Стигна хеликоптер за гасење пожари од Романија, се чека и авион „Херкулес 530“


 „Канадер Т21“, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а напладне се очекува и авион „Хекрулес 530“, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари. Помошта ќе биде распределена таму каде што е најкритично, соопшти денеска на прес-конференција помошник-раководителот на Секторот за операции и […]

Гoрат Атина, јужна Италија и Калифорнија


Шумските пожари продолжуваат да беснеат низ светот. Огнената стихија е надвор од контрола во Грција, гори на Сицилија и Калабрија, а во Калифорнија беснее третиот најголем пожар во историјата на таа американска сојузна држава. Северно од Атина, пламенот може да се види оддалеку и му се заканува на градот Варибоби, кој повторно беше евакуиран по […]

Повлечени уште неколку производи што содржат етилен оксид


Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство постапи по добиената нотификација со број 2021.3720 за увоз на небезбедни производи во земјава и спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови за готвење и бази за сладоледи од […]

Белград потпиша договор за проектирање на втора метро линија со „Егис реил“


Градската влада во Белград потпиша договор со француската компанија „Егис реил“ за проектирање на втората линија на метрото во српската престолнина, беше објавено во петокот. „Егис реил“ ќе подготви физибилити студија и идеен проект со студија за оцена на влијанието врз животната средина за втората метро линија, која ќе биде долга 21 километар со 23 […]

Филипче и Комисијата за заразни болести предлагаат мерки за Тетово и регионот


Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, за да се спречи рапидното ширење на вирусот Ковид – 19. Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот […]

Заев го прекина одморот и отиде во Будинарци


Премиерот Зоран Заев предвреме се врати од летниот одмор и денеска го посети беровско Будинарци, едно од местата каде што се закануваат пожарите. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави […]

Кавадарчанец осомничен за предизвикување на пожарот во кругот на „Охис“


По преземените активности МВР утврди дека лицето С.А. (35) од Кавадарци, околу 16.00 часот, додека вршел заварување на ограда во кругот на „Охис“, го предизвикал пожар во оваа фабрика што избувна во четврокот попладне. МВР инфромира дека во врска со пожарот во кругот на фабрика „Охис“ во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот […]

Климата на Балканот ќе биде уште полоша: Климатолозите имаат црни предвидувања


Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите. Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во […]

Грег Попович: Никогаш порано не сум почувствувал таква одговорност (видео)


Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, призна дека чувствувал голем товар на патот до златниот медал на Олимпијадата во Токио. – Секоја титула во лигата е нешто посебно. Секој тим со кој работите е посебен. Но, да бидам искрен, никогаш порано не сум почувствувал толку голема одговорност. Толку многу луѓе ве следат, вие […]

И натаму активни десетина пожари, огнот кај Пaсјак ставен под контрола


Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак е ставен под контрола, додека активни се огнените стихии кај селата Робово, Мачево, Будинарци, кај Богословец, огното во атарот на село Кадрифаково, потоа кај село Џидимирци, на потегот меѓу селата Дрен и Смолани, над село Пожаране, како и на сртот кон НП „Јасен“, соопшти Центарот […]

МЗ: Вакцина вчера примиле 13.137 граѓани, досега 533.386 вакцинирани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 533.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.990 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.137 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 958.742 дози вакцини, а […]

Австралија бележи рекорден број новоинфицирани со корона и покрај строгите мерки


„Немаме доволно вакцинирани, ќе завршиме со помлади луѓе во болница …“, вели премиерот на Викторија   Австралија во саботата потврди рекорден број на нови инфекции оваа година, а заразната делта варијанта на корона вирусот продолжува да се шири во најнаселените држави – Нов Јужен Велс, Викторија и Квинсленд. Трите најнаселени држави во Австралија – Нов […]

Чешка планира да ги затвори контроверзните сиропиталишта до 2024 година


Чешката Република планира да ги затвори контроверзните сиропиталишта до 2024 година, како една од последните земји-членки на ЕУ која се уште ги има. Предлог-законот вчера беше едногласно одобрен од Претставничкиот дом, а сега следува дебата во Сенатот, вториот дом на чешкиот Парламент. Законот предвидува сирачињата до тригодишна возраст да се сместуваат исклучиво во згрижувачки семејства, […]

Потребни ли се законски измени и промена на моделот за противпожарна заштита


Пожарите во Кочани, Старо Нагоричанe, Малешевијата, Гевгелиско, Скопско ги извадија на површина системските слабости и покажаа дека во изминатите 30 години недоволно се инвестирало во противпожарните служби. Има проблеми и при спроведувањето на Законот за пожарникарство, а пожарите од големи размери што ја зафатија државата, го отворија и прашањето дали е потребно да се направат […]

Властите во Авганистан тврдат дека ликвидирале над 380 талибански бунтовници


Војската во Авганистан ликвидира 385 талибански бунтовници во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. – Во изминатото деноноќие, 385 талибански терористи се убиени, а уште 210 се повредени во рамки на авганистанските воени операции, напиша Министерството на својот профил на Твитер. Вооружените сили на Авганистан спроведоа операции во 14 провинции, […]

Шпански инженери извлекуваат вода за пиење од воздухот


Шпанска компанија разви систем за извлекување вода за пиење од воздух за снабдување сушни региони каде што луѓето имаат голема потреба. „Целта е да им се помогне на луѓето“, вели Енрике Веига, 82-годишен инженер кој ја измислил машината за време на суша во јужна Шпанија во ’90-те. „Целта е да стигнеме до места како бегалски […]

Јетон Акику: Пристап до интернет со задоволителна брзина и во најодалечените подрачја


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) усвои зголемување на брзината на интернет од сегашните 2 Mbps на 12 Mbps за секој краен корисник кој е дел од универзалната услуга. Ова значи пристап до интернет со задоволителна брзина и во најоддалечените рурални подрачја на државата каде што сите граѓани, вклучително и учениците, ќе добијат стабилен интернет пристап […]

Половина од населението во САД е целосно вакцинирано


Половина од американското население веќе е целосно вакцинирано против Ковид-19, а бројот на вакцини се зголемува како одговор на ширењето на Делта сојот, соопшти Белата куќа. – Педесет отсто од Американците (од сите возрасти) веќе се целосно вакцинирани. Продолжете така, изјави Сајрус Шахпер, кој е одговорен во Белата куќа за податоците од Ковид-19. Тоа значи […]

Меси ќе добива во ПСЖ 50 милиони евра годишно, вели познат новинар


Станаа познати условите од договорот помеѓу поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси и францускиот фудбалски гигант ПСЖ. – Триесет и четиригодишниот Аргентинец ќе потпише договор со парискиот клуб до летото 2023 година со опција за продолжување на една сезона. Платата на Меси во ПСЖ ќе биде 50 милиони евра годишно, вклучувајќи бонуси, објави познатиот италијански […]