МЖСПП: Нема опасност по животната средина по пожарот во ОХИС


 Нема опасност по здравјето и животната средина од опожарената сува трева до малата депонија со линдан во кругот на ОХИС, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерството информира дека согласно информациите добиени од Државниот инспекторат за животна средина утврдени при вонредниот надзор во кругот на ОХИС, каде вчера избувна пожар, дека станува збор […]

СЗО: Вакцинацијата не треба да биде услов за патување во странство


 Патувањето во странство не треба да подлежи на задолжителни барања за вакцинација против коронавирусот, изјави на денешниот редовен брифинг на Светската здравствена организација, портпаролот Тарик Јашаревиќ. -СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме дека вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања, рече Јашаревиќ. „Причината за ваквата позиција е фактот што […]

Клинт Иствуд повторно во седло на 91 година: „Cry Macho“ е за сите каубојци во душа (видео)


САД– Без разлика на која возраст е, Клинт Иствуд секогаш ќе биде каубој во душата. 91-годишниот актер и режисер, добитник на Оскар,  се врати во седлото за претстојниот филм Cry Macho, вестерн драма сместена во 1979 година. Иствуд го глуми Мајк Мило, еднократна родео ѕвезда и одгледувач на коњи кој ќе се вработи кај поранешниот […]

Зошто има глобален недостиг на чипови за автомобилската индустрија


Производителите на автомобили BMW и Stellantis предупредија дека глобалниот недостиг на полупроводнички чипови што ја погоди индустријата ќе продолжи и оваа година и ќе влијае на производството и продажбата. Зошто нема чипови? Производителите на автомобили, кои беа принудени да ги затворат фабриките минатата година поради пандемијата со Ковид 19, се соочуваат со силна конкуренција од […]

Германски политичар под истрага за катастрофалните поплави


По разорните поплави во покраината Рајнска област-Фалц, обвинителството го истражува управителот на округот Арвилер, Јирген Фелер. Според обвинителството од Кобленц, тој се товари за убиство од небрежност и телесни повреди од немарност. Велат дека на време не ги алармирал жителите, ниту организирал евакуација Фелер се сомничи дека не време не ги алармирал жителите на опасноста […]

Половина Влада на одмор, другата половина на терен околу пожарите


Министрите се секој ден во координација, или онлајн или лично околу ситуацијата со пожарите, без оглед што половина од Владата е на одмор. Според официјалната информација, премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции. „Согласно меѓусебна координација, […]

ЕУ ги „дере“ компаниите со милијарди евра казни, а ги штеди лидерите автократи


Кога земјите -членки го прекршуваат правото на ЕУ или одбиваат да ги спроведат пресудите на Европскиот суд на правдата (ЕСП,) институциите на Унијата не се немоќни: Европската комисија може да предложи, а  ЕСП да изрече финансиски санкции.  Во јули годинава потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, одлучи да ја спроведе пресудата на ЕСП за полскиот […]

Израел продолжува со третата „бустер“ доза од вакцинацијата и покрај препораката на СЗО за мораториум


Израел му прави „голема услуга“ на светот со испитување на ефикасноста на третата доза од вакцинација против Ковид-19 врз дел од своето население, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет, и покрај повикот на Светската здравствена организација (СЗО) за мораториум на таквиот третман. Додека западните земји настојуваат да вакцинираат што е можно повеќе од своето население со […]

Гувернерот на Њујорк, Куомо, пред отповикување ако до 13 август не поднесе докази


Претставниците на државата Њујорк денеска му соопштија на гувернерот Ендрју Куомо дека истрагата за негово отповикување е речиси завршена и 13 август е крајниот рок за обезбедување дополнителни докази од негова страна пред донесување на конечната одлука. Куомо е обвинет за сексуално вознемирување на повеќе жени од неговото опкружување, што тој го негираше и рече […]

Спој на виртуозност и емоција: Чешка вечер со квартетот „Вихан“ во „Св. Софија“


Дела од  класичниот романтизам исполнети со многу фантазија и чувствителност во кои се вткаени елементи на чешкиот народен фолклор донесе вчеравечер гудачкиот квартет „Вихан“ во „Св. Софија“ настапувајќи на Чешката вечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Оваа традиционална вечер се оддржува во соработка и со поддршка на Амбасадата на Чешка во Скопје, а честа […]

МОК исфрли двајца функционери на Белорусија од Олимпиското село


Меѓународниот олимписки комитет ја укина акредитацијата на двајца белоруски олимписки функционери кои беа вмешани во обидот да ја принудат спринтерката Кристина Циманоска да биде вратена во Белорусија, откако ги критикуваше своите тренери, објави во петокот МОК. „Воспоставена е дисциплинска комисија на МОК за случајот со Кристина Циманоска за да се разјаснат околностите околу инцидентот“, се […]

Вакцината на Модерна 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза


Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел изјави дека вакцината против коронавирус на компанијата е 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза. Во изјавата за тековните клинички испитувања, Бансел рече дека „варијантата Делта претставува нова закана и затоа треба да останеме будни“. Како што пренесуваат странските агенции, се смета дека сите три вакцини против Ковид -19 […]

Костими од  Бродвеј и од Холивуд на изложба: Прослава на талентот и имагинацијата


САД – Повеќето сцени на Бродвеј можеби сѐ уште се темни, но има место на Тајмс Сквер каде костимите блескаат. Повеќе од 100 костими од претстави како „Хамилтон“, „Драг Еван Хансен“ и „Злобен“ се дел од новата изложба ова лето, откривајќи ја внимателната, рачно изработена убавина на облека што не може секогаш да се цени […]

АХВ: Итно повлечени од продажба популарни марки сладоледи


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид. Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат: 1. Сладолед KIT KAT стапче […]

Во Бугарија расте бројот и на заразени и на починати


Како и секаде во регионот и во Бугарија бројката на заразени од корона вирусот повторно расте од ден на ден. Во изминатите 24 часа регистрирани се 500 нови инфекции, а ден претходно беа 429. Голем скок има кај починатите – вчера беа 14, а ден претходно четири. Вкупниот број на починати е 18.243. Вакцинацијата и […]

ДИК ќе расправа за цената за платено политичко рекламирање


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница во врска со цената за платено политичко рекламирање. На дневен ред на седницата се Предлог-упатството за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање и Предлог-одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена  за платено политичко рекламирање. Членовите на ДИК […]

Чекор поблиску до „Центар за компостирање органски отпад“ на Општина Аеродром


Официјална работна група на Општина Аеродром заедно со претседателот на збратимената градска Општина Палилула, Ниш, Братислав Вучовиќ, вчера беа во службена посета на производниот погон на друштвото „Компостинг“ во градот Смедерево, Република Србија. Во оваа пригода носителот на првиот партнерски проект на Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром, под наслов „Станица […]

Американската крајбрежна стража заплени дрога во вредност од 1,4 милијарди долари


САД – Крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави соопшти дека запленила „импресивни количества кокаин и канабис во вредност од приближно 1,4 милијарди долари за време на неколку операции на Флорида“. – Ова е најголемото истоварување на нелегална дрога во историјата на крајбрежната стража, рече командантот Стивен Полин на прес – конференција во Порт Еверглајдс, 45 […]

Пристигна тим од Австрија за помош во гасење на пожарите


Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информира Дирекцијата за заштита и спасувањена својот Фејсбук профил. Австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, […]

Надал поразен на АТП турнирот во Вашингтон


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (35) на својот прв АТП турнир по враќањето од двомесечната пауза претрпе елиминација во Вашингтон, откако поуспешен од него во третото коло беше моментно 50-рангираниот играч во светот Лојд Харис од Јужна Африка со 6:4, 1:6, 6:4. Надал немаше настап до турнирот во Вашингтон од поразот во полуфиналето на Ролан Гарос […]