Германски експерт: Омикрон можеби се развил кај пациент со ХИВ


Изненадувачки големиот број мутации во новиот вид на корона вирусот омикрон можел да се случи кај еден пациент кој боледувал од имунодефициенција, на пример ХИВ, тврди генералниот секретар на Германското имунолошко друштво, Карстен Вацл. Вацл вели дека тоа е замисливо и веројатно, бидејќи веќе има истражувања за други случаи кои го докажуваат тоа. Многу пациенти […]

Пластичните бариери нема да Ве заштитат од Ковид-19


Интуицијата ни кажува дека пластичен штит помеѓу двајца луѓе би требало да штити од бактерии, како и од Ковид-19. Но, научниците кои ги проучуваат аеросолите, движењето на воздухот и вентилацијата велат дека таквите бариери само даваат лажно чувство на сигурност. А, понекогаш тие можат да ги влошат работите. Истражувањата покажуваат дека во некои случаи, бариерите […]

СЗО: Сојот Омикрон е „многу висок“ глобален ризик


Австрија – Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот сој на коронавирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик. Во документот објавен денеска СЗО нагласува дека научниците сè уште многу малку знаат како сојот Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата. – Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното […]

Во Хрватска повторно висок број починати со Ковид-19


Во последните 24 часа забележани се 1.031 нови случаи со зараза од корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 29.891. Од нив 2.598 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 308 пациенти. Починаа уште 67 пациенти. Од февруари кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска забележани се […]

На патот Скопје – Гевгелија во автомобил пронајдени три мигранти од Куба


Полициски службеници при контрола на патничко возило „мерцедес“ на автопатот А-1, на местото „Клучка Прдејци“ пронајдени се три мигранти од Куба, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 11:50 часот на автопатот А-1, на место викано „Клучка Прдејци“, во правец Скопје–Гевгелија, од патролен тим од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и […]

Анализа на „Пари“: Македонија во канџите на енергетската зависност


Порталот Пари изработи анализа за енергетската зависност на нашата земја, која покажува дека во изминатите дваесетина години домашното производство на електрична енергија постојано опаѓа, а се зголемува зависноста до увоз. Во однос на сите енергенти измерената енергетска зависност на државата во 2000-та година била 39,9 отсто, во 2010 година изнесувала 44,1 отсто, а во 2020 […]

Магијата на Шопен во Филхармонија


В четврток, во 20 часот, во големата сала на Филхармонија, концертен рецитал ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од еден од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен. Кристијан Каровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз […]

Бурим Сејдини е нов претседател на Управниот суд


На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. На конечната листа за избор имаше петмина кандидати за оваа функција. Сејдини беше претседател на Управен суд во период од 2017-та до 2021 година. При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите кои ги има постигнато. На […]

„Жизел“ пак на репертоарот на НОБ- голем интерес за врвниот класичен балет


В сабота (4 декември) во 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“, премиерно одржанa на 30 октомври 2021. Од неговата праизведба во Париз 1841 па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување. Магичната и безвременска […]

Стратегијата за паметна специјализација ќе помогне во создавањето на економска трансформација врз основа на знаења, наука и иновации


Со координативен состанок на претставниците од повеќе министерства, научни установи, институции и организации денеска започна работата на групите кои ќе работат на создавање на Стратегијата за паметна специјализација, која е во насока на развој на економијата, иновациите и евроитеграците на Република Северна Македонија. Министерката за образование и наука Мила Царовска која на членовите на работните […]

Почнува исплатата на помош за новороденчиња во Аеродром


Неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром. Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по осум илјади денари парична помош за новороденче. – Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел […]

„Северен пол“ и „Мобил фестивал“ дел од декемвриската програма во Кинотека


Ноемвриската програма на арт-киното на Кинотеката завршува со „Тајните архиви на Скопје: Човек – Лав Стори“, третиот краток филм за „Старо Скопје” на Катерина Габунија и Александар Трајковски, а декемвриската програма ќе започне со „Мобил фестивал“. „Тајните архиви на Скопје: Човек – Лав Стори“ е во продукција на „Вардар филм“, а во проектот учествуваа граѓаните со нивните снимки […]

Модниот свет во шок : Вирџил Абло ги надмина „Шанел“ и „Гучи“


Франција– Веста дека Вирџил Абло (41) , уметнички директор во „Луј Витон“ задолжен за машките колекции, почина од рак-го шокира модниот свет. Кој е Вирџил Абло? По само шест години од лансирањето на сопствениот бренд, неговите дизајнерски парчиња станаа најпопуларни и ги надминаа модните куќи како „Шанел“, „Гучи“ и „Баленсијага“. Кога во 2012 година го […]

На 41 година од рак: Почина Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Луј Витон“


Франција– Вирџил Абло, уметничкиот директор одговорен за машките колекции на модната куќа „Луј Витон“, почина на 41-годишна возраст. Веста за неговата смрт на Твитер ја објави компанијата сопственик на брендот – „ЛМВХ“. – Сите сме шокирани од оваа страшна вест. Вирџил не само што беше брилијантен дизајнер и визионер, тој беше човек со прекрасна душа и […]

Балканско-европска турнеја на „Работи за кои не зборуваме“


Македонскиот народен театар (МНТ) и „Wonderland Theatre“ со претставата „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, од утре до 27 декември ќе одржат балканско-европска турнеја. Првото гостување е во Центарот за културна деконтаминација, во Белград во Србија.   По изведбата во Белград „Работи за кои не зборуваме“ ќе гостува во Народниот театар, […]

Голем број германски компании планираат зголемување на цените


Голем број компании во Германија, поголеми од кога било досега, планираат да ги зголемат цените во следните три месеци, покажуваат резултатите од истражувањето на минхенскиот институт ИФО. Индексот на очекуваните цени, пресметан од ИФО, во ноември се искачи на 45 поени од октомвриското ниво од 41 поен, што е негово највисоко ниво од почетокот на […]

Во дворот на баба му криел марихуана за продажба


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден велешанец за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и побара велешкиот суд да му определи мерка притвор поради основано сомневање за можност за повторување на делото и влијание врз сведоците. -Осомничениот, во дворот од […]

Во Србија повеќе од 93 отсто од вредноста на субвенциите добиле странски инвеститори


Директните инвестиции во Србија се субвенционираат повеќе од 15 години, а во тој период на странски инвеститори им биле одобрени повеќе од 93 отсто од средствата, пишува месечниот „Бизнис и финансии“, јави Бета. Само 2,1 отсто од поддржаните инвестиции се во областа на високите технологии, а во последните пет години речиси 80 отсто од вкупните […]

Обожувател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик


Голем обожувател на славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој пред 10 години на своите ќерки-близначки им ги дал имињата Мара и Дона, сега има и син. Тој го добил името Диего. Валтер Ротундо (39) изјави дека неговата сопруга закажала царски рез на првата годишнина од смртта на фудбалскиот гигант, за да се породи. – […]

Украина втор противник на македонските кошаркари во мундијалските квалификации


Македонската кошаркарска репрезентација го одржа единствениот тренинг во „Палатата на спортовите“ во Киев каде вечерва од 18 часот го игра вториот натпревар во рамки на групата Г за пласман на Светското првенство во 2023 година. Двете селекции го дочекуваат вечерашниот дуел со стартни порази во квалификациите, откако избраниците на Драган Бајиќ загубија во петокот во Скопје од […]