Меркел предлага задолжителна вакцинација од февруари


Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел го зголемува притисокот на невакцинираните во земјата. Според документ до кој дошол „Блумберг“, Меркел препорачува на луѓето кои не се потполно вакцинирани против Ковид-19 да им се забрани одењето во ресторани, кина и продавници кои не се неопходни. Исто така, повикува на задолжителна вакцинација против Ковид-19 почнувајќи од февруари […]

Светска банка одобри 280 милиони долари за Авганистан


Одборот на Светска банка одобри префрлање на 280 милиони американски долари од замрзнатиот фонд на Авганистан на две хуманитарни агенции, со цел да и помогне на земјата да се справи со нестабилната економија по доаѓањето на власт на талибанците и повлекувањето на САД на 31 август 2021 година. Донаторите од Фондот за реконструкција на Авганистан […]

Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма“


Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се  запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили. Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Боснек, автобус со скопски таблички кој сообраќаше од Турција […]

Либан воведува полициски час за невакцинираните лица


Либанските власти денеска најавија дека ќе воведат ноќен полициски час за невакцинираните пред почетокот на божиќните празници. Според либанскиот министер за здравство Фирас Абијад тоа е една една од мерките за запирање на неодамнешниот пораст на зголемениот број инфицирани со Ковид-19 и мерка на претпазливост поради појавата на новиот сој Омикрон. Либан нема регистрирано ниту […]

САД се најголемиот производител на пластичен отпад


СAД се држава која најмногу придонесува за загадувањето со пластика во светот, покажува новиот извештај, со кој се повикува на развој на национална стратегија за да се стави крај на тоа. Земјата создала околу 42 милиони тони пластичен отпад во 2016 година, што е двојно повеќе од Кина и повеќе од земјите на ЕУ заедно, […]

ОН: Во следната година ќе бидат потребни најмалку 41 милијарда долари за помош за најзагрозените во светот


Најмалку 41 милијарда долари ќе им требаат на ОН во следната година за да им помогнат на 183 милиони најранливи луѓе во светот погодени од епидемијата на коронавирусот, конфликтите и климатските промени. Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA) денеска објави дека во 2022 година ќе биде потребна некаква итна помош за околу 274 милиони […]

Медоуз тврди дека Трамп позитивен на Ковид-19 учествувал во претседателска изборна дебата


Поранешниот шеф на Белата куќа, Марк Медоуз во својата нова книга тврди дека Доналд Трамп и покрај тоа што бил позитивен на Ковид-19 учествувал во една од претседателските изборни дебати со актуелниот претседател Џо Бајден. Медоуз тврди дека Трамп на 26 септември 2020 година бил позитивен на Ковид-19, а потоа повторно се тестирал и добил […]

Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ по повод јубилејот 25 години


Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова вечер во рамки на Есенските  музички свечености ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25-годишниот јубилеј од своето постоење. Концертот првично беше закажан за 30 ноември, но поради вонредни околности е поместен за вечерва, а ќе се одржи во терминот […]

„Магијата на Шопен“ – концерт на Кристијан Каровски во Филхармонија


Пијанистот Кристијан Каровски вечер ќе одржи концерт во големата сала на Филхармонија. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен. Кристијан Каровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Како […]

Финска, Норвешка и Исланд се најбезбедни земји во светот, Македонија со низок ризик


Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот, додека Финска, Норвешка и Исланд се оценети како најбезбедни. Тоа го покажуваат податоците на безбедносните експерти на компанијата International SOS and Control risk, која се грижи за медицинска и безбедносна помош. Земјите означени со темно црвена боја на интерактивната мапа се најлошо оценети, додека оние означени […]

Лојд Остин: Евентуален одговор на САД на дејствијата на Русија против Украина ќе биде усогласен со меѓународната заедница


Евентуалниот одговор на САД на дејствијата на Русија против Украина ќе биде договорен со меѓународната заедница, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Остин, кој е во посета на Јужна Кореја, ја повика Москва да биде транспарентна во врска со трупањето руски војници долж руската граница со Украина. Министерот за одбрана изрази надеж дека […]

Ковачевски и Ременски во трка за претседател на СДСМ, ќе следат ли и други


Два дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, кои треба да се одржат на 12 декември, до партиското седиште пристигнаа две кандидатури – едната на заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите Димитар Ковачевски, а другата на поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски. […]

Задолжителна вакцинација засега нема, матичните лекари ќе ги поттикнуваат граѓаните да се имунизираат


Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче, но, како што рече, дополнителна мерка во некоја форма вакцината да биде задолжителна не е исклучена, согласно со искуствата и примерите кои ќе ги даваат други земји во периодот што доаѓа. -Некои земји размислуваат […]

Лукашенко го призна Крим за руски, Украина протестира


Белорускиот претседател Александар Лукашенко го призна анектираниот украински црноморски полуостров Крим за руски, првпат по долг период на воздржаност. – Крим е … де факто руски Крим, рече Лукашенко во интервју за руската државна агенција Риа Новости, чии извадоци беа објавени вчера. – По референдумот, Крим стана и де јуре руски, рече 67-годишникот, мислејќи на контроверзниот референдум во 2014 година, […]

Панел-дискусија „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“


Пет амбасадори од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, како и амбасадорот на Словенија, земја актуелен претседавач со Европската унија, акредитирани во Република Северна Македонија ќе учествуваат денеска на панел-дискусија на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“. Како што информираат од […]

Кога се тркаат змијата и магарето


(Колумна за Дојче веле) Понекогаш имам впечаток дека онаа народната – „змија или магаре“, апсолутно не важи за нас. Ние, во последно време, не само што по сѐ изгледа ќе добиеме по еден подарок и од змијата и од магарето, туку тие се тркаат кој побрзо да стигне до нас. Нашата спектакуларна серија пехови нѐ погаѓа како […]

Потрошувачката на гас во Европа достигна невиден рекорд


Повлекувањето на гас од подземните складишта во Европа во ноември достигна рекорд од 2011 година, покажуваат податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ). Потрошувачката на гас од складиштата во Европа во ноември изнесувала околу 11,68 милијарди кубни метри. Ова е втор врв од 2011 година, а првиот беше во 2016 година, кога од европските складишта за гас беа повлечени […]

Гутереш повтори дека забрана за патување и неправедна и неефикасна мерка


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека забраната за патувања воведена поради Ковид-19, која изолира која било земја или регион, „не само што е длабоко неправедна и казнена, туку е и неефикасна“. Говорејќи пред новинари во Њујорк, Гутереш рече дека единствениот начин да се намали ризикот од пренесување на вирусот, а истовремено да се овозможат патувања и економски ангажман е да се тестираат патниците неколку пати, со примена […]

Маричиќ: Академијата е храм на образованието во правосудниот систем


Реформите во правосудството не се само критериум за ЕУ, туку се основата за владеење на правото, што е клучно во просперитетот, напредокот и благосостојбата на државата и нејзините граѓани, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ на одбележувањето на 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители. -Во срцето на овие реформи се независни, […]

Лајен: Вакцините за деца ќе бидат достапни од 13 декември


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вакцините за деца против Ковид-19 произведени од Фајзер/Бионтек ќе бидат достапни во Европската унија на 13 декември. На прес-конференција посветена на текот на пандемијата и појавата на новата варијанта Омикрон, таа исто така рече дека се согласува во Европската унија да се одржи „дискусија“ за задолжителната вакцинација. Во време кога новиот сој […]