Курти условува за „Отворен Балкан“


Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема да биде дел од „Отворен Балкан“сè додека Србија не го признае Косово, јави дописничката на МИА од Тирана. Тој додаде дека не може да биде на иста маса и да носи заеднички одлуки со држава која ги негира злосторствата извршени врз албанскиот народ. Курти истакна дека сите […]

Интерпол: За време на ЕУРО 2020 уапсени 1.400 лица и запленети 6,7 милиони евра


Во глобална операција на Интерпол насочена против илегални обложувања и перење пари за време на одржувањето на ЕУРО 2020 лишени од слобода се 1.400 луѓе и запленети 6,7 милиони евра, соопшти денеска европската криминалистичка полиција со седиште во Лион. Операцијата под кодно име SOGA (од soccer gambling – спортско обложување) била спроведена во Австрија, Белгија, […]

„Макфест“ со две фестивалски вечери и на отворено во Штип


Фестивалот на забавна музика „Макфест“ втора година по ред ќе биде на отворено, локацијата е Аква бела ресорт или поранешниот Градски базен во Штип, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Забележа дека одлуката е донесена поради протоколите за организирање на вакви настани. Смета дека годинава фестивалот ќе го има сјајот од […]

Блинкен за повлекувањето од Авганистан: Наследивме договор кој остави малку простор за маневри


Државниот секретар Ентони Блинкен, на сослушувањето по повод повлекувањето на американската војска од Авганистан што вчера и денеска се одржува во Конгресот, изјави дека тековната Администрација од претходниците наследила договор со талибанците кој оставал малку простор за маневри.  Синоќешното сослушување пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом траеше пет часа. Денешното пред сличниот по […]

Ќе се дигитализира секторот туризам


На денешната седница 106. седница Владата усвои Информација за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам. Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на […]

Африканската унија повика на поправеден пристап до вакцините


 Африканската унија денеска ги обвини производителите на вакцини против Ковид -19 дека на африканските земји не им даваат еднаква шанса да ги купат и ги повика земјите производители, особено Индија, да ги укинат забраните за извоз на вакцини и нивните состојки. – Овие производители многу добро знаат дека никогаш не ни го дале вистинскиот пристап, […]

Влада: Одобрено е финансирањето на фотоволтаичните електрани Осломеј и Битола преку ЕБОР


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ во државна сопственост (ЕСМ) за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи со Европската банка за обнова […]

Бибер: Пораките на Меркел за Северна Македонија го покажуваат германското влијание врз проширувањето


Kоментирајќи ја прошталната посета на регионот на канцеларката Ангела Меркел, Флоријан Бибер, професор во Центарот за југоисточни студии на Универзитетот во Грац, оцени дека главна порака што Ангела Меркел би сакала да ја испрати е дека се надева дека Западен Балкан ќе остане важна тема за Германија по изборите, јави дописникот на МИА од Белград. […]

Влада: Сончева електрична централа и ветерен парк се двете нови стратешки инвестиции во енергетиката


Владата на денешната 106-та седница, на предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје.   Како што соопшти владината прес-служба, според мислењето на Комисијата […]

Од Ковид-19 починаа 30 лица, најмладиот на 25 години, регистрирани нови 572 позитивни случаи и 694 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се регистрирани нови 572 случаи на Ковид-19, 30 пациенти починаа, а 694 оздравеле, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – […]

Средношколците во Тетово и Гостивар ќе следат онлајн настава до 20 септември, одлучи Владата


Наместо до 14 септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ќе се одвива онлајн до 20 септември, како една од мерките за спречување на Ковид-19. Од владината прес – служба соопштија дека Владата на денешната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн […]

Британскиот туристички сектор најави отпуштања по слабата летна сезона


Британскиот туристички сектор подготвува нов бран отпуштања поради рестриктивните владини регулативи за патувања што ја уништија летната сезона, соопшти денеска здружението АБТА. Новите резервации за ова лето беа 83 проценти пониски од нивото пред пандемијата, така што повеќето членки планираат да отпуштат повеќе работници кон крајот на овој месец, кога Владата ќе ги прекине сите […]

Заев – Меркел: Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ


Канцеларката Меркел се согласи дека ЕУ интеграцијата и на Северна Македонија и на регионот не смее да продолжи да се одложува   Премиерот Зоран Заев на денешната билатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел, ги изнесе позициите на Република Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање […]

Цените на нафтата надминаа 74 долари, ИЕА предвидува силно закрепнување на побарувачката


Цените на нафтата на меѓународните пазари во вторникот надминаа 74 долари за барел, поттикнати од прогнозата за силно закрепнување на побарувачката до крајот на годината и приближувањето на тропската бура Никола во клучниот американски производствен регион. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 55 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 74,06 […]

И за децата од 4 до 11 години ќе се бара тест за патување во Грција


За патување со авион во внатрешноста на Грција, децата од четири до 11 години потребно е да имаат негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно селф тест, јави дописничката на МИА од Атина. Во рамките на новите мерки што стапија вчера во сила, од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција објаснуваат дека од […]

Заев го посети Културниот центар на Македонија во Тирана


Премиерот Зоран Заев денеска по работниот ручек на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Ангела Меркел го посети новоотворениот Културно-информативен центар на Северна Македонија во Тирана. Заев, во изјава за медиумите истакна дека отворањето на овој културен центар ќе придонесе за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на нашата земја во Албанија, […]

Кокошков веќе не е селектор на Србија


Српскиот кошаркарски тренер Игор Кокошков, кој со Словенија ја освои титулата европски првак во 2017 година, веќе не е селектор на Србија. Како што попладнево е официјално соопштено во Белград, Кошаркарската федерација на Србија и Кокошков спогодбено ја прекинале соработката. Кокошков седна на клупата на Србија во ноември 2019 година, но не ги исполни очекувања […]

Меркел од Тирана: Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за членство


Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, рече дека Албанија и Северна Македонија ги исполниле условите за членство во Европската Унија.  – И Албанија и Северна Македонија ги исполнија поставените услови за да започнат преговори за членство. За жал, тоа  не беше постигнато поради бугарското вето, но ние ветивме дека […]

Експертите согласни за недоследностите во системот за управување со кризи и заштита и спасување


Експертите од областа на безбедноста сметаат дека системските недоследности кај институциите, несоодветната нормативна уреденост на надлежностите, преклопувањето на ингеренциите и овластувањата во менаџирањето со кризите го зголемуваат ризикот од несакани последици при појава и справувањето со кризни ситуации. Учесниците на Меѓународната безбедносна конференција, што во организација на Факултетот за безбедност се одржува во Охрид, сметаат […]

„Европскиот воз“ од Скопје пристигна во Солун


Од Скопје, преку Гевгелија и Идомени, „европскиот воз“ во рамките на „Connecting Europe Express“, кусо по 12 часот пристигна во Солун, каде што го пречекаа заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Михалис Пападопулос и претседателот и извршниот директор на грчката железница Спирос Патерас, јави дописничката на МИА од Атина. Папдопулос рече дека европската година […]