Кина целосно вакцинираше над една милијарда жители против Ковид-19


Кинеската Влада денеска соопшти дека целосно се вакцинирани повеќе од една милијарда луѓе во земјата против Ковид -19, односно над 70 проценти од нејзиното население. Најнаселената држава во светот (1,4 милијарди жители), каде што новиот коронавирус што ја предизвикува оваа заразна болест се појави на крајот на 2019 година, инјектираше вкупно 2,16 милијарди дози вакцини […]

Утре натпросечно топло, за викендот врнежи


УХМР најавува дека времето утре ќе биде натпросечно топло, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер, со брзина и од над 70 километри на час, што ќе продолжи и во следните денови. Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во […]

МНР: Нови КОВИД-19 правила за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија


Министерството за надворешни работи информира дека Швајцарија, Белгија и Австрија имаат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји. Нашите граѓани може слободно да патуваат во Швајцарија, но само со потврда за примени две дози од вакцина и пополнет онлајн формулар, додека за тие што патуваат во Белгија и Австрија е задолжителен карантин, […]

Стојков: Не е проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав доколку и Македонците влезат во бугарскиот


За нас не е проблем Бугарите да влезат во македонскиот устав доколку и Македонците влезат во бугарскиот. Јасно е дека тоа нема да стане, а веројатно компромисот ќе биде едностран, вели во изјава за „Локално“ Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден ПИРИН, вонреден професор по историски предмети на Универзитетот Гоце Делчев – Штип и истакнат […]

ССМ: Скандалозно е судското решение со кое не се отвора стечајна постапка за „Баргала“


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), коментирајќи изјава на судијата Емил Пилатов дека засега нема стечај за АД „Баргала“ и дека ќе се чека одлука од Апелација, оценува дека ваквото решение е скандалозно и на штета на работниците. – Повеќе надлежни државни институции, меѓу кои и УЈП констатираа дека во „Баргала“ АД Штип има неправилности […]

Мицкоски кај семејствата на загинатите во пожарот во Тетово


  Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ги посети  фамилиите чии блиски  настрадаа во пожарот во тетовската болница  и притоа прати порака дека за случката не треба да има само морална, туку и кривична одговорност.   – Бевме во семејството на едни од тие жртви, луѓето се уште го преживуваат хоророт кој се случи на тој […]

Нови правила за влегување во Швајцарија, Белгија и Австрија


Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји.За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина . Условот за […]

Денот кога банкротираше Леман брадерс


Точно пред 13 години, на 15 септември 2008 година, банката Леман брадерс, тогаш четврта по големина американска инвестициска банка, поднесе барање за стечај, што се смета за пресвртница во финансиската криза (2007-2009). По спасувањето на другите големи финансиски институции, американската сојузна влада дозволи Леман брадерс да пропадне. На прогласувањето на финансиската криза му претходеше колапс […]

ЕК криткувана во ЕП поради непостапување против корупцијата во Бугарија


 Европската комисија денеска беше критикувана од Европскиот парламент за нејзината неактивност против корупцијата во Бугарија имајќи ги предвид санкциите што ги воведоа САД според законот „Магнитски“ против бугарски државјани. Во име на парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП), Станислав Полчак рече дека одлуката на Вашингтон го покажува неуспехот на ЕУ во борбата против корупцијата. […]

Пристигна косовската делегација за првата заедничка седница на двете влади 


Високата косовска делегација предводена од премиерот Албин Курти, пристигна во Скопје. Пред Владата беше организирана церемонија за официјален пречек по што следува тет-а-тет средбата на премиерите Зоран Заев и Курти. Според агендата, предвидени се и билатерални средби на министрите од владите на двете земји. Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш по средбите на […]

Жител на Тетово приведен поради пуштање во оптек на фалсификувана банкнота од 100 евра


Полицијата од Тетово приведе жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично […]

Димитров на состанок со еврокомесарот Вархеи


На иницијатива на еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска, заедно со министрите од регионот надлежни за европското порфолио, учествуваше на состанок за размена на мислења и подготовка во врска со октомврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан. На состанокот, како што соопшти СЕП, беа дискутирани клучните теми од агендата на […]

ДЗС: Попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови


Вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, информираат денеска од Државниот завод за статистика. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Рашковски имал дозвола да оди на лекарски прегледи


Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, рече дека она што тој го знае е дека Рашковски има решение од суд со кое му е дозволено во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби. – Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од […]

Во Хрватска регистрирани 1.369 новозаразени, починаа деветмина


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.369 нови случаи со корона вирус, па бројот на активни изнесува 7.643. Меѓу нив 628 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 72. Починаа уште девет пациенти од последиците на Ковид-19. Досега во Хрватска се регистрирани 388.260 заразарни, починаа 8.472, оздравеа 372.145. Тестирани се вкупно 2.695.369 […]

Шекеринска во Пентагон


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во неколкудневна посета на САД. Шекеринска во Пентагон ќе се сретне со потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања, Колин Кал и со помошничката на секретарот за одбрана, Лора Купер. Министерката ќе има средба и во Стејт Департментот, со помошникот државен секретар и прв човек на […]

Шест знаци од зодијакот во наредните три години ќе ги прати невидена среќа


Овие шест знаци на Зодијакот ги чека голема среќа! Следните три години ќе бидат успешни во се, проверете дали сте меѓу нив … Овен Овните со години работат напорно, но како никој да не ја забележува нивната работа, а камоли да ја наградува. Сепак, тркалото конечно се врти во ваша корист на неколку различни нивоа. […]

Симовски: Чиста глупост е дека некој знае колку се декларирале Бугари


 Текот на пописот е во рамките на она што го очекувавме, па дури и со темпо кое што мислиме дека е подобро од очекуваното. Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица, за викенд е нешто подобро и очекуваме следниот викенд да биде уште подобро, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол […]

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА


Македонската репрезентација назадуваше две места на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација, објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 74. место (две места послабо од август), откако септемврискиот циклус од Мундијалските квалификации го завршија без пораз, но не забележаа ниту победа на средбите со Ерменија, Исланд и со Романија. Од ривалите на „рисовите“ во квалификациите за […]

Судот во Џакарта обвини највисоки функционери за загадувањето


Судот во главниот град на Индонезија, Џакарта, денеска соопшти дека властите несовесно пропуштиле да воспостават соодветни стандарди во врска со загадувањето на воздухот, одлучувајќи во корист на граѓанската група што ја поднела тужбата. Поднесена е правна тужба во врска со загадувањето на воздухот против индонезискиот претседател Џоко Видодо, неколку министри во кабинетот и истакнати локални […]