Поддршка за Заев од првиот човек на НДИ Дерек Мичел за прифање авганистански цивили


Премиерот Зоран Заев доби поддршка од претседателот на Националниот демократски институт Дерек Мичел за одлуката за прифање авганистански цивили во земјава. -Националниот демократски институт го поздравува премиерот на Северна Македонија за неговата заложба да прими авганистански цивили во неволја, кои својот живот го посветиле на мирно, мултиетничко општество со еднакви права за сите. Таквото лидерство и […]

Од високите температури загрозени сите земјоделски култури, наводнувањето спас за производството


Екстремно високите и надпросечни температури што ја зафатија земјава се загрозувачки за сите земјоделски култури. Целосно ја дехидрираа почвата, а недостатокот на вода за наводнување дополнително ја влоши состојбата. Драстично е опаднато и нивото на подземните води. Според агрометеоролозите, малата промена на времето која се очекува на крајот од оваа недела со пад на температурите […]

Од бурите со прав испарува водата на Марс


Податоците од сондата „Егзомарс-ТГО“ покажуваат дека поради бури од прашина, водата од атмосферата на Марс исчезнува во вселената пет до 10 пати побрзо отколку вообичаено. Овие бури се случуваат речиси секоја година, така што тие играат важна улога во исчезнувањето на водата од „Црвената Планета“, посочуват научниците во трудот објавен во научното списание „Нејчр астрономи“. […]

Централна Хрватска ја стресе прилично силен земјотрес од 4,7 степени според Рихтер


Земјотрес беше почувствуван во централна Хрватска околу два часот наутро. Според првите податоци, епицентарот е помеѓу Петриња и Сисак, а Сеизмолошката служба известува дека јачината била 4,2 степени според Рихтеровата скала. Половина час подоцна се случи уште еден, за среќа, многу послаб земјотрес. Германскиот институт за земјотреси Геофон известува дека епицентарот бил во близина на […]

Македонија треба да прими привремено 190 цивили од Авганистан


Сѐ уште не се знае кога во Скопје ќе пристигнат 190 цивили од Авганистан кои во Македонија ќе бида привремено згрижени. Главно се работи за жени и деца на вработени лица во хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарки и други невладини здруженија. Од македонската Влада информираат дека во тек се координации и утврдување детали […]

Кои се лидерите на талибанците во Авганистан?


Шест важни личности го предводат талибанското движење, кое од 2001 година се бори против владата која има поддршка од Западот. Талибанците се борат против авганистанскатра влада во Кабул, која има поддршка од Западот од 2001 година, кога талибанците беа сменети од власт. Првично беа членовите на така наречените муџахедини, кои со поддршка на САД се […]

На Боб Дилан ќе му се суди за силување малолетничка


Боб Дилан е обвинет во Њујорк, од жена која тврди дека тој сексуално ја нападнал пред речиси 60 години, кога таа имала 12 години. Во тужбата поднесена кон крајот на минатата седмица од тужителката Џ.Ц. се вели дека Дилан го злоставувал девојчето во период од шест седмици, меѓу април и мај 1965 година. Се тврди […]

(Фото) Кабул по преземањето од страна на талибанците


Талибанските борци патролираат по улиците на Кабул еден ден по преземањето на земјата по заминувањето на претседателот Ашраф Гани.  Ал Џезира објави повеќе фотографии на кои што се гледа како изгледа главниот град на Авганистан попреземањето од страна на талибанците. Kabul the day after the Taliban takeover — in pictures https://t.co/oEz9m16hj1 pic.twitter.com/wF31GIE7la — Al Jazeera […]

Пронајдено безживотното тело на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште


Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, за МИА потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино. – Утрово екипата на Брза помош констатира смрт кај момчето. Без знаци за други надворешни повреди, рече Филипова. Телото било пронајдено во близина на местото кадешто било и давењето. […]

Огромен пожар избувна во југоисточна Франција


Голем шумски пожар избувна и брзо се прошири во регионот Вар во југоисточна Франција, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на својата страница на Твитер. „Голем пожар се шири на територијата на регионот Вар, што е олеснето од временските услови што преовладуваат. Префектот на регионот е на самото место, јас внимателно ја следам […]

САД обезбедија 500 милиони долари итна помош за авганистанските бегалци


Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да обезбеди 500 милиони долари за помош на бегалците од Авганистан, соопшти Белата куќа. Според меморандумот потпишан од Бајден, чиј текст го лиферуваше прес -службата на Белата куќа, сумата од 500 милиони долари ќе биде наменета за задоволување на итните потреби на бегалците, жртвите од конфликтот и другите изложени на […]

Зелен хуман град почнува со собирањето потписи за нивните листи на претстојните локални избори


Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ од денеска официјално го почнува процесот за собирање потписи за нивната независна листа за претстојните локални избори. -Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на денешната прес-конференција. Се работи за професионалец со висок […]

Денови на „Croatia Records“ – филм за „Новиот бран“, најновата винилна програма и последното CD на Зафир Хаџиманов


Со македонската премиера на филмот „Нов бран – 40 години подоцна“ („Novi val – 40 godina nakon“), вечер во Кинотека ќе почнат деновите на „Croatia Records“ во Скопје. По проекцијата, на летната сцена на Кинотека – „Мирно лето“, авторот Никола Кнежевиќ и Иван Беќковиќ, супервизор на „Croatia Records“ за земјава, ќе одржат трибина на која […]

Денеска завршува продолжениот рок за пријавување за реонски попишувачи и инструктори


Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но беше продолжен до 12 август и потоа уште еднаш до 17 август. Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават […]

Сончево и многу топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а […]

Авганистан под целосна власт на талибанците, Запад допрва ке гради став и стратегија


Молневитото талибанско освојување на Авганистан и особено на главниот град Кабул, и уште побрзото, речиси без никаков отпор, преземање на лостовите на власта, е шок за сите западни демократии  и влади. Овој воен „блиц криг“ во земјата во која 20 години Западот, пред се САД, вложуваа милијарди и милијарди долари во опрема, техника, персонал и […]

Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни, се работи на нивна евакуација


Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни и се работи на нивна брза евакуација. Од 75 наши граѓани во Авганистан, околу 50 вчера беа на воениот терминал на аеродрмот во Кабул, од каде чекаат лет со воен авион на американската армија за Доха, Катар, додека 25 граѓани се наоѓаат во американската база во Кабул, […]

Активни три пожари, општините формираат комисии за утврдување на штетата


Состојбата со пожарите на отворен простор полека се става под контрола, а од Центарот за управување со кризи (ЦУК) порачуваат дека човечкиот фактор е најчеста причина за избувнувањето на пожарите низ земјава, било да станува збор за намерно или ненамерно потпалување. Во моментов активни се само три од вкупно 106-те поголеми шумски пожари од кои […]

Градоначалникот на Илинден ќе се трка за петти мандат како независен


  Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на општината откако ВМРО-ДПМНЕ излезе со ново име за прв човек на оваа општина.Стојановски планира да биде независен кандидат и  ќе ги собира потребните потписи. ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нов кандидат за оваа општина, Александар Георгиевски кој не е познат […]

Бајден: „Американците нема да гинат во војна во која Авганистанците не се подготвени да се борат за себе“


Американскиот претседател Џо Бајден вечерва го прекина молкот за настаните во Авганистан. Тој го напушти одморалиштео Камп Дејвид, каде што имаше намера да престојува до среда Неочекуваниот брз пад на авганистанската влада, влегувањето на Талибанците во Кабул, хаотичните сцени на тамошниот аеродром, но и критиките на домашната политичка сцена, не му оставија можност на Бајден […]