ЗОИ: Ноел најдобар во слаломот


Французинот Клемент Ноел е победник во слаломот на Олимписките игри во Пекинг. Тој двете трки ги заврши со вкупно време  1:44.09 минута. Иако по првата трка беше на шестата позиција, Ноел со одлично второ возење успеа да дојде до златниот медал. Првопласираниот по првата трка, Јоханес Штролц од Австрија на крајот заостана за 61 стотинка […]

Кус прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид поради изведување градежни работи


На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11.00 и 14.00 часот во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ. Сообраќајот на другите државни патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Канадските министри ги проширија владините овластувања за полицијата во обид да ги запре протестите


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да и даде на владата вонредни овластувања за да ги запре протестите на камионџиите и незадоволните граѓани од мерките против коронавирусот. Канадскиот министер за јавна безбедност Марко Мендичино изјави дека е време полицијата да почне да ги користи своите широки овластувања дадени со канадскиот Закон за вонредни ситуации. -И […]

Симпозиум „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“


Симпозиум на тема „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“, ќе се одржи денеска во просториите на М6 Едукативен центар во органзиација на винарската визба „Тиквеш“ Симпозиумот што може да се следи и онлајн се организира во рамки на тригодишниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци […]

Предлогот да се продолжи кризната состојба со топлинска енергија пред пратениците


Предлог одлуката на Владата да се продолжи рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје до 30 април годинава денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, по  што за неа треба да се одлучува и на пленарна седница. Владата на 17-ти […]

Народната банка добро се справила со кризите, смета ММФ


Народната банка (НБ) води соодветна олабавена монетарна политика, бидејќи инфлацијата е пред сѐ глобален феномен. Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година, констатира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во извештајот од редовната мисија во земјава. Од […]

Епидемиолошката состојба подобрена, зголемен број на Ковид случаи меѓу учениците


Комисијата за заразни болести вчера ја оцени епидемиолошката состојба во државава како подобрена, но не и добра поради фактот што е зголемен бројот на нови КОВИД случаи меѓу децата од  шест до 14 години. Комисијата апелира до граѓаните да примат трета доза вакцина, како најдобар начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт. Засега […]

Во САД излекувана првата жена со СИДА


САД– Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице. Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата […]

Руски дипломат: Денеска нема да ја нападнеме Украина


Германија – Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска. – Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец, рече Чижов во текст објавен во денешното издание […]

Средба Блинкен-Рама во Стејт департментот 


САД– Американскиот дражавен секратар, Ентони Блинкен, синоќа во Стејт департментот се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, каде ја одбележаа 100-годишнината од воспоставувањето на американско-албанските дипломатски односи, при што Блинкен повторно укажа на поддршката на САД за влез на Албанја во ЕУ, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  -Секретарот ја истакна силната соработка во […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 16 февруари 2022 година, 47-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 318 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 30 минути, а ќе зајде во 17 часот и 6 минути. Денов трае 10 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Градско


Вечерва во  17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“  управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт, потврдија од Министерството за внатрешни работи.   Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје. Увидот […]

Од каде е склоноста на Ѓоковиќ за самосаботажа


  Во текот на изминатите 11 години во машкиот тенис, за време на кои Новак Ѓоковиќ се искачи до доминација и неверојатно се позиционираше како еден од најголемите тенисери во историјата, единствениот пат кога неговиот успех беше доведен во прашање беше по летото 2017 година, кога трпеше многу месеци поради повреда на лактот. Повредата стана […]

Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања воведени поради Ковид-19


Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања против Ковид-19  до 25 февруари и ќе се врати во нормален живот бидејќи се намалува бројот на инфицирани и хоспитализирани лица, изјави денеска холандскиот министер за здравство, Ернст Куиперс. Тој наведе дека „државата повторно ќе се отвори“. – Ќе се вратиме на нормалното време што го имавме пред […]

Принцот Ендру се спогоди со Вирџинија Џуфре. Што значи тоа?


САД – Британскиот принц Ендру ја реши граѓанската тужба поднесена од Вирџинија Џуфре, во која го обвинува принцот дека сексуално ја злоставувал кога имала 17 години,  откри документот доставен до американскиот суд во вторникот. Еве поглед на тужбата против вториот син на кралицата Елизабета, спогодбата и што значи спорот за Ендру. КОИ БЕА ТВРДЕЊАТА НА […]

Бислимовски: ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување


Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на собраниската Комисија за економски прашања на која […]

Извршени кибер напади врз веб-страниците на украинското Министерство за одбрана, на армијата и две банки


Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека веб-страниците на украинското Министерство за одбрана, на украинската армија и на банките „Приватбанк“ и „Ошадбанк“ биле мета на кибер напад. Украинскиот центар за кибер безбедност соопшти дека Русија е најверојатно виновна за нападот. Претходно не беше соопштено за извршен хакерски напад врз сајтот на армијата. Двете банки се […]

Поради сообраќајка целосно блокиран патот Прилеп-Градско


Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Градско и обратно е во целосен прекин веќерва од 17.55 часот поради сообраќајна незгода кај ресторанот „Ловец“, информираат од Автомотозојузот на Македонија. Воедно, од таму најавуваат дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11 и 14 часот во […]

Влада: Почнат процес за обезбедување алтернативни извори на гас


Владата на денешната седница го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да почне процес за потпишување на договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција, информираат од владината прес-служба. Со овие договори и преземени обврски, посочуават од Владата, […]