Доверливиот гласачки материјал тежи 60 тони – денеска ќе се дистрибуира


Државната изборна комисија (ДИК), утрово од Битола почна со преземање и дистрибуција на избирачкиот материјал за претстојните Локални избори што ќе се одржат в недела. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски изјави дека станува збор за доверлив материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список. – Сѐ е подготвено и денес ќе […]

И Арсовска вети гимназија во Аеродром


Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, подджана од опозицијата, синоќа ги посети граѓаните на Општина Аеродром и населбите Старо и Ново Лисиче кои спаѓаат под оваа општина. Арсовскарече дека нема да има веќе заборавени места како што се овие две, а Скопје ќе се развива во град на сите граѓани и град […]

Еди Јаку, „најсреќниот човек на светот“, почина во Сиднеј на 101 година


Австралија – Еди Јаку, кој го преживеал холокаустот, го мина остатокот од својот живот застапувајќи се за љубезноста, доблеста и толеранцијата, почина на 101-годишна возраст во Сиднеј. Приказната за самопрогласениот „најсреќен човек на Земјата“ останува култна, како едно од најпродаваните видеа од Австралија. Во него, тој раскажува приказни од неговиот живот како доброволец во Еврејскиот музеј […]

Бурата Компасу зеде 30 жртви на Филипини, а уште 13 лица се водат за исчезнати


Триесет лица загинаа во свлечишта и поплави предизвикани од бурата Компасу на Филипини, соопшти денеска националната Агенција за катастрофи, додавајќи дека уште 13 лица се водат како исчезнати, јави ДПА. Северната провинција Илокос Сур соопшти за најголем број жртви – 14, од кои повеќето се удавиле во поплавите. Во истата провинција три лица се водат […]

Путин ги отфрли тврдењата на европските експерти дека Русија предизвикува скок на цената на енергенсите


Русија – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Кремљ има „конструктивни“ односи со Вашингтон и изрази надеж дека заедничките интереси на крајот ќе помогнат за нормализирање на американско-руските односи. Тој ги отфрла тврдењата на европските експерти дека Русија предизвикува скок на цените на енергијата. На меѓународниот енергетски форум во Москва, Путин кажа дека Русија е подготвена […]

Рекорден број смртни случаи од предозирање со дрога во САД


САД– Смртноста од предозирање со дрога во Соединетите Американски Држави се зголемила за 29,6 проценти од март 2020 година до истиот месец оваа година, покажува извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Во извештајот се наведува дека 96.777 луѓе починале за 12 месеци како последица од предозирање со дрога, што е нов […]

Расправа во Бундестагот за распоредот на седење


Германија– Во Бундестагот, како неочекуван дел од преговорите за новата влада во Германија, беше распоредот за седење, се расправаше за барањето на Либералите (ФДП) да не седат со пратениците на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), туку со пратениците на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), објави Дојче Веле. – Тоа не беше убаво искуство, рече либералниот пратеник Франк […]

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан коронавирус


Словенија– Докторка од Помурје во Словенија издавала потврди за коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија. Како што пренесуваат словенечките медиуми, обвинетата докторка изјави дека ги издавала сертификатите врз основа на наодите што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека […]

За петкратното убиство во Норвешка е осомничен 37-годишен Данец


Норвешка– Дански државјанин (37) е осомничен за убиството на петте лица во вчерашниот напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг, соопшти денеска  норвешката полиција. Во нападот, што се случи вчеравечер, беа повредени уште две лица, меѓу кои и полицаец кој не бил на должност. Осомничениот со лак и стрела нападна на неколку локации […]

Од коронавирус животот го загубиле 0,3 отсто од населението на Црна Гора


Црна Гора– Бројот на жртви од коронавирус во Црна Гора надмина вчера 2.000 луѓе, со што вкупно од почетокот на пандемијата во пролетта 2020 година, земјата загуби 0,3 проценти од своето население. Во изминатите 24 часа во Црна Гора, пет лица починаа како последица од инфекција со коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи […]

„Јунајтед Ерлајнс“ отпушти 232 вработени кои не сакале да се вакцинираат


САД–  Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19. „Јунајтед Ерлајнс“ е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените. Првиот човек на компанијата, Стив Кирби, јави дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат. „Јунајтед Ерлајнс“ во моментов е […]

Рашков: Бугарија ќе го заврши граничниот премин Салаш-Ново Корито кон Србија


Бугарија– Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, испрати писмо до својата колешка министерката за регионален развој и јавни работи Виолета Комитова, во кое предлага да се обнови изградбата на новиот граничен премин кон Србија, соопшти прес -центарот на бугарското МВР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, станува збор за продолжување […]

Скопје домаќин на Самитот на „Економист“ за Западен Балкан


Вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист“. На самитот ќе се дискутира за тоа како да се зајакне стабилноста и соработката во регионот, како да се забрза пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, како и тоа кои се приоритетите на […]

Пендаровски во Малме на средба со шведскиот премиер Лофвен


Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој престојува во работна посета на Кралството Шведска, денеска во Малме, ќе оствари средба со шведскиот премиер Стефан Лофвен, додека во Гетеборг ќе се сретне со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска. Како што е најавено, утре во Стокхолм, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на Парламентот на Шведска […]

Прв состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство


Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, денеска во Скопје ќе го одржи првиот инаугуративен состанок на кој од страна на Северна Македонија ќе ко-претседава министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додека од име на Обединетото Кралство ќе ко-претседава министерката, Венди Мортон која од вчера е во посета на земјава. […]

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Варвициотис во Скопје


Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, денеска и утре, ќе престојува во работната посета на земјава на покана на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, Варвициотис ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и […]

Свечен час – средба на генерации по повод 75 години од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици


Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазиции на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска со свечен час – средба на генерации ќе одбележи 75 години од основањето.   По повод годишнината ќе се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, а поздравни обраќања ќе имаат и проф. д-р Искра Пановска-Димковa, […]

Регулаторните тела за ревизија на Македонија и Грција пред потпишување Договор за партнерство и соработка


Грција –  Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Северна Македонија Ване Цветанов и заменик -претседателот на Националниот одбор за надзор на сметководствените и ревизорски стандарди на Грција и претседател на Комитетот за контрола на квалитетот Панајотис Јанопулос на состанок во Атина ги договараа деталите околу Договорот за соработка и партнерство на регулаторните […]

Промоција на „222 антиупатства за лична употреба“ од Александар Прокопиев во Битола


Во културниот центар и кафе-книжарница „Везилка“ во Битола денеска од 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)“ од Александар Прокопиев. Книгата претставува заокружување на 40 годишното творештво на проникливата хибридна книжевна форма по која авторот е препознатлив, а која содржи кратки прози, поезија и есеи.   Александар Прокопиев […]