АИ: Мирните протести веќе се речиси невозможни во Русија


Руските власти до тој степен ја загрозија слободата на мирно собирање што сега стана речиси невозможно да се протестира во Русија на кој било мирен начин, предупреди денеска Амнести интернешнл. „Властите во Русија до толку го прекршија правото на слобода на мирно собирање, користејќи зголемен број ограничувачки закони, со рестриктивни полициски тактики и кривично гонење […]

Хакери вратиле 260 милиони долари во крипто-валути што ги украле


Хакери одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратиле повеќе од една третина од украдените речиси 600 милиони долари, рекоа експерти за блокчејн во средата. Поли нетворк (Poly Network), децентрализирана финансиска платформа која посредува во трансакции peer-2-peer, објави вест на Твитер дека е хакирана, повикувајќи се на детали за дигиталните паричници на […]

Вечер со две гитари и уметниците Булатовиќ и Никчевиќ на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на гитарското дуо Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ од Црна Гора. Срѓан Булатовиќ (доктор од областа на изведувачките уметности и класична гитара) и Дарко Никчевиќ (фламенко гитарист и дипломиран стручњак од областа на аудио технологијата) се уметници со меѓународно реноме кои повеќе години ја освојуваат музичката […]

Бијонсе и Џеј-Зи се нови амбасадори на „Тифани“


САД– Соработката со две од најголемите суперrѕвезди во Америка доаѓа кога Тифани се обидува да го освежи брендот, по нејзиното купување од страна на LVMHна Бернар Арно. Харперс Базар првпат ја објави веста во септемвриското издание, во кое главната улога ја имаше Бијонсе. Во едиторијалот проследен со големо интевју со Бијонсе, импресивната гардероба на фотосесијата […]

Пиењето вода со мраз е штетно за човековото тело


Во лето се препорачува да се пие повеќе вода, но многу луѓе прибегнуваат кон ладна, па дури и ледена вода, за да се освежат. Сепак, стручните лица наведуваат дека ладната вода може негативно да влијае на дигестивниот систем. Внатрешната телесна температура е околу 36 степени и затоа за нормална работа на телото треба да се […]

Ардерн: Нов Зеланд планира да ја отвори границата на почетокот на 2022 година


Нов Зеланд– Нов Зеланд планира да ја отвори својата граница од почетокот на 2022 година и да им овозможи на вакцинираните патници од земјите со низок ризик да влезат без задолжителниот карантин, што сега е во важност, соопшти денеска премиерката Јасинда Ардерн. Од март 2020 година, Нов Зеланд целосно ја затвори својата граница за сите, […]

Климатските промени причина за шумските пожари во Сибир


Александар Фјодоров низ прозорецот на својата канцеларија гледа во огромните шуми на сибирската република Јакутија. Ова е еден од ретките денови кога неговиот град не се задушува во портокаловиот смог од пожарите. Пламенот кој секое лето ја уништува тајгата, стана посилен за три години. Според експертите како Фјодоров, причината се климатските промени. Во Јакутск, североисточна […]

Рамос го покани Меси да се смести во неговата куќа


Франција– Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос го покани Лионел Меси да се смести во неговата куќа. Во вторникот, 10 август, ПСЖ го објави трансферот на 34-годишниот Аргентинец, на кого му  заврши договорот со Барселона. – Ако вие и вашето семејство претпочитате да живеете во куќа отколку во хотел, можете да се сместите кај мене го […]

Ин мемориам: Збогум до следна средба Сабина аблам


По кратко боледување, на 75 годишна возраст, почина една од најпознатите македонски актерки Сабина Ајрула- Тозија. Нејзината колешка и блиска пријателка Несрин Таир се простува од неа Сабина Ајрула-Тозија, една од најзначајните, најмаркантни актерки на театарската и филмската уметност во Македонија, а и во Турција последните десетина години, една од столбовите на Драмски театар, каде […]

Повеќе загинати при принудно слетување на туристички хеликоптер со 16 патници на Камчатка


Русија – Повеќе  лица загинаа при тешко слетување на хеликоптер на Далечниот Исток на Русија, во Камчатка, јави Тасс, повикувајќи се на извор од итни спасувачки служби, пренесе ДПА. -Според прелиминарните податоци, при тешкото слетување на хеликоптерот, осум лица загинаа, а останатите осум се спасени. Хеликоптерот потона, соопшти Тасс рано утринава, повикувајќи се на изворот.   […]

Во Скопје стартува Коловор фестивалот


Следејќи ги светските трендови на организирање, снимање и емитување на техно журки на локации со голема антрополошка вредност, иницирана е платформата KOLOVRT FESTIVAL, која ќе промовира локации со голема антрополошка и географска вредност, каде ќе настапуваат артисти (ди-џеи), кои продуцираат електронска музика. Целта на Фестивалот, кој почнува денеска во Скопје, е да го прикаже културното […]

Почнува Фестивалот Флипбук Филм 2021


Фестивалот на Европски авторски анимиран филм „Flipbook Film Festival 2021“ почнува денеска и ќе трае до недела. На повикот за учество пристигнаа приближно илјада кратки анимирани филмови од цела Европа, а беа селектирани вкупно 90 филмови во четири натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм. Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се […]

Барби го слави Елвис Присли со колекционерска кукла


САД– Барби го слави „Кралот на рокенролот“, Елвис Присли, со колекционерска кукла. Куклата изработена од Mattel Inc е облечена во комбинезон на Присли „Американски орел“. Присли го облече комбинезонот за време на бројните концертни настапи. Првиот RCA -сингл на Елвис, „Heartbreak Hotel“, беше објавен во 1956 година и стана првиот сингл на Елвис кој продаде […]

Политичката криза во Бугарија обесхрабрувачка за евроинтеграцијата на земјава, но разговорите Скопје-Софија на експертско ниво продолжуваат


Неуспехот на партијата победник на јулските предвремени парламентрани избори во Бугарија, „Има таков народ“ (ИТН) да обезбеди мнозинство за избор на нов владин кабинет и можноста за одржување трети парламентарни избори годинава, во Скопје се оценуваат како обесхрабрувачки вести за можноста за деблокада на евроинтеграцискиот пат на земјава. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера […]

Активни три поголеми пожари, во справувањето со огновите се вклучија и експерти од Франција, Црна Гора и САД


На територија на земјава до синоќа имаше шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други беа локализирани, а еден е ставен под контрола. Во Центарот за управување со кризи состојбата со пожарите се следи преку системот НИКС (Next generation incident command) кој дава податоци во реално време и кои потоа се дигитализираат, […]

САД со најава за објавување дел доверливи документи за Саудиска Арабија и за нападите од 11/9


САД– Во пресрет на 20-годишнината од терористичките напади на Ал Каеда врз САД, администрацијата на претседателот Џо Бајден, под притисок на семејствата на жртвите, најави дека ќе објави дел доверливи документи за кои семејствата сметаат дека можат да ја расветлат врската на Владата во Ријад и киднаперите кои ги извршија нападите. Американските власти во понеделникот […]

Вакцинирани околу половина милион граѓани, бројот на активни случаи надмина 3.000


Се засилува четвртиот бран. Вчера, по долго време, беа регистрирани осум починати од Ковид-19 во едно деноноќие и 588 новозаразени. Паралелно со зголемување на бројот на новоинфицирани и в пресрет на најавените рестриктивни мерки, значително се зголемува интересот за вакцинација. Досега се вакцинирани над половина милион граѓани. Од Министерството за здравство завчера информираа дека досега […]

Сончево и малку посвежо 


Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од  31 до 37 степени, информираат од УХМР. Во Скопје, претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе […]

На Сицилија термометарот покажа 48,8 степени


Претопло беше крај Сиракуза на Сицилија. Ако вредноста биде и официјално потврдена тоа ќе биде највисоката температура измерена во Европа кога било   Беше точно 13:14 часот во средата попладне кога термометарот на метеоролошката станица во близина на сицилијанскиот град Сиракуза покажа 48,8 степени. Секако, нормално е да е многу топло на Сицилија. Нормално е […]

Земјотрес од 7,1 степен кај Филипини, има опасност од цунами


Земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер ги погоди Филипини. Локалните власти веќе дадоа предупредување за цунами, пренесува Спутник интернационалl. Според податоците што ги објави американската геолошка служба (USGS) потресот бил на длабочина од 50 километри на оддалеченост од само 66 километри југоисточно од Бобон на Филипини. Magnitude 7.1 #earthquake off the East coast […]