Пациентот со трансплантирано срце пред два дена закрепнува по операцијата


 Пациентот кому завчера му беше пресадено срце се чувствува добро и закрепнува по успешно изведената трансплантација. – Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики, објави министерот за […]

Непроменети правилата за влез во Грција


Задолжителен документ за Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при влезот во земјата, за оние кои патуваат со негативен тест, и понатаму се предусловите за патување во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи […]

Си-Ен-Ен: Стотици милијарди потрошени од САД во Авганистан, 10 примери за „измами и злоупотреби“


Авиони од половина милијарда долари кои летаа околу една година. Огромен хотел за 85 милиони долари, кој никогаш не беше отворен и е во мизерна состојба. Маскирни униформи за авганистанската армија, чија модерна шема би чинела дополнителни 28 милиони долари. Здравствена установа наведена дека се наоѓа во Средоземното Море… Тоа е дел од жалбите за […]

Концерт „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ во кабинетот на Претседателот


По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија вечер, во Скопје, ќе се одржи концерт на кој ќе настапат солисти, квартет и фолклорен квинтет, сочинети од ученици од музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригентската палка на Весна […]

„ТАБ МАК“ Пробиштип со нов инвестициски циклус од 30 милиони евра


Новиот инвестициски циклус на „ТАБ МАК“ од Пробиштип, во вредност од 30 милиони евра, што подразбира зголемување на капацитетите во производство на стартер батерии, беше во фокусот на разговорот на средбата на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов со раководството на словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори. Како што информираат од […]

Владата ќе одржи тематска седница за иницијативи и активности на земјите од Западен Балкан


Владата денеска преку видео конференциска врска ќе ја одржи 110-тата тематска седница, на која ќе бидат разгледани информациите за извршени преговори за усогласување на заедничката Изјава за слободен проток на податоци во регионот на Западен Балкан и на заедничката Изјава за интероперабилен Западен Балкан. Како што информираат од владината прес-служба, двете информации се операционализирање и […]

Со БРТ системот Скопје добива еколошки јавен превоз


Воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје претставува огромен исчекор во унапредување на јавниот превоз на патници во градот. Системот за брз автобуски превоз е нов тип на јавен градски превоз, со физички издвоена траса за автобусите, со станици од затворен тип, со приоритет на сигнализираните раскрсници, паметни билети, АВЛ и информации […]

Концерт на флејтистката Билјана Камчева на композиции од Ана Пандевска


Во Музејот на македонската борба вечерва ќе се одржи електроакустичен концерт со премиерна изведба на музика од композиторката Ана Пандевска. На концертот ќе настапи флејтистката и вокал Билјана Камчева. Музиката е создадена во текот на 2021 година и содржи четири композиции со наслови „Perseid meteor rain“, „Dystopian illusion“, „Seeking Peace“ и „Butterfly Effect“. Концертот е […]

(Видео) Во Кисела Вода исекоа дрво за да се гледа билбордот од кампањата на Филип Темелковски


„Сечеле дрвја за да се гледал билбордот, абе вие не сте нормални“, пишува твитерџијата Зоки Поки, кој снимил и видео и го сподели на социјалните мрежи. Ова се случува на територијата на Општина Кисела Вода, а расчистувањето на дрвјата се прави за да се гледа билбордот од кампањата на актуелниот градоначалник од СДСМ, Филип Темелковски, […]

Турција купува од САД 40 авиони Ф-16


Турција испрати барање до САД за купување 40 воени авиони Ф-16, јави турската приватна телевизија НТВ. Во писмото, испратено на 30 септември, се бара и модернизација на 80 авиони Ф-16 од авијацијата на турските вооружени сили. Барањето на Турција ќе го разгледа Пентагон. Доколку биде одобрено, ќе биде префрлено на Конгресот на САД за конечно […]

Во Чешка денеска и утре се одржуваат парламентарни избори


Чесите денеска и утре избираат нов парламент и според анкетите, можно е центристичката партија на актуелниот премиер Андреј Бабиш „Акција на незадоволни граѓани“ (АНО) да излезе на прво место со околу 25 проценти од гласовите. Меѓутоа, ова нема да и биде доволно за да има мнозинство во Парламентот и да управува самостојно. Досега, Бабиш беше […]

Колку е оправдан стравот од инфлација – преработувачите предупредуваат, власта најавува интервенции


Инфлацијата во септември годинава се искачи на 3,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според најновите податоци, трошоците трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти, што е најголем раст годинава. Сепак, доза на оптимизам влева податокот дека […]

Хавански синдром: Кога шпионските филмови ќе станат стварност


Додека низ светот со нетрпение се чека ново продолжение на сагата за познатиот таен агент 007, во реалноста, агентите и дипломатите ширум светот се разболуваат на непознат начин – и засега нема сигурен лек. Во книгите на англискиот писател Јан Флеминг, а подоцна и во исклучително популарните филмови за агентот 007, агентот Џејмс Бонд се […]

Бизнисот очекува наместо популизам, општините да се зафатат со реалните проблеми


И најдобрите владини програми не можат да се реализираат со постоечкиот модел на локална самоуправа, особено со слабиот капацитет на некои градоначалници.  Крајно време е општините да престанат да сервираат популизам, и наместо со дневни проблеми, да се зафатат со долгорочно решавање на клучните прашања, порачува бизнис секторот. Стопанствениците во разговор за МИА се децидни […]

Отворање на изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски


Во Чифте амам вечерва ќе биде отворена изложбата „Subscript“ на  уметникот Горан Деспотовски од Нови САД. Изложбата има ретроспективен карактер и се протега низ корпусот на неколку негови дела, главно во медиумот на инсталацијата. Во најголем дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ја претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го […]

Нобелова награда за мир: Фаворити – активисти за слобода на медиумите, белоруските опозиционери и Грета Тунберг


Активисти за слободата на медиумите, белоруските опозиционери или активистите за климатските промени, како Грета Тунберг? Денеска, очите на светската јавност ќе бидат вперени кон Осло, каде што ќе се објави името на новиот добитник на Нобеловата награда за мир. Доделувањето на оваа престижна награда е кулминација на сезоната на Нобелови награди и, како и секогаш, […]

Кампањата за локалните избори влегува во последната недела – што ветуваат партиите и нивните кандидати


Изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ денеска е меѓу граѓаните на Чешиново-Облешево, Зрновци, Кочани и Арачиново, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод, Сопиште, Аеродром и Гази Баба. ДУИ ќе ги продолжи изборните активности во Дебар, а „Левица“ во Богданци и Гевгелија. Изборните […]

Бајден: Невакцинираните Американци се закана за економијата


Невакцинираните Американци се закана за економијата, изјави американскиот претседател Џо Бајден, нагласувајќи дека не постои друг начин за борба против пандемијата освен вакцинацијата. – Факт е дека ова е пандемија на невакцинираните. Тие ги преплавија нашите болници, одделенија за итни случаи и единици за интензивна нега. Невакцинираните пациенти не оставаат простор за оние кои имале […]

Активни 10.785 случаи на КОВИД-19, вакцинирани 47 отсто од полнолетните граѓани


Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е 10.785 лица, додека опфатот на вакцинација со една доза, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто […]

Американска нуклеарна подморница се судрила со објект за време на пловидба во Јужното Кинеско Море


Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролираше во Јужното Кинеско Море, област каде Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица. „Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион“, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица. Подморницата за брз напад, од класата Сиволф […]