Централна Хрватска ја стресе прилично силен земјотрес од 4,7 степени според Рихтер


Земјотрес беше почувствуван во централна Хрватска околу два часот наутро. Според првите податоци, епицентарот е помеѓу Петриња и Сисак, а Сеизмолошката служба известува дека јачината била 4,2 степени според Рихтеровата скала. Половина час подоцна се случи уште еден, за среќа, многу послаб земјотрес.
Германскиот институт за земјотреси Геофон известува дека епицентарот бил во близина на Мала Горица помеѓу Петриња и Сисак. Јачината беше 4,8 степени.

ЕМСЦ известува дека магнитудата била 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Половина час по земјотресот, сеизмолошката служба објави дека „прилично силен земјотрес се случи синоќа во 01:58 часот со епицентар во близина на Петриња. Јачината на земјотресот беше 4,2 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на V-VI степенот на скалата ЕМС. Земјотресот беше почувствуван во пошироката околина на Петриња и Сисак и во околината на Загреб ‘.

Граѓаните известуваат дека потресот траел 10 секунди, а тресење се почувствувло во Загреб, но и северно во Загорје и Меѓумурје. Земјотресот е почувствуван и во Бања Лука, Марибор, Целје …

ЕМСЦ известува дека ова е шести земјотрес за помалку од два дена што се почувствува во Хрватска.