За Арсовска галијата е завршена работа и ќе продолжи да се урива


  Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели дека отстранувањето на третата галија на Кеј 13 Ноември е завршена работа и дека нејзиниот претходник Петре Шилегов веќе има потпишано извршно решение.   „Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе […]

Јато фламинга на Охридското Езеро


Помало јато фламинга деновиве повторно е забележано во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум. Слични ситуации беа забележани и пред неколку години, кога фламинга беа фотографирани на Охридското Езеро. Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави […]

Народната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница


Проекциите на Народната банка за темпото за закрепнување на македонската економија и за инфлацијата се многу блиску до проекциите на меѓународните финансиски институции и Европската комисија, било истакнато на состанокот што Народната банка вчера го имала со претставници на меѓународните институции и дипломатскиот кор. Проекциите на Народната банка се економски раст за годинава од 3,9 […]

Во Камбоџа седум лица починаа од консумирање алкохол за дезинфекција


Министерството за здравство на Камбоџа денеска соопшти дека седум работници починале откако испиле алкохол наменет за дезинфекција, кој го помешале со вода и безалкохолни пијалаци. Работниците се вратиле од Тајван и биле ставени во карантин поради епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството. Се додава дека поради труење во болница се префрлени 12 работници. Пациентите се жалеле на главоболка, вртоглавица и отежнато дишење. Експертите зеле примероци од пијалакот и ги однеле […]

Познат идентитетот на мажот кој се удави во Вардар


По извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа, утврден е идентитетот на мажот кој вчера се удави во Вардар. Случајот беше пријавен вчераутро по што полицијата поведе потрага и го откри безживотното тело на  73-годишниот гостиварец во близина на мостот меѓу Старо Чајле и Форино. Според првичните сознанија на полицијата, очевидец по телефон пријавил дека маж скокнал од железничкиот мост […]

Нови земјотрси во Хрватска


Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека во петокот вечерта кај Глина регистрирала два умерени земјотреси. Првиот земјотрес е регистриран во 23 часот и 9 минути, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на 4 километри североисточно од Глина. Интензитетот во епицентарот бил од IV степен од ЕМС скалата. Вториот земјотрес со јачина од […]

Герасимовски: Хигиеничарите од Општина Центар со уреден работен однос во новото комунално претпријатие


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера оствари средба со сите хигиеничари односно ангажирани сезонски работници во Општина Центар, задолжени за одржување на јавната хигиена во општината. На средбата стана збор за потребата од поголема јавна хигиена со почести миења на улиците и собирање смет. Герасимовски исто така ги запозна хигиеничарите за новата дејност која […]

Еколошките здруженија од регионот ги повикуваат владите да ја намалат употребата на фосилни горива


Минатата недела повеќе од 40 земји ширум светот се обврзаа постепено да ја укинат употребата на јаглен како дел од клучните преговори за COP26. Од Западен Балкан, само Северна Македонија е на оваа листа, и покрај повеќекратните политички обврски преземени од сите регионални лидери за ограничување на емисиите. Она што е итно потребно е јасна […]

Стив Бенон обвинет за непочитување на Конгресот


САД- Поранешниот политички стратег на Трамп, Стив Бенон, е обвинет за непочитување на Конгресот, откако одбил да сведочи за бунтот во американскиот Капитол. Тој беше повикан да сведочи за она што го знаел за немирите, јави Би-Би-Си. Неговите адвокати тврдеа дека неговите комуникации, во кои е вмешан и поранешниот американски претседател, биле заштитени. Бенон сега може да се соочи со една […]

Бесими : Важно е буџетот да биде донесен во законски предвидениот рок


Од понеделник во Собранието треба да почне расправата за Предлог-буџетот за 2022 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА вели дека е важно тој да биде донесен во законски предвидениот рок, бидејќи со него се обезбедува непречено финансирање на функциите на државата, силна финансиска поддршка за економско заздравување и забрзан, инклузивен и […]

ЕУ мора да се подготви за уште повеќе мигранти кои се обидуваат да влезат


Полска – Европската унија мора да биде подготвена да се соочи со зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат во блокот, имајќи предвид дека пристигнувањето на многумина од Блискиот Исток преку Белорусија ќе продолжи уште долго време, изјави директорот на Фронтекс Фабрис Легери. Европската унија го обвинува Минск дека создава криза како дел од „хибриден напад“ врз ЕУ со […]

Хакиран профилот на „Твитер“ на Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека неговиот официјален Твитер профил бил цел на хакерски напад. „Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. Be известувам дека […]

Бритни Спирс по 14 години надзор и официјално е слободна


САД- Поп- ѕвездата Бритни Спирс (39) е официјално слободна. По речиси 14 години,  посебниот надзор од денеска и е прекинат. Судијката Бренда Пени го раскина правниот договор за време на сослушувањето вчера попладне, прифаќајќи го претходното барање на поп-ѕвездата тој да заврши без дополнителни ментални проценки. „Надзорот на лицето и имотот на Бритни Џин Спирс […]

Во ЕУ се влошува епидемиолошката состојба


Франција– Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека во Европската Унија продолжува да се влошува епидемиолошката состојба поради Ковид-19 и во десет земји е „многу загрижувачка“. Од 27-те членки на Унијата, Белгија, Полска, Холандија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија и Словенија се земји во кои ситуацијата е многу загрижувачка, соопшти ЕЦДЦ. Како што јави Хина, Хрватска […]

Завршува „ОФФест“ со настапите на Пијан Славеј и Блик Баси


Третата и последна вечер на „ОФФест“ ќе ja одбележат концертните настапи на Пијан Славеј (попознат како Бранислав Николов од Фолтин) и на камерунскиот гитарист, вокалист, композитор и протестен поет Блик Баси. Тие вечерва на сцената на Националната опера и балет, каде се одвива целокупната концертна програма на годинашниот ОФФест, ќе ги претстават своите актуелни проекти. […]

„За прв пат“ – изложба на Матео де Мајда во КИЦ – Скопје


Во Културно информативниот центар – Скопје од денеска до 20 ноември во организација на Амбасадата на Италија во Скопје ќе биде отворена изложбата „За прв пат“. Реализирана со поддршка на Музејот на современа фотографија од Милано (MUFOCO), магазинот Ундичи (Единаесет) и ФФМ, „За прв пат“ е репортажа која зборува за спортот и идентитетот и е […]

СЗО ги предупредува државите да не го одложуваат повторното воведување мерки против Ковид-19


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди земјите со зголемен број на заразени со коронавирус да не доцнат со заострување на мерките за заштита. – Колку побрзо се воведат мерките, толку потенцијално помалку ќе бидат потребни, изјави вчера во Женева експертот на СЗО Ковид-19, Марија ван Керхове. Таа го нагласи фактот дека делта варијантата на вирусот што […]

Португалија не дозволува шефовите да ги „вознемируваат“ работниците после работа


Португалија – Португалија им забрани на шефовите да испраќаат текстуални и електронски пораки до работниците надвор од работното време, како дел од новиот правен пакет популарно наречен „право на одмор“, јави Би-Би-Си. Одлуката е дел од законските измени донесени за балансирање на приватниот и професионалниот живот, особено во однос на фактот дека многу работници работат од дома. Компаниите […]

На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот


Животот на поранешниот авторитарен премиер во Северна Македонија, Никола Груевски последниве три години изгледаше вака: бегалец од правдата во својата татковина и барател на политички азил во Унгарија, заштитен од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Меѓутоа, со неодамнешниот избор на Петер Марки-Зај, конзервативен градоначалник на Вашархељ, за лидер на здружената опозиција во Унгарија, кој се смета […]

Ајфеловата кула светеше во чест на УНЕСКО


Франција– Париз и оддаде почит на организацијата на УНЕСКО со организирање светлосно шоу на Ајфеловата кула по повод 75-тиот роденден на агенцијата на ОН. Во знак на пријателство меѓу главниот град на Париз и оваа организација, каде што е нејзиното седиште од 1946 година, на кулата до логото на УНЕСКО се испишани зборовите „75 години“, како и стилизиран грчки храм со […]