Обвинителство на БиХ: Директорот на ОБА ја прислушкувал главната обвинителка


Обвинителството на Босна и Херцеговина соопшти дека добило две кривични пријави против директорот на Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОБА) на БиХ, Осман Мехмедагиќ, за повеќе кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на функцијата, попречување на работата на судството и уцени. Во пријавите против директорот на ОБА се наведува и незаконитоста на користењето на финансиските средства на […]

САД следната година ќе примат 125.000 бегалци од камповите на ОН низ светот


САД следната 2022 година ќе примат 125.000 бегалци, двојно повеќе од оваа година, за „да одговорат на потребите што ги поставуваат светските хуманитарни кризи“, соопшти денеска Стејт департментот. Џо Бајден предизвика мала полемика во април кога одби да ја зголеми историски ниската граница за прием на бегалци – 15.000 луѓе, што ја постави неговиот претходник […]

Сообраќајот умерен, нема подолги задржувања на граничните премини


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно […]

Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“


Со доделување на фестивалските признанија и награди, вечер во Битола завршува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во големата сала на битолскиот Центар на култура, жирито предводено од Суки Меденчевиќ од Босна и Херцеговина и членовите Филип Бергсон од Велика Британија, Вим Ванакер од Белгија, Соња Просенц од Словенија и Димо […]

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во посета на Бугарија


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи ќе престојува во посета на Бугарија, соопшти Европската комисија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на посетата се планирани средби со претседателот на Бугарија Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, не се објавуваат детали за разговорите […]

Партијата на Трудо најверојатно победи на парламентарните избори во Канада


Следната канадска влада ќе ја формира Либералната партија на Џастин Трудо, на кого тоа ќе му биде трет мандат како премиер, јавија канадските медиуми. Врз основа на привремени изборни резултати, сè уште не е можно да се каже дали Трудо ќе предводи мнозинска или малцинска влада. Во земја со шест временски зони, последните избирачки места беа затворени […]

Собранието ќе ја одржи 51-та седница, ќе заседаваат и четири собраниски комисии


Собранието денеска треба да ја одржи 51-та седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-законски решенија од различни области. Пратениците треба да ги разгледаат и да гласаат по Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Дополнетиот предлог-закон за изменување […]

Секој вторник Санкт Петербург – Скопје, нова авиолинија на „Нордвинд Ерлајнс“


Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс“ ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој […]

Нема промена на наставниот модел, инциденцата на ширење на вирусот е намалена


Според последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, за 40 проценти е намaлена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август. – Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, нема потреба […]

На Мирча Картареску ќе му биде врачена наградата „Прозарт“


На третиот ден на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје, вечер во 20 часот во Даут-пашиниот амам, ќе му биде врачена наградата „Прозарт“ на годинашниот лауреат романскиот писател Мирча Картареску за особен авторски придонес кон балканската литература. Картареску ќе се претстави и со дел од своето творештво, а гостите на фестивалот Миљенко Јерговиќ, Јоана […]

Променливо и посвежо со повремен дожд и ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северозападните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, променливо […]

Владата бара извинување од Мицкоски


 Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на телевизијата Канал 5 изнесе целосно неточна информација дека анкетата на „Брима“, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, соопшти владината прес-служба. -Не постои јавна набавка за анкетата, односно истражување на јавното мислење на „Брима“, ниту, пак, таа е […]

И Заев и Мицкоски убедени во победа на локалните избори


И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори. – Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот […]

Заев до Мицкоски: Одлучете се, дали сте за пописот или против?


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека пописот успешно ќе заврши, наспроти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој смета дека има проблеми.Ние пописот ќе го спроведеме и тоа е разликата меѓу сегашната и власта на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев. Мицкоски му врати дека во 2011 година, кога пописот беше прекинат, на власт беше […]

Заев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација


Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението. – Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација секако кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна […]

САД од ноември без рестрикции за странски патувања во земјата


САД во ноември ги отвараат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација, јавија денеска од Администрација во Вашингтон.  Со ова, се укинуваат мерките за забрана за влез на туристи, бизнис патници и сите останати категории без американско државјанство или легално престој, воведени си цел спречување на ширењето на коронавирусот. Со олабавувањето […]

Полска треба да плаќа 500.000 евра дневно на ЕК за одбивање да затвори рудник


Полска ќе мора да плати дневна казна од 500.000 евра на Европската комисија за прекршување на претходна судска одлука за прекин на работа на рудникот за лигнит во Туров. Ова го соопшти Судот на правдата на Европската унија. Полска зависна од јаглен е во конфликт со Чешка, која вели дека спорниот рудник ги оштетува заедниците […]

МЗТ Скопје ќе ја бојкотираа репрезентацијата, побара солидарност од сите прволигаши


 Кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром во иднина нема да настапуваат за македонската репрезентација, соопшти денеска актуелниот шампион како одговор на одбивањето на Кошаркарската федерација да покрие дел од обесштетувањето за петмина свои играчи, кои се повредија при настапи во националниот дрес. Клубот во реакцијата истакна дека при репрезентативните настапи во мундијалските претквалификации се повредиле Адем Мекиќ, Дамјан Робев, Бојан […]

СЗО препорачува зголемување на акцизата за алкохол во Европа заради борба против ракот


Светската здравствена организација препорача двојно зголемување на акцизите за алкохол во Европа како средство за спречување на речиси 5.000 смртни случаи од рак секоја година. Зголемувањето на акцизите за алкохолни пијалоци е „една од најдобрите мерки“ за спречување на „потенцијално висок удар“ на ракот, соопшти европската канцеларија на СЗО, додавајќи дека најголема корист ќе имаат […]

Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници


 Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници, информираа за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Има отфрлени две листи за градоначалници, односно во Охрид и Струга по една и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово. ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед […]