Зошто треба да јадеме костени?


За разлика од другите јаткасти плодови, костенот содржи многу мали количини на масти и масло и има голема количина на сложени јаглехидрати, што му дава низок гликемиски индекс. На сите ни е добро познат мирисот на печените костени што се шири по улицата, но можеби не ги знаете сите здравствени придобивки: 1. Ја подобрува меморијата […]

Омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат со прележување


Според првото истражување кое се базира на податоци од терен, омикрон има „значителна“ способност за избегнување на природно стекнатиот имунитет по прележување ковид-19 предизвикан од другите соеви. Наодите покажуваат дека новата варијанта може да предизвика нов значителен бран инфекција, дури и меѓу популациите со високи нивоа антитела. Стручњаците од африланскиот Национален институт за заразни боелсти […]

Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица


Грција– Актуелните правила и мерки за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, се непроменети и продолжени за уште една седмица, а и понатаму задолжителен е документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи […]

Царев Врв како снежно кралство (фото)


Сцените од Царев Врв на Осоговските Планини изгледаат како сцени од некое снежно кралство. Едноставно неверојатно… Во Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“ Дарко Ристовски објави неверојатни фотографии направени на Царев Врв на 2.085 метри надморска височина, како што пишува тој. Фотографиите изгледаат како сцени од некое снежно кралство. Царев Врв е планински врв на Осоговските Планини и искачувањето до овој врв може […]

ВМРО-ДПМНЕ го врати Ставрески во телата на партијата


Зоран Ставрески, некогашниот министер за финансии во владите на Никола Груевски, како и Оливер Шамбевски, некогашен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кој потоа беше и амбасадор на земјава во Кина, ќе бидат во работното тело што го формира опозициската партија, со цел да го мониторира работењето на новите градоначалници од партиските редови и остварувањето на предвидените проекти […]

Отворен новиот музеј на Фидел Кастро на Куба


Куба – Покрај трошните згради, и каде што корењата на дрвјата го пробиваат тротоарот, една од најголемите вили во Хавана е обновена во сјајна убавина во името на најконтроверзниот „син на Куба“. Центарот „Фидел Кастро Руз“ беше отворен овој викенд, три години по почетокот на опремувањето и пет години по смртта на поранешниот кубански лидер. Новиот […]

Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23 отсто


Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон […]

Дневен хороскоп


Овен Бидете љубезни со колегите. Што и да ве нервира, може да се победи. Бидете решени да истраете во се што сте планирале. Бик Направете реорганизација. Размислете што сте направиле добро до денес. Потрудете се на работа и внимавајте на деталите. Близнаци Вие сте преосетливи. Кажете и на саканата личност како навистина се чувствувате. Доколку […]

Адел пред и потоа-магијата на шминката (видео)


САД- Поп-ѕвездата Адел на обожавателите им ја покажа магијата на шминката со тоа што седеше на глам-сесија со гуруто за убавина Ники „NikkieTutorials“ де Џегер. Видеото започнува со Адел без шминка која седи до Ники, бидејќи ѕвездата на Јутјуб објаснува дека ќе прави целосен глам на едната страна од лицето на пејачката, додека другата страна […]

(Во живо) Телата на починатите веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови


Поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер, сѐ уште не полетале двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Се очекува авионите да полетаат најрано за 30 минути, но тоа ќе зависи од метеоролошката ситуација, изјави за МИА во Софија дипломатски извор кој […]

Mеѓународен саем во Тирана, прв пат заеднички настап на фирмите од регионот


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Бранко Азески, заедно со потпретседателката на Комората Елена Милевска Штрбевска учествуваа на отворањето на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднички штанд во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан. Како што информираат од Комората, […]

Царовска: Постигнавме целосна инклузија во основното образование


Лицата со попреченост можат и го менуваат светот. Тие се подеднакво активни учесници во општествените процеси и промени. Овој 3-ти Декември, испраќаме силна порака дека сите ние, лично и институционално, треба да се бориме против стереотипите дека попреченоста е бариера за поединецот да поставува лични цели, да се стреми кон нивно остварување и да дава […]

Кога е најдобро време да се измери температура? Три периоди од денот се „критични“


Кога се мери температурата за да се добијат најточните вредности? Еве што велат лекарите! Се чувствувате малку уморно, мрзливо, можеби имате болки во зглобовите? Во време на корона, но и зимски сезонски вируси, секој од нас ќе посегне по топломер за да провери дали има треска како еден од главните сигнали дека телото се бори […]

Нов трејлер пред новите епизоди на „Сексот и градот“ на 9 декември- забавата продолжува


САД– Во исчекување на премиерата на продолжението на култната серија „Сексот и градот: И просто, така оди тоа“ на 9 декември (нови десет епизоди) на HBO, излезе нов трејлер кој ветува добра забава. Изминатиов период, снимањето на сцените со Сара Џесика Паркер (со пердув на шапката) и Крис Нот (проседен и здебелен) во Њујорк предизвика […]

Улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе стане резидентна


По барање на граѓаните, идејниот проект за улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе има измена. На покана на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, жителите вчера беа во салата на Советот, каде го погледнаа идејниот проект и детално го дискутираа. Овој пристап на соработка со граѓаните се покажа како позитивен, затоа што улицата „Мирослав […]

Изложба „Мултиоригинал“ на Катедрата по графика на ФЛУ


Катедрата по графика на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) денеска напладне во својот галериски простор во Сули ан ќе отвори изложба „Мултиоригинал“ на која ќе претстави дела од поранешни и сегашни студенти. Од основањето во 1980 година досега, на Графичкиот оддел на ФЛУ, сега Катедра по графика, своето академско образование го завршиле четириесет и една […]

Јужна Африка влегува во четвртиот бран на Ковид-19


Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала изјави денеска дека неговата земја влегува во четвртиот бран на Ковид-19 поради варијантата омикрон, но дека болниците во оваа фаза не се загрозени. Тој на прес-конференција истакна дека инфекциите со новата варијанта сега се присутни во седум од деветте провинции во земјата и изрази надеж дека со овој сој […]

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени


Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, ги сумираше импресиите по синоќешниот шести пораз во низа на „црвено – црните“ во Лигата на шампиони на гостувањето кај Кил со 32:30. – Ситуацијата за нас станува малку депресивна, бидејќи бевме блиску, но остануваме без поени. Ова е тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто во […]

(Фото) Поради снежна бура во Данска, луѓе преноќија во ИКЕА


Поради силна снежна бура што зафати делови од Данска луѓето не можеа да се вратат дома, па беа принудени да преспијат во продавница на ИКЕА. Потрошувачи и вработени во продавницата за мебел на ИКЕА во Данска, доживеаја необично искуство. Оваа снежна авантра се случила во данскиот град Алборг, каде неодамна за многу кусо време паднаа […]

Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19


Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за контрола на новиот сој Омикрон, преку поголема достапност на вакцини, но без драстични ограничувања во секојдневниот живот. Бајден бара приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за домашни тестови на коронавирус и […]