Маричиќ: Влегуваме во последната фаза од пописот


Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, посочи дека влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години. -Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после […]

Градоначалникот на Јоханесбург загина во сообраќајна несреќа


ЈАР– Градоначалникот на Јоханесбург, Џолиде Матонго загина денеска во сообраќајна несреќа на 46-годишна возраст. Засега не се познати деталите за несреќата, но локалните медиуми објавија слики од предниот дел на автомобилот, кој е целосно уништен, јави Би Би Си. Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоза, му оддаде почит на загинатиот градоначалник на Јоханесбург. Матонго водеше […]

Швајцарија избра американски Ф-35, наместо француските „Рафали“, Макрон ја откажа посетата на неговиот швајцарски колега


Во екот на дипломатската криза со Австралија, Франција ја откажа официјалната посета на претседателот на Швајцарската конфедерација, откриваат швајцарските медиуми. Во прашање е изборот на Швајцарија направен во јуни да купи американски авиони за да ја обнови својата воено воздухопловна флота, наместо францускиот „Рафал“, јави дописникот на МИА. Според денешните неделни изданија на швајцарските медиуми, […]

Попишани повеќе од милион граѓани


Над еден милион граѓани се попишани денеска до 15 часот, информираат од Државниот завод за статистика. – До 15 часот, денеска попишани се 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет, информираат од ДЗС. Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото […]

На сила предупредување за силни земјотреси на шпански остров, се евакуираат луѓе


  Шпанските власти почнаа денеска со евакуација на лицата кои се слабо подвижни на остворот Ла Палма во Атлантикот. Ова се прави по предупредувањето за силни земјотрески и опасност од ерупција на вулкан. Властите наредија евакуација на жителите кои се слабо подвижни од село кое се наоѓа близу центарот на сеизмичката активност како превентивна мерка. […]

Во Србија 5.255 новозаразени со Ковид-19, починаа 37 пациенти


Според последните податоци, во соседна Србија денеска се регистрирани 5.255 новозаразени со корона вирус. Починаа 37 лица. На респиратор се 183 пациенти. Лекарите пораччуваат дека вакцинацијата е единствениот начин да се избориме со вирусот.

Земјотрес кај Загреб


Денеска околу 15.35 часот, нов земјотрес го погоди поширокото подрачје на Загреб, главниот град на Хрватска, јави ЕМСЦ. Првите информации велат дека земјотрсот бил со јачина од 2,7 степени според Рихтер со епивентар кај Велика Горица. „Бучеше и затресе“, „Добро затресе, повторно една недел апо оној кај Липница“, пишуваа граѓаните на страницата на ЕМСЦ. #Earthquake […]

Османи во САД на Генералното собрание на Обединетите нации


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, претстојната недела ќе патува во САД, каде ќе учествува на Генералната дебата на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Во рамки на посетата, како што информираат од МНР, предвидени се средби и со високите претставници на администрацијата на САД и посебен настан за воспоставување дипломатски односи меѓу […]

Србија прва во Европа по број на заразени, а Македонија по број на починати од Ковид-19 за една недела


Во изминатите седум дена, Србија е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број на нови инфекции со коронавирус на милион жители, според ourworldindata.org. Според оваа веб страница, Србија има просечно 1.018 нови случаи по малата островска држава Гренада, со просечно 1.447 новозаразени дневно, пишува белградскиот весник „Данас“. Црна Гора се наоѓа […]

Највисоката нација на светот, Холанѓаните, почна да се смалува


Дека Холанѓаните се највисоките луѓе на планетата, потврди и холандската канцеларија за национална статистика. Сепак, статистичарите открија дека оваа нација се намалува, пишува „Гардијан“. Една од причините за тоа е лошата исхрана. Жителите на Холандија беа највисоките луѓе на планетата во последните шест децении, а најновите податоци покажуваат дека просечниот 19-годишник е висок нешто повеќе […]

Белград: Антиваксери на протест, полицијата и новинарите нападнати со јајца


Србија – Околу 1.000 демонстранти противници на вакцините излегоа на улиците во главниот град на Србија во близина на Филозофскиот факултет. Според весникот „Блиц“, полицијата ги опколила демонстрантите за да спречи евентуални немири. По првичните тензии со фрлање на запаливи предмети, ситуацијата полека се смирила, објавија српските медиуми. Еден од организаторите им се обратил на собраните луѓе, […]

Руски научник: При настинка е невозможно заразување со коронавирус


Русија– Луѓето кои имаат настинка не можат да бидат заразени со коронавирус, изјави професорот од Руската академија на науките, Петар Чумаков. – Едно лице не може да се зарази со коронавирус за време на настинка или САРС, истакна рускиот научник. Тој потврди дека болно лице не може истовремено да се зарази со друг вирус, бидејќи […]

Стабилна состојбата со коронавирусот во штипските училишта и градинки


Четворица ученици од штипските основни и средни случаи се потврдени како позитивни случаи на коронавирусот во текот на викендот, а има и по еден наставник и воспитувач од девотелетка и градинка. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека од почетокот на учебната година па до денеска регистрирани се 25 ученици позитивни на […]

Некои во Бугарија не сакаат интерконекторот во Грција да успее, вели американски дипломат


Американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат, вели дека станува очигледно оти постојат сили во Софија кои не сакаат да успее гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија. Пајат тоа го изјави во интервју за Viadiplomacy.gr. Во овој интерконектор за течен гас и гасна централа во Александропулис свои средства вложи и Македонија за да го диверзифицира своето […]

Заврши првата туристичка мисија во вселената – капсулата Спејс икс ги врати четворицата цивили од орбитата


Четири лица се вратија на Земјата од тридневната вонземска екскурзија во капсулата „Спејс икс кру драгон“ (SpaceX Crew Dragon) во саботата вечерта, што го означи крајот на првиот лет досега до орбитата на Земјата, изведен целосно од туристи или инаку не-астронаути, јави Си-Ен-Ен. „Благодарам многу за SpaceX, за нас тоа беше неверојатно возење“, можеше да […]

Марија Апчевска-Петровска: На „Манаки“ се чувстувам како дома, но тремата пред домашната публика е поголема


Краткиот игран филм „Северен пол“ во режија на Марија Апчевска-Петровска, чиј кинематографер е Влатко Самоиловски, вчера ја имаше македонската премиера во рамките на официјалната селекција на кратки играни филмови на 42. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, а денеска на средба со новинарите во разговор со селекторот Слаѓан Пенев, режисерката Апчевска, продуцентот Роберт Насков и актерката […]

„Либерасион“: Дипломатија – што ќе правиме кога веќе немаме доверба во сојузниците?


Франција– По откажувањето на Австралија од француските подморници во корист на договор со САД и Обединетото Кралство, француската политичка и медиумска јавност остана збунета, револтирана и гневна. Оваа епизода доживеана како „предавство“, „Либерасион“ пишува дека мириса на заговор, недостаток на благодат и пред се антиципација. Во меѓувреме, Кина ги трие рацете, пишува лево ориентираниот париски весник, […]

Бромел истрча најбрзо време сезонава на 100 метри (видео)


Американскиот спринтер Трејвон Бромел постигна најдобар резултат годинава на 100 метри, истрчувајќи ја патеката на митингот во кениската престолнина Најроби со време од 9,76 секунди. Бромел сега е шести најбрз атлетичар во светот на сите времиња. Американскиот атлетичар важеше за најголем фаворит за освојување на златниот медал на Летните Олимписки игри во Токио, но не успеа да се пласира […]

Бајден и Макрон во следните денови телефонски ќе разговораат за подморничката криза


 Портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, изјави американскиот претседател Џо Бајден побарал да има телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, откако Франција го отповика својот амбасадор во САД заради „торпедирањето“ од страна на Вашингтон на договорот за изградба на француски подморници за Австралија, јави дописникот на МИА. Атал за БФМТВ уверува дека телефонската врска […]

Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза


Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за Радио слободна Европа. – Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и […]