Во СКСМ почнуваат првите шестмесечни обуки за бизнис лидери и за развој на мали и средни бизниси


Од денеска во Стопанската комора на Северна Македонија почнуваат првите шестмесечни обуки за бизнис лидери и за развој на мали и средни бизниси. Обуките се активност на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, кој е еден од неодамна формираните совети во рамки на Комората. – Првиот модул од овие две програми започнува на […]

Фирма на косовски Србин, регистрирана во Бугарија, е меѓу санкционираните по законот „Магнитски”


Фирма на косовски Србин, регистрирана во Бугарија, е меѓу компаниите санкционирани од САД во рамките на новите активности согласно глобалниот закон „Магнитски“, се наведува во соопштението на американското Министерството за финансии. Како што јави дописникот на МИА од Софија, санкциите се насочени против криминална група активна на северот на Косово, а предводена од браќата Звонко […]

Бајден му честиташе на канцеларот Шолц и изрази надеж за развој на „поцврсти врски“ со Берлин


САД– Американскиот претседател Џо Бајден вчера му го честиташе изворот на функцијата на новиот германски канцелар Олаф Шолц, а притоа изрази надеж за воспоставување „посилни врски“ меѓу Вашингтон и Берлин. „Му честитам на новиот германски канцелар Олаф Шолц. Со нетрпение очекувам да воспоставиме силни врски меѓу нашите две земји и тесно да соработуваме за да […]

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата


Белгија– Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата и да работат од 9 до 17 часот, а повеќе од половината анкетирани велат дека се попродуктивни додека работат од дома, се наведува во анкетата што денеска е објавена. Но, и „хибридната работа“, што е микс од работа од дома и […]

Само вакцинирани на концертите на Адел во Лас Вегас


САД– Обожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертите напоп-ѕвездата Адел во Лас Вегас мора да покажат доказ дека се целосно вакцинирани, а треба да имаат негативен тест за ковид-19, пишува Daily Mail. „Организаторот на настанот бара сите учесници на овој настан да бидат целосно вакцинирани (14. дена од последната доза на вакцина) и да имаат […]

Претставување на новиот кум и здравичар за Бадник


Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2022. Тоа, како што најавија од Здружението, ќе биде и можност за запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 30-тата средба на […]

Музички „Калеидоскоп“ во Филхармонија


„Калеидоскоп“ е насловен концертот, кој на 10 декември (петок) во 20 часот ќе се одржи во Филхармонија. Диригент е Најден Тодоров од Бугарија, а како солист на флејта ќе настапи Дејан Гавриќ од Србија. На програмата се „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски и Концертот за флејта и оркестар во де-мол од Карл Филип Емануел […]

Болницата во Струмица по првпат добива апарат за магнетна резонанца


По прв пат Општата болница во Струмица добива апарат за магнетна резонанца, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. – И во услови на пандемија продолжуваат инвестициите во здравството, напиша Филипче на фејсбук статусот.

Гугл соопшти дека руски хакери заразиле повеќе од милион уреди


САД – Компанијата Гугл презеде акција против хакерски операции за кои се верува дека заразиле повеќе од милион уреди. Технолошкиот гигант ќе го нападне таканаречениот Глуптеба ботнет и ќе ги тужи двајцата Руси кои наводно стојат зад нападот, објави „Сан“. Станува збор за озлогласен малициозен софтвер познат по преземањето контрола врз оперативните системи Виндоус на компјутерите. Злонамерниот напад се ширел […]

СЗО бара да се интензивира вакцинацијата поради Омикрон


Швајцарија – Државите треба да ги преиспитаат своите одговори на Ковид-19 и да ги забрзаат програмите за вакцинација за да се справат со сојот Омикрон, иако е рано да се каже колку постоечките вакцини ќе заштитат од новата варијанта, соопшти денеска Светската здравствена организација. Глобалното ширење на варијантата Омикрон сугерира дека може да има големо влијание врз пандемијата на Ковид-19 […]

Демонстрација на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Македонија


На Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град денеска ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија.   Како што соопштија од владината прес-служба, за време на планираната активност, медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и […]

Димитров во посета на Германија, ќе се сретне со министерката за Европа, Ана Лирман


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во посета на Сојузна Република Германија каде ќе се сретне со високи претставници на новоформираната германска Влада.   Меѓу другото, предвидена е средба со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од […]

Активни 5.821 случај, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат


Бројот на активни ковид случаи во земјава, според извештајот на Институтот за јавно здравје објавен вчера, изнесува 5.821, а од направените 3.285 тестирања, регистрирани се 419 нови случаи, осум починати и 211 оздравени пациенти. Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и […]

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво


Народната банка ги демантира информациите објавени на некои портали и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од централната банка. – Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните […]

Прогласување на најуспешните ТОП 100 компании


Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе ги прогласи најдобрите 100 успешни компании. Станува збор за традиционална манифестација со која Стопанската комора на северозападна Македонија секоја година ги наградува најуспешните компании кои изминатата година оствариле позитивни резултати. На настанот најавено е присуство на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан […]

Облачно, претпладне со сончеви периоди, попладне дожд


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од […]

Мицкоски едно, Николоски друго за блокадата на Бугарија


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека Бугарија не е проблем за Македонија на патот кон ЕУ, а Мицкоски вели Македонија е жртва во спорот со Софија, но дека за една недела ќе ги почнела преговорите со ЕУ   Нејасно е кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за блокадата на Бугарија на патот на Македонија кон […]

Софија бара Албанија да биде одделена од Македонија за ЕУ


Ништо ново од Бугарија. Софија бара Албанија да биде одвоена од Македонија во патот на двете земји кон ЕУ. Службената влада ја усвоила позицијата на Бугарија за состанокот на Советот за општи работи на 14 декември, два дена пред самитот на европските лидери, според која нема промена на ставот – повторно ќе стави блокада за […]

Премиерката на Финска отишла во клуб и покрај тоа што била во контакт со заразен


Сана Марин отишла во диско клуб и покрај тоа што било препорачано да се изолира откако беше заразен министерот за надворешни работи   Премиерката на Финска се најде под остри критики откако беше откриено дека таа останала надвор да танцува до раните часови за време на викендот и покрај тоа што знаела дека била изложена […]

Јужна Африка регистрира најмногу заразени од појавата на омикрон


Јужна Африка денеска регистрира речиси 20.000 нови случаи, што е рекордна бројка од почетокот на бранот на варијантата омикрон од крајот на ноември. Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) на својата Интернет страница соопшти дека денеска се регистрирани 19.842 нови случаи на Ковид, така што вкупниот број на заразени е 3.071.064 од почетокот на пандемијата. Во […]