Последни преговори за договорот од климатската конференција КОП26 во Глазгов


Во тек се последните преговори во Глазгов за да се постигне договор на Конференцијата на ОН за климата (КОП26), која се смета за клучна за можноста за постигнување на целите во борбата против климатските промени. По вчерашните долги и тешки преговори, британското претседателство со конференцијата најави дека рано утринава сака да достави нов нацрт на […]

Слика на Ван Гог продадена за речиси 36 милиони долари


САД – Слика на Винсент ван Гог (1853-1890), украдена од нацистите за време на окупацијата на Франција, е продадена во Кристис во Њујорк за 35,9 милиони долари, се наведува на веб-страницата на аукциската куќа. Сликата на Ван Гог „Meules de blé“ (Купишта пченица) од 1888 година е продадена за рекордни 36 милиони долари – речиси 6 […]

Објавен превод на „Како зрно песок“ од италијанскиот драмски автор и режисер Масимо Барила


Македонскиот центар ИТИ/Продукција објави превод на македонски на драмскиот текст „Како зрно песок“ на италијанскиот драмски автор и театарски режисер Масимо Барила. Преводот од италијански е на Кристина Пешева-Диновска и е поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија. Како што наведува издавачот, „Како зрно песок“ е трогателна драма напишана на сицилијански дијалект; според вистински […]

Приведени крадци, одземеното вратено на сопственикот


Полициски службеници вчера ги привеле Џ.Х.(27) од Скопје и Е.Ш.(47) од Косово, оомничени за кражба во продажен објект во Чаир, соопшти МВР. Одземените предмети биле пронајдени кај нив и биле вратени на сопственикот. За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети. По целосно документирање на случајот против […]

Џулијан Асанж се ожени во затвор


Џулијан Асанж доби дозвола да се ожени со својата долгогодишна партнерка Стела Морис во затворот Белмарш, јави Би-Би-Си. Основачот на Викиликс и Стела Морис имаат два сина за кои таа рече дека се зачнати додека живееле во амбасадата на Еквадор во Лондон. Затворската служба соопшти дека апликацијата на Асанж била „испитана на вообичаен начин од […]

Се одлучија за повторно затворање, сѐ сопира во 19 часот во Холандија


  Холандија е првата западноевропска земја која воведува делумно затоврање, поради пандемијата од корона вирус. рестриктивните мерки ќе стапат на сила претстојниот викенд, објави денеска холандскиот јавен сервис НОС. Кафулињата, рестораните и непрехранбените продавници ќе мора да затворат до 19 часот, најмалку во следните три недели, почнувајќи од утре, наведува НОС, цитирајќи владини извори. Од […]

Министерот Арјанит Хоџа за денеска најави оставка


Актуелниот министер за земјоделство Арјанит Хоџа, член на Беса, ќе се повлече од функцијата. Тој за денеска најави конференција за медиуми. Партијата Беса до локалните избори беше дел од владината коалиција, по што реши да се приклучи на новото собраниско мнозинство и да се потпише на иницијативата за гласање за доверба на Владата заедно со […]

Балтичките земји предупредуваат на можен воен конфликт на границата со Белорусија


 Балтичките земји-членки на Европската унија предупредија на можна воена ескалација на конфликтот поради мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европската унија од Белорусија. Министрите за одбрана на Балтикот предупредија дека „тесните грла на мигрантите, за кои ЕУ вели дека Минск намерно ги создава, се закануваат на голем дел од источното крило на блокот – па дури […]

Невакцинираните сами да си го плаќаат болничкото лекување во Швајцарија


Професорот по економија од Универзитетот во Лозана, Мариус Брилхарт, смета дека невакцинираните ковид-паициенти во иднина тереба сами да си ги плаќаат трошоците за лекување или да се осугураат. „Факт е дека невакцинираните имаат многу поголем ризик да стигнат до болница, а лекувањето е многу скапо“, објасни Брилхарт за швајцарскиот јавен сервис СРТ. Кој може да […]

Температури под нулата во Берово, Битола, Струмица и Демир Капија


Најниски температури утрово во земјава се измерени во Берово, минус четири степени, во Битола минус два и минус еден степен во Струмица и во Демир Капија. Како што соопшти УХМР, термометарот нула степени покажа во Скопје кај Петровец, Тетово, Штип, Прилеп, Крива Паланка,  еден степен во Куманово, Гевгелија, Дебар и Маврови Анови, два во Скопје […]

Во понеделник виртуелен состанок на Бајден и Си


САД– Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг се очекува во понеделник да одржат виртуелна средба на која ќе разговараат за трговијата, човековите права и воените активности. Како што пренесуваат странските агенции, Вашингтон и Пекинг ќе разговараат и за појавата на пандемијата на Ковид-19, но и за растечкиот нуклеарен арсенал на Кина. […]

Финишира процесот за целосна воена интеграција на  Македонија во НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин денеска во Министерството за одбрана, ќе одржат средба со новинари за целосното воено интегрирање на Северна Македонија во НАТО, процес кој ќе заврши со претстојното потпишување на Заедничката декларација за интеграција на Северна Македонија во Алијансата, следната недела. Процесот на воена […]

„Вакцинираната“ Шпанија го избегна моменталниот голем бран на коронавирусот


Шпанија – Со највисока стапка на вакцинација меѓу големите европски земји, Шпанија е поштедена од новиот бран на инфекција со коронавирус кој се прошири на поголем дел од континентот, но експертите предупредуваат дека земјата сè уште е подложна на вирусот. Шпанија, земјата која беше меѓу најтешко погодените на почетокот на пандемијата, во моментов има една од најниските стапки […]

Во Битола промовиран документарниот филм „Сеќавање“ на Роберт Јанкулоски


Документарниот филм „Сеќавање“ на уметникот и професор по фотографија Роберт Јанкулоски, синоќа беше промовиран во новото битолско кино „Манаки“. Станува збор за филмска проекција изработена од стаклени закопани плочи кои датираат од почетокот на 20 век, а се дел од наследството на браќата Манаки, сочувани фотографии од Македонскиот фронт. -Почестен сум што со мојот филм […]

Американски новинар осуден на 11 години затвор во Мјанмар


Мјанмар– Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, јави Би-Би-Си. Фенстер беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта. На почетокот на оваа недела, тој дополнително беше обвинет за поттикнување немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор. Сè […]

Отворање на изложбата „Скопска градска општина“ по повод 13 Ноември


Изложба „Скопска градска општина“ од авторката Јасмина Дамјановска, ќе биде отворена утре во Музејот на град Скопје по повод 13 Ноември – Ден на ослободување на градот Скопје. Изложбата, како што најавуваат организаторите, е замислена како водич низ меморијата што ја има собрано на едно место Државниот архив – Одделение Скопје за постоењето и за […]

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19


Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со Ковид-19 во државава. – Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицирани со Ковид-19 почнувајќи во периодот од пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот […]

Почнува вакцинацијата против сезонски грип


Вакцинација против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против Ковид-19. Набавени се 40 000 четириваленти вакцини, а граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација. – Ова […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од 12 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку денот со умерена облачност. Утринската […]

Џафери официјално стави крај на иницијативата за недоверба на владата


Претседателот на Парламентот Талат Џафери, кој си замина од Собранието за да не и прави кворум за уривање на владата на опозицијата, нешто по 23 часот се врати во парламентарната сала за да означи официјално крај на седницата на која требаше да се гласа за доверба на владата, но за која не се собраа доволно […]