Манабе, Хаселман и Паризи добитници на Нобеловата награда за физика


Оваа година добитници на Нобеловата награда за физика се Сјукуро Манабе, Клаус Хаселман и Џорџо Паризи „за револуционерниот придонес на нашето разбирање на сложените физички системи“, соопшти денеска Шведската кралска академија во Стокхолм. Манабе и Хаселман се наградени за физикото моделирање на варијабилноста на Земјината клима и фактичко предвидување на глобалното загревање, а Паризи за […]

Заев реагира: Милошоски ја злоупотребува постапката за изборот на амбасадори


 Злоупотребата на постапката за изборот и акредитирањето на амбасадорите од страна на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Парламентот навистина претставува крупен проблем за државата, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата. Заев, посочи дека има одлуки за сите испразнети амбасадорски места, но дека проблемот е во […]

Свештениците во Франција сексуално злоупотребувале околу 330.000 деца


Околу 216.000 деца се жртви на злоупотреба од страна на членовите на католичкото свештенство во Франција од 1950 година, изјави Жан-Марк Сове, шефот на истражувачкиот оддел за злоупотреби составен од членови на Француската католичка црква. Тој рече дека бројот може да се искачи на 330.000, кога ќе се вклучат и злоупотреби од членови на Црквата. […]

Бред Пит и Џорџ Клуни во нов трилер на „Епл“


САД- Бред Пит и Џорџ Клуни се обединуваат по трилогијата на „ Ocean“ и „ Burn After Reading “ за нов трилер од режисерот на трилогијата „ Спајдермен“, Џон Вотс.  Deadline известува дека трилерот, кој нема уште наслов и неговата приказна се крие, бил во центарот на војната помеѓу филмските студија. „Епл“ победи во војната […]

Кривична пријава против прилепчанец поради закани кон кандидат за градоначалник


СВР Битола – Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, осомничен дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“, по член 144, став 4 од Кривичниот законик. – На 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 […]

Франција ставила уште една кочница за проширувањето на ЕУ?


Компромис во декларацијата на самитот ЕУ-Западен Балкан е постигнат, но Париз смета дека проширување не може да има додека самата Унија не се реформира   Горчлива борба и компромис на земјите од ЕУ  во врска со надежите за членство во ЕУ на шесте земји од Западен Балкан, јави германската агенција ДПА од Крањ, пред самитот […]

Заев: Цената на струјата е стабилна, даден е налог за вклучување на третиот блок на РЕК Битола


Граѓаните не треба да стравуваат дека цената на струјата ќе се зголеми бидејќи се преземени сите чекори за стабилна цена, а за компаниите и за институциите веќе е даден налог за вклучување на третиот блок на РЕК Битола, порача денеска премиерот Зоран Заев по најавите дека е можна енергетска криза во регионот. На прес-конференцијата во […]

Сакеларопулу – Пендаровски: Договорот од Преспа е клучен во односите меѓу Северна Македонија и Грција


 Договорот од Преспа, неговата целосна и доследна имплементација, можностите за продлабочување на билатералната соработка беа темите на кои се осврнаа претседателите на Северна Македонија и на Грција Стево Пенадровски и Катерина Сакеларопулу вопретседателската палата во Атина. Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на официјалната посета со оглед на тоа дека станува збор за прва на највисоко […]

Заев утре ќе одлучи за оставките по пожарот во болницата во Тетово


Премиерот Зоран Заев најави дека во текот на денот или најдоцна утре ќе даде свој коментар за објавениот извештај од вештачењето за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово. – Навистина првпат слушам дека извештајот е објавен, веројатно веќе сме биле на прес-конфернција кога тоа е објавено. Дозволете да го прочитам извештајот, да го видам […]

Во Хрватска нови 1.074 случаи со Ковид-19, починаа 19 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 1.074 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 7.913. Меѓу нив, 823 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор има 107 пациенти. Истовремено починаа 10 пациенти од последиците на ковид-19. Во последните 24 часа тестирани се 9.320 луѓе.

Пијанистот Дино Имери и квартетот „Такси Конзилиум“ на фестивалот „Крај Вардарот џез“


Утревечер, во рамките на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“ во 20 часот, во кино Фросина, МКЦ ќе настапат квартетот „Такси Конзилиум“, а веднаш по нив, Дино Имери, еден од најдобрите надоаѓачки композитори и пијанисти за современа класична музика кај нас, кој ќе настапи соло на пијано. „Такси Конзилиум“ е квартет […]

ЗАРА лансира модна линија за кучиња


Зара Македонија почна со продажба на облека и опрема за кучиња. Иако овие модни парчиња не можат да се видат во продавницата во Скопје, можат да се нарачаат онлајн. Според понудата, можат да се купат јакнички, мантили во повеќе бои, каишчиња, џемперчиња , па и торбички за миленичиња. 

Барби-астронаутка испратена во Вселената


Франција – Барбика со ликот на италијанската астронаутка Саманта Кристофорети, беше лансирана на бестежински лет. Целта е да ги инспирира девојчињата и младите жени за кариера со истражувањето на Вселената и за науката воопшто.  Куклата е испратена по повод одбележувањето на Неделата на прошетка во Вселената од 4. до 10 октомври, годинава посветена на жените во […]

Од утре облачно, постудено и со обилни врнежи


Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, а од четврток со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м 2 за 24 часа. Врнежите, како што соопшти УХМР, ќе бидат проследени со повремено засилен […]

Од Роберт Ивановски до Евгенија Зафировска: Кои се македонските дизајнери кои ја подигаат свеста за одговорна мода? (фото+видео)


Одржливата мода, зелените иновации и совесната потрошувачка, проникнаа како главни клучеви денес – за одговорна иднина утре. „Што би било она што би можеле да го направите во моментов, придонесувајќи кон одговорна мода?“  е прашање што секојдневно ги поставуваме како потрошувачи, како дизајнери, како модна и бизнис заедница, а повторно актуелизирано на 24. Моден викенд […]

Единаесет руски тур-оператори ќе лансираат програми за зимски туризам во Македонија


По најавата за два нови директни летови на руската авионска компанија „Нордвинд“ со кои се поврзаа Москва и Санкт Петербург со Скопје, 11 руски тур-оператори заедно со претставникот на „Нордвинд“ пристигнаа во посета на државава. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), руските тур-оператори се од целата територија на Руската Федерација […]

МАПАС: Вкупните средства во вториот и третиот пензиски столб со раст од 15 отсто во 2020 година


Вкупните средства на задолжителните и доброволните пензиски фондови во 2020 година достигнаа 89,5 милијарди денари, односно скоро 13,5 отсто  од бруто-домашниот производ за 2020 година, соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС посочувајќи дека пензиските фондови за релативно кратко време ја вратиле и надминале намалената вредност на средствата и постигнале […]

Вархеи не е чесен посредник за кревање на бугарската блокада на Македонија, пишува „Политико“


Во обемен текст за работата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, ден пред почетокот на самитот на ЕУ и Западен Балкан, бриселски „Политико“ пишува дека Унгарецот фаворизира само една земја од кандидатите – Србија, и  покрај тоа што таа бележи големо назадување во демократските реформи и владеењето на правото. „Политико“ вели дека досието на Македонија […]

Капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“ оди во Вселената


Вилијам Шетнер, кој го глумеше капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“, ќе полета во Вселената. „Блу ориџин“, компанијата на американскиот милијардер Џеф Безос, потврди дека актерот ќе биде меѓу вселенските патници на летот закажан за 12 октомври. Вселенскиот брод ќе полета од Тексас. Вилијам Шетнер има 90 години и со ова ќе стане највозрасниот човек […]