Прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во Центар и Чаир


Поради уличен дефект од Ф-250 мм на ул.„Македонско Косовска Бригада“ бб спроти „Вива Фреш“ во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„М.К.Бригада“ крак 11 и касарната „Илинден“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10.10 часот до санирање на дефектот, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Исто така, поради изведување водоводен […]

Пендаровски: ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики


Секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Токму затоа Друштвото на ликовните уметници на Македонија има вонредно значење, имајќи ги предвид сите децениски искушенија во кои настанува, се развива и опстојува до ден денешен. Станува збор за една од најзначајните струкови уметнички и културни заедници, која ги одразува тековите […]

Драмски театар-Скопје со претставата „Странци“ на фестивалот „РУТА Група Триглав“


Драмскиот театар – Скопје утре со претставата „Странци“ ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“, кој вторпат се одржува во Белград од 30 ноември до 6 декември 2021 година. Како што соопшти Драмски театар – Скопје, за претставата „Странци“ нашата актерка Биљана Драгиќевиќ – Пројковска во 2019 година, во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп, […]

МВР откри 63 неисправни возила за јавен превоз


При акциска контрола МВР открила и санкционирала 63 неисправни возила што вршат јавен превоз во земјава. Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. -Министерството за внатрешни работи спроведе вчера во период од 8 до 11 часот спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на […]

Бајден ќе присуствува на наградите на Центарот Кенеди по отсуството на Трамп


САД- Претседателот Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на 44. почести во Центарот Кенеди овој месец, што ќе го одбележи враќањето на актуелниот претседател на престижната уметничка церемонија откако поранешниот претседател Трамп одби да присуствува на настанот откако неколку почестени го критикуваа. Семејството Бајден ќе присуствува на почестите на Центарот Кенеди со потпретседателот […]

Докторка ампутирала погрешна нога на пациент, казнета само со 2.700 евра


Докторка – хирург во Австрија казнета е со 2.700 евра откако ампутирала (отсекла) погрешна нога на пациент. Во средата, судот во Линц ја прогласи 43-годишната докторка за виновна за тешка немарност и ја казни со 2.700 евра. На вдовицата на пациентот, кој починал пред случајот да стигне на суд, доделени ѝ се 5.000 евра отштета, […]

Бугарски невладин институт бара меѓународна ревизија за патот „Струма“


Невладиниот бугарски Институт за безбедност на патиштата задолжи меѓународен ревизор да изврши непристрасна стручна проверка на состојбата на патиштата пред тешката несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 македонски државјани. Како што јави дописникот на МИА од Софија, при увидот констатирано е дека заштитните огради не се поставени во согласност со барањата. На подрачјето […]

До 500 евра казна за употреба и до 10 години затвор за продажба на петарди


Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека и годинава спроведува превентивна кампања за употребата на петардите и другите пиротехнички средства, пред и за време на новогодишните и божиќните празници. Истовремено, полицијата исто така казнува за употреба, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно членот 31, што предвидува глоба во износ од 200 […]

Хороскоп: Кој ќе биде вашиот најсреќен месец во 2022 година?


Хороскопот за 2022 година предвидува период на големи промени во сите сфери на животот. Секој од знаците на зодијакот го очекува барем еден среќен месец во годината. Додека некои ќе работат напорно и вредно, други ќе уживаат во голем успех и ќе заработат богатство. Некои ќе ја најдат љубовта на својот живот, а други ќе […]

ВТА ги суспендираше сите тениски турнири во Кина


Женското тениско здружение (ВТА) објави дека ги суспендира сите свои тениски турнири на подрачјето на Кина поради загриженост околу безбедноста на поранешната најдобра светска тенисерка во двојки Пенг Шуаи. – Не гледам како можам да барам од нашите спортисти да се натпреваруваат таму, кога Пенг Шуаи не смее слободно да комуницира со светот и се чини дека била под притисок да […]

Алек Болдвин: Не го повлеков чкрапалото


САД – Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот од којшто беше убиена снимателката за време на снимањето на „Растење“. Ова се наведува во делови од првото негово интервју по несреќното убиство. Тоа ќе се емитува денеска, а е снимено на 21 октомври во Ново Мексико (САД). – Видете, чкрапалото не беше повлечено. […]

Во Белгија отворен најголемиот центар за чоколадо во светот


Белгија– Во Локерен, источна Фландрија, е отворен најголемиот дистрибутивен центар за чоколадо во светот, објави белгискиот портал „Фокус“. Белгиско-швајцарскиот производител на чоколада Бери Калебо отвори центар наречен „Чоколадна кутија“ – висока 41 метар, којашто зафаќа површина од повеќе од 10 фудбалски игралишта. Секоја година, 75 милиони килограми пакувани чоколадни производи ќе пристигнуваат на 125.000 палети од […]

Стопанската комора на Северна Македонија прогласена за дигитален шампион за 2021 година


Светската трговска организација, Меѓународната стопанска комора и Меѓународниот центар за трговија ја прогласија Стопанската комора на Северна Македонија за дигитален шампион за 2021 година. Наградата „Дигитален шампион“ Комората ја доби за Проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење. Потпретседателката на […]

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ


Претставата „Дневна доза мазохизам“ од театарската група „Пресврт“ вечер ќе биде изведена во Младинскиот културен центар (МКЦ), во рамки на 46. издание на „Млад отворен театар“ (МОТ). -Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кој се создаваат односите меѓу луѓето и опседнатоста како пракса што се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на Пресврт, „Дневна […]

Блок на авганистански филмови во „Кино МСУ“


Во рамки на програмата на „Кино МСУ“, вечерва во киното на Музејот на современата уметност во Скопје почнува блок филмови посветени на авганистански автори. Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ. Авганистанскиот филмски блок ќе трае до 10 декември, и сите проекции ќе се одржат во затвореното кино на […]

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на УО на Развојна банка


Досегашните членови на Управниот одбор (УО) на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, Кире Наумов и Фарук Исмаили, се реименувани за истите позиции со мандат од шест години сметано од 19.11.2021 година, информираат од Развојната банка. -Народна банка издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен […]

Американски експерт за сајбер безбедност ќе го советува Министерството за одбрана


Во Министерството за одбрана од денеска ќе биде ангажиран американскиот советник за сајбер безбедност, Франк Ранеро, долгогодишен експерт во оваа област, како дел од соработката и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Како што информираат од Министерството за одбрана, во следниот период тој интензивно ќе работи со клучниот сајбер персонал на исполнување на амбициозната агенда […]

Предизвиците од пазарот на електрична енергија во Македонија


Флуктуациите на цената на електричната енергија на пазарите на електрична енергија го побуди интересот на јавноста за енергетиката која претежно се третира како услужна дејност и како премногу инженерска, а само понекогаш и како економска тема. Решенијата треба да се бараат во пресекот на овие феномени со целосна дисциплина од регулаторот и од оние кои […]

Д-р Лазаров со иницијатива: Средствата за награда на матичните лекари да се пренаменат за болни сограѓани


Доктор Ненад Лазаров кој и деновиве реагираше на мерката за финансиската награда од Владата, од 30 денари по пациент, за матичните лекари кои ќе постигнат 70-процентна имунизација на своите пациенти сподели иницијатива за овие средтва да се пренаменат за лекување на сограѓаните. Тој, на својот фејсбук профил, ги покани колегите да се приклучат кон иницијатовата […]

МОН: Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на 27.046 студенти


Министерството за образование и наука информира дека денес е извршена исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на 27.046 студенти корисници на ова право. Вкупно 17.484 од нив, кои го остварија правото при првиот рок од конкурсот објавен за оваа цел, ги добија средствата за месец ноември. Додека на 9.562 студенти кои го остварија ова […]