Кино утро во Кинотека до крајот на јануари


Кинотека ја надополни својата програма „Кино утро“ со нови филмски проекции. Од понеделник до петок, најмладите ќе може да ги погледнат филмот „Стела“, првиот македонски филм за деца, како и „Кариран нинџа“, „Петко пет плус“, „Каламити“ и „Патувањето на принцот“. Проекциите почнуваат од 12 и од 14 часот. 

Во Косово само со потврда за три вакцини


Косово– По наглото зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, косовската Влада синоќа донесе нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата, според кои, меѓу другото, од денеска за влез во државата е потребно да се приложи потврда за примени три дози вакцини, или две вакцини и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, […]

Политико: Еден месец по поразот, таборот на Трамп сакал да ги заплени гласачките машини


САД– Еден месец по поразот на Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година, со предлог за извршна наредба на Белата куќа им е наредено на највисоките воени функционери на земјата да ги запленат гласачките машини низ САД, објави Политико. Документ објавен од Националниот архив ги открива екстремните мерки кои поранешниот републикански претседател бил подготвен […]

Карневалите во Рио и во Сао Паоло одложени за април


Бразил– Властите во бразилските градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло објавија дека ги одложуваат традиционалните паради на училиштата за самба до крајот на април поради зголемувањето на случаите на новозаразени со сојот Омикрон на Ковид-19 во државата. Претходно овој месец, двата града откажаа улични поворки и карневалски прослави, но сепак планираа да одржат паради […]

Македонија не е на дневен ред на средбата на министрите за европски прашања во Брисел


Новиот импулс во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија по посетата на бугарскиот премиер е добар знак за почетокот на преговори со Европската унија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера го поздрави воспоставениот дијалог на ниво на премиери меѓу двете земји и истакна дека Брисел силно го поддржува овој процес. Во телефонски […]

Ирска укинува голем дел од рестрикциите воведени поради Ковид-19


Ирска– Ирска од денеска ги укинува речиси сите ограничувања што се во сила заради Ковид-19, откако помина низ уште еден бран со огромен број заразени од сојот Омикрон, рече првиот минстер Михол Мартин во обраќањето до нацијата. Ирска минатата недела беше на второ место по новозаразени со коронавирус во Европа, но во исто време е […]

Над 340 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот


Швајцарија– Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе. Ова го соопшти Светската здравствена организација. Според информациите од вчера Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати. Најголем број заразени со Ковид-19 е регистриран на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани […]

Е-трговијата и пратките со откупнина ги зголемија пакетските услуги


Давателите на поштенските услуги на слободниот пазар во првото полугодие од 2021 година имаат зголемување кај пакетските услуги за 76 проценти во однос на истиот период од претходната година. Тоа, според анализите на регулаторното тело – Агенцијата за пошти, е резултат на се поголемата понуда на е-трговијата и на пратките со откупнина и нивното зголемено […]

Предложена пократка изолација на ковид-позитивните, рано е за укинување на сертификатите


На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица позитивни на Ковид-19 ќе се намали од десет на седум дена. Иако новиот Омикрон сојот се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека болниците во земјава уште имаат капацитет за исполнување. Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата. Препораката за […]

Земјотрес од 6,6 ја погоди Јапонија


Јапонија– Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ги погоди југозападниот и западниот дел на Јапонија, а повеќе од 10 лица се повредени. Локалните власти и Јапонската метеоролошка опсерваторија соопштија дека земјотресот не предизвикал цунами. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во областа покрај брегот на Јапонија, каде според анализи во […]

Ветровито и студено до -12


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 22 јануари 2022 година, 22-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 343 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 16 часот и 34 минути. Денов трае 9 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Определен 30-дневен притвор за возачот осомничен за сообраќајката кај Сити мол


По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на Јавното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори […]

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава до 28 јануари 2022


Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година. Како што соопшти Управата за јавни приходи, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава е согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, […]

Мицкоски чека покана од Ковачевски за средба


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека се уште очекува покана од него за средба. Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори. Според него, […]

НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија


НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија, додека дипломатските напори продолжија да се спречи војна во Европа, откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границите на Украина. „НАТО нема да се откаже од нашата способност да се заштитиме и браниме меѓусебно, вклучително и со присуството на […]

Ковачевски – Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставен суд за недела неработен ден


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски со економскиот тим на средбата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици во државата ја истакна важноста од континуираната соработка, партнерски однос со деловната заедница сè со цел постигнување повисоки стапки на економски раст и решавање на предизвиците од енергетската […]

Нови 2.071 случај на Ковид-19, починале 11 лица


Во последните 24 часа се регистрирани 2.071 нов случај на КОВИД-19 од направени 6.010 тестови, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 1.450 пациенти, а починале 11 лица.   Од новите случаи, во Скопје се 1.047, Битола 178, Кавадарци 89, Куманово 73, Тетово 66, Гевгелија 63, Прилеп 47, Кочани […]

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север


Владата на денешната петта седница го одобри Договорот за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД – Скопје, со сите трансакциски сметки на […]

Притвор за возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа кај „Сити мол“


Основното јавно обвинителство во Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Како што информираат од ЈО, осомничениот на 20 јануари, како […]