Уште една тужба за Алек Болдвин


Глумецот Алек Болдвин, кој ненамерно уби снимателка при снимање филм, играл „руски рулет“ ракувајќи со оружје без да ги следи безбедносните правила утврдени во филмската индустрија. Ова се наведува во тужбата поднесена против него во Лос Анџелес. Мами Мичел, помошничка-режисерка на филмот „’Рѓа“ (Rust), на којшто беше убиена снимателката Халина Хачинс, е вториот член од […]

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија


Амазон соопшти дека ќе престане да прифаќа Visa кредитни картички издадени во Велика Британија поради спор околу таксите. Гигантот за онлајн трговија објави во соопштение дека кллиентите нема да може да ги користат британските кредитни картички кон американската компанија за да вршат плаќања од 19 јануари, обвинувајќи ги високите такси што ги наплаќа Visa за […]

Каратистот Павлов: Ме чека тешка борба за златото, но ќе дадам се од себе


Каратистот Емил Павлов во сабота во 15 часот по македонско време ќе се бори за злато на 65. Светско првенство во карате за сениори во категорија до 67 килограми, што се одржува во Дубаи. Ова е најголем успех во историјата на македонското карате и ќе биде вторпат наш каратист да освои медал на светски натпревар. […]

Големопродажните цени на гас во Велика Британија и во ЕУ се зголемија за 17 отсто


Големопродажните цени на гас во Велика Британија и во Европската унија се зголемија за 17 отсто, откако германскиот енергетски регулатор суспендираше издавање дозвола за гасоводот Северен поток-2 од Русија до Германија, јави Би-Би-Си. Беше нагласено дека компанијата што ќе управува со гасоводот мора да го почитува германското законодавство пред да може да се издаде дозвола […]

Светска банка: Годинава дознаките зголемени за 7,3 отсто


Дознаките испратени во државите со пониски и средни приходи се зголемија за 7,3 отсто оваа година на 589 милијарди долари, соопшти Светската банка, истакнувајќи дека овој тренд на раст е поголем од очекуваниот. Трендот на испраќање дознаки се покажал отпорен и покрај глобалната рецесија предизвикана од пандемијата Ковид-19, бидејќи, освен овогодинешниот значителен пораст, минатата година […]

Бајден ги прашува регулаторите зошто поскапеле горивата во САД


Американскиот претседател Џо Бајден ги повика американските регулатори да ги разјаснат причините за поскапувањето на горивата на национално ниво. Минатата недела Бајден ја идентификуваше борбата против инфлацијата како главен приоритет по падот на довербата на јавноста кон него. Статистиката покажува дека цените достигнаа 30-годишен пик во октомври. Во писмото до Федералната трговска комисија, Бајден ги […]

Со концертот „Филхармонија во срцето“ се одбележуваат годишнините од раѓањето на Дворжаж и Аренски


Во Филхармонија вечер ќе се одржи концертот насловен „Филхармонија во срцето“, при што ќе настапи Камерниот оркестар на Филхармонија со солистите  Елена Дојчинова – флејта и Владимир Лазаревски – обоа. Диригент ќе биде Дијана Имери Илкоска. Од Филхармонијата соопштија дека со овој концерт се вклучуваат во чествувањето на два значајни јубилеи – 180 години од раѓањето […]

Во САД за една година починале над 100.000 луѓе од предозираност со дрога


Во САД минатата година регистрирани се над 100.000 смртни случаи од предозираност со дрога, што е рекорден број смртни случаи за една година, соопштија американските здравствени власти. Бројката од 100.000 е надмината за време на пандемијата со Ковид-19. Во периодот од април 2020 година и истиот месец оваа година, во САД починале 100.306 лица поради […]

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради посетата на Дуда


Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради официјалната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. – Апелираме до сите граѓани-учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите  кои  ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и […]

РСБСП организира акција за засадување дрвца во знак на сеќавање на загинатите во сообраќајни несреќи


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска во „Рајскиот Парк“ Лисиче во Аеродром ќе организира акција за засадување дрвца за оддавање почит и сеќавање на лицата кои ги изгубија животите во сообраќајни несреќи на патиштата низ земјава. Во рамки на акцијата, која ќе ја реализира раководството и советниците на РСБСП, ќе бидат […]

Во САД 80 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против Ковид-19


Осумдесет проценти од Американците на возраст од 12 и повеќе години примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, потврди денеска координаторот на Белата куќа за ковид-19, Џеф Зајентс. Зајентс додаде дека 2,6 милиони деца на возраст од 5 до 11 години ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19. Американската Администрација за храна и […]

Десетто издание на Самитот на организацијата Македонија2025 на тема дигитализација


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го отвори десеттото јубилејно издание на Самитот на организацијата Македонија2025, кој ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје, најавија организаторите на собирот. Централна тема на годинешниот Самит ќе биде дигитализацијата, а на него ќе се обратат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно […]

Европа соборува црни рекорди во инфекции на коронавирусот, Фаучи предупредува на „двоен удар“ во САД


Европа од минатата недела е лидер во светот според бројот на инфицирани и смртни случаи од Ковид-19, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО), откако бројот на смртни случаи се зголеми за пет отсто и со тоа Стариот континент стана единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19. СЗО ја информира јавноста дека […]

Почнува 46. издание на Младиот отворен театар


Со претставата „Како крајот и да не е сосема блиску“ вечерва почнува 46-тото издание на Младиот отворен театар (МОТ). Станува збор за екпериментална претстава на Битеф театарот инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност, а ќе се прикажува во просториите на МНТ. Како што најавија од тимот на МКЦ, […]

Умерено до значително облачно со утринска магла по котлините и дожд во западните делови


Времето ќе биде умерено до значително облачно, со појава на магла и значителна ниска облачност по котлините претпладне и со услови за слаб дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој во ноќните часови кон петок ќе почне да се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 […]

Помош за градови во Канада што се отсечени поради поплавите


Хеликоптери доставуваат храна до луѓе во градовите отсечени поради големите поплави и лизгање на земјиштето во канадската провинција Британска Колумбија додека некои региони се подготвуваат за повеќе врнежи во следните неколку дена. Одрони уништија патишта и мостови и го прекинаа пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, нарушувајќи ги глобалните синџири на снабдување кои […]

Пресретнат дрон во обид да изврши напад врз аеродром во Саудиска Арабија


Коалицијата што се бори во Јемен против бунтовниците Хути потврди дека пресретнала и уништила дрон што се обидел да нападне врз меѓународниот аеродром Абха во Саудиска Арабија. Според соопштението, коалицијата предводена од Саудиска Арабија презема „оперативни мерки за справување со изворите на непријателски прекугранични напади“, јавија саудиски медиуми. Јемен е вовлечен во граѓанска војна од […]

Битиќи: Преговорите за зголемување на мнозинството продолжуваат


СДСМ во моментов има мнозинство заедно со сите прогресивни сили, а новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше порано. Ќе има стабилно парламентарно мнозинство, без оглед дали се тоа 64, 65 или 67 пратеници, кое понатаму ќе успее да владее до крајот на мандатот и конечно во нашата земја да имаме […]

Колку има вселенски отпад? Инцидент на 500 милји над Србија создал над 2.000 парчиња


Руски анти-сателитски тест создаде 1.500 парчиња ѓубре кој го загрози екипажот во Меѓународната вселенска станица   Детонацијата на руската антисателитска ракета создаде над 1.500 парчиња вселенски отпад што може да се следат и уште илјадници помали парчиња отпад. Американските власти го осудија тестот, за кој се верува дека вклучувал уништување на неупотребен руски сателит. Експертите […]

Продажбите на стоки за широка потрошувачка во САД зголемени повеќе од двојно


Продажбите на стоки за широка потрошувачка во октомври се зголемиле повеќе од двојно, јавија од Министерството за трговија на САД, а тоа укажува дека американските потрошувачи не ги засега растот на цените и инфлацијата во престоечката сезона на празници. Растот на продажбите во октомври изнесувал 1,7 отсто, повеќе од двојно од септемврискиот резултат кој изнесувал […]