕО)


Тимови на цивилната одбрана го изгаснале пожарот кој бил предизвикан од експлозија на плинска боца во една зграда во Абу Даби, објави државната агенција. Во пожарот, како што јавува Ројтерс, нема повредени. Се наведува дека експлозијата се случила на улицата Хамдам каде се одржува Светското клупско првенство во фудбал. На снимки објавени на социјалните мрежи […]

Ќе повлече ли минималецот раст и на другите плати


  Осумдесет илјади граѓани ќе добијат најмалку 18.000 денари минимална плата во мартовската исплата. Владата вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во согласност со одлуките од Економско-социјалниот совет. Со овие измени, најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари. Во законска […]

Столтенберг: Не постои документ за непроширување на НАТО кон исток


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека вратата за влез на нови членки е секогаш отворена за сите земји кои ги исполнуваат стандардите на Алијансата и треба да се почитува слободната волја на суверените држави да одлучуваат по тоа прашање. Столтенберг за црногорската телевизија Вијести изјави дека евентуалниот документ за непроширување на НАТО кон […]

„Турандот“ во Националната опера и балет


Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини вечер ќе биде изведена во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, а режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако. Кореографијата е на Саша Евтимова, а концерт мајстор – Јане Бакевски. Настапува врвна домашна солистичка екипа: Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Злата Тошевска, Владимир Саздовски, Јане Дунимаглоски, […]

Синдикатот на УПОЗ бара скалесто усогласување со минималната плата


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), денеска на прес-конференција ќе информира за проблемот кој ќе се јави во управата и правосудството, доколку платите на вработените скалесто не се усогласат со новата вредност на минималната плата. Синдикатот на УПОЗ најави дека ќе презентира предлози за решавање на овој проблем и […]

Почнува со работа новиот погон на „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Технолошко индустриска развоја зона во Тетово ќе ја врачи употребната дозвола за новиот производствен погон на американската компанија „ЛЕАР“. Станува збор за инвестиција од 15 милиони евра, односно втор производствен објект „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово изграден на површина од осум илјади метри квадрати. Во постојниот прв погон на […]

Седница на Уставен суд


Уставниот суд денеска ќе ја одржи четвртата седница за 2022 година на која на дневен ред се пет иницијативи и еден предлог за одлучување. Пред уставните судии ќе се најде иницијатива поднесена од политичката партија ВМРО–ДПМНЕ и м-р Стојанче Геровски – адвокат од Скопје, а се однесува на член 30 став 2 точка 9 од […]

Маските во училиштата и сертификатите засега остануваат


Се уште сме во фаза на широка трансмисија на вирусот и рано е за укинување на ковид-сертификатите, смета Комисијата за заразни болести. Предлага продолжување на сертификатот по прележана болест од сегашните 45 на 180 дена. Вакцинацијата останува најдобра заштита од КОВИД-19, особено од хоспитализација и смрт. Засега не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како […]

Седници на пет собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Комисијата за култура. Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово е единствена точка на дневен […]

Сакеларопулу и Мицотакис ја повторија грчката поддршка за ЕУ интеграцијата на Западен Балкан


Ставот дека „европската перспектива на Западен Балкан е од политички и економски интерес на Европа“, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу го повтори и на свечената вечера во претседателската палата во Атина во чест на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, јави дописничката на МИА од Атина. За време на средбите со црногорскиот претседател кој е во […]

Облачно со слаб снег и ветер


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 9 февруари 2022 година, 40-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 325 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 39 минути, а ќе зајде во 16 часот и 57 минути. Денов трае 10 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]