Претставување на новиот кум и здравичар за Бадник


Фото: Б. Грданоски

Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2022.

Тоа, како што најавија од Здружението, ќе биде и можност за запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 30-тата средба на 6 јануари 2022 година на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.