Мицкоски: Денот на независноста – круна на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски честитајќи им го на граѓаните 8-ми Септември, Денот на независноста, потенцира дека овој празник е круната на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава, денот кога се исполни идеалот на Илинденците и борците од НОБ, но и илјадниците храбри синови и ќерки кои се бореа и ги положија своите […]

Комплетирани полуфиналните двојки на УС Опен


Вториот носител, Русинот Данил Медведев во полуфиналето на последниот грен-слем турнир во оваа година ќе игра против 15. носител Феликс Оже – Алиасим од Канада, додека во женска конкуренција за влез во финалето на УС Опен ќе се борат канадската сензација Лејла Фернандез и втората носителка, Белорусинката Арина Сабаленка. Оже – Алиасим пласманот во полуфиналето го обезбеди, откако Шпанецот […]

Демократскиот сојуз оди на избори со СДСМ


Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата одржана на 7 септември, донесе Одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ. -Демократскиот сојуз подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со […]

Цвеќе за покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски (фото)


Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и бројни други делегации претпладнево положија венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски со што започна одбележувањето на 30-годишнината од независноста. Поранешните претседатели на државата Глигоров и Трајковски дадоа значаен придонес во воспоставувањето на самостојната државност на нашата земја. Во […]

Промоција на „Трамонтана“, прв роман на Наташа Сарџоска, на Семот на книгата


Наташа Сарџоска, поетеса, преведувачка и антрополог, го објави својот прв роман „Трамонтана“ во Издавачкиот центар ТРИ. Дејството на романот се одвива во Париз и Скопје, но и Виена и Охрид, а главните ликови испреплетуваат повеќе карактерни специфики на културолошките и социјалните мрежи на кои припаѓаат.  Станува збор за психолошки роман, во којшто двата главни лика […]

Ќучук: Северна Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан


Специјалниот известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук упати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста посочувајќи дека нашата земја стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан. -Северна Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам […]

Невакцинираните ученици во Грција ќе добијат бесплатни селф тестови


Во пресрет на новата учебна година што започнува во понеделник, невакцинираните ученици во Грција од денеска имаат можност од аптеките да подигнат шест бесплатни селф тестови, што се задолжителни два пати седмично за следење на наставата, јави дописничката на МИА од Атина. Како и минатата учебна година, кога по карантинот се отворија училиштата, така и […]

Невакцинирани само петмина грчки пратеници


Од 300 членови на грчкиот Парламент, невакцинирани се само пет пратеници, кои за да присуствуваат на седниците, потребно ќе биде два пат седмично да се тестираат, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата дека 295 пратеници се вакцинирани ја соопшти првиот потпретседател на Парламентот Никитас Какламанис, објаснувајќи ги и условите за невакцинираните. Темата ја отвори […]

По две ремија ќе има ли победа – фудбалерите вечерва ја пречекуваат Романија во квалификациите за СП


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Романија во обид со победа да ја прекине серијата нерешени натпревари во септемврискиот циклус од мундијалските квалификации и да ги задржи шансите за пласман на завршниот турнир во Катар идната година. По ремито без голови против Ерменија на домашен терен и освоениот бод на гостувањето во Рејкјавик […]

Почнува 35. Меѓународна ликовна колонија Св. Јоаким Осоговски


Од денеска до четиринаесетти септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски ќе се одржи 35. јубијелно издание на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот-закрилник на ова древно светилиште, Св. Јоаким Осоговски.   – Оваа Меѓународната ликовна колонија една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид во нашата земја, заедно со Струмичката и Прилепската, […]

Земјотрес од 7 степени во Мексико, најмалку еден загинат


Најмалку едно лице загина, а неколку згради се оштетени во земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико во текот на ноќта. Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот. Делови од мексиканскиот главен град и Акапулко […]

Трајан Гоцевски: Треба да продолжи борбата за наше поуспешно етаблирање на меѓународната сцена


ЕУ не е потврда за нашата државност. Таа припаѓа и зависи само од граѓаните на Република Северна Македонија и се разбира од македонскиот народ како мнозински народ, вели во интервју за МИА, Трајан Гоцевски, првиот министер за одбрана на земјава по осамостојувањето   Борбата за зацврстувањето на својата државност на секоја земја е долг, макотрпен […]

Талибанците го објавија составот на новата влада на Авганистан, ја предводи личност од листата на терористи на ОН


Талибанците вчера го објавија составот на новата влада, а министерските позиции ги добија личности кои се истакнале во изминатите 20 години во борбата против САД и сојузниците. Владата ќе биде предводена од мула Мухамед Хасан Акунд, кој од 2001 година се наоѓа на листата на терористи објавена од ОН, каде е опишан како еден од […]

Република Северна Македонија одбележува 30 години независност


Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, како и националните ансабли и културно-уметничките друштва денеска ќе продефилираат во центарот на главниот град по повод 30 години независност на државата. Централната прослава ќе биде на отворено пред Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 17:30 часот, а ќе […]

Привршуваат подготовките за локалните избори, ОБСЕ/ОДИХР ги проверува терминалите за отпечатоци од прсти


Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување на локалните избори закажани за 17 октомври, остануваат уште два дена за увид во Избирачкиот список и четири дена за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи за изборите. Обуките за употреба на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти се отпочнати. Првпат на овие избори во […]

Техничките проблеми отстранети, пописот продолжува непречено, вели Симовски


Пописот на населението и објектите во првите три дена, со исклучок на привремените технички проблеми, се одвива добро и досега се попишани околу 150 илјади граѓани. Софтверската апликација за попишување е апдејтирана и системот е рестартиран за непречено продолжување на пописот. Директорот на ДЗС, Апостол Симовски вчера информираше дека се прави апдејт и рестартирање на процесот […]

Два протести денеска во Скопје – еве кои улици ќе бидат затворени за сообраќај


Поради најавени два протести во Скопје денеска од 10:30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај  бул. „Гоце Делчев”  на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”. Почнувајќи од 13:30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, […]

Облачно со повремен дожд и температура до 27 степени


Времето ќе биде претежно облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, претежно во југоисточните и западните делови. Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се […]

Медведев прв полуфиналист на УС Опен


Рускиот тенисер Данил Медведев се пласира во полуфиналето на УС Опен. Тој вечерва во четвртфиналето го победи претставникот на Холандија, Ботик ван де Зандсулп, во четири сета. Мечот траеше 2 часа и 24 минути и заврши со резултат 6:3, 6:0, 4:6 и 7: 5 во корист на Русинот, кој важи з автор носител на турнирот. […]

Врховниот лидер на талибанците бара од новата влада да го спроведува шеријатскиот закон


Врховниот водач на талибанците Хибатула Акунџада, кој ретко се појавува во јавност, денеска побара од новата авганистанска влада да го применува шеријатскиот закон, пренесува Бета. „Ги уверувам сите наши сограѓани дека владата ќе се стреми да ги почитува исламските правила и шеријатските закони во земјата“, рече Акунџада во соопштението издадено на англиски јазик. Талибанците денеска […]