Комичарката Кети Грифин објави дека има рак на белите дробови


САД– Кети Грифин има рак на белите дробови и се подложува на операција за да се отстрани половина од белите дробови. Шеесетгодишната комичарка ја сподели својата дијагноза денес на социјалните мрежи, истакнувајќи дека е прва фаза и дека нејзините лекари „се многу оптимисти“. „Морам да ви кажам нешто момци“, ја започна својата објава ѕвездата на […]

Мицотакис: Во Грција е најжешко од 1987 година


Грција–  Грција ја доживува својата најголема горештина од 1987 година, предупреди денеска премиерот Киријакос Мицотакис, откако синоптичарите најавија дека температурите подоцна би можеле да достигнат 45 степени Целзиусови. Интензивната топлина помогна да се разгорат пожарите кои од саботата уништија повеќе од 3.000 хектари борови и маслинови градини во западниот дел на земјата. Од граѓаните денеска […]

Филипче: Голем удел во бројот на новозаразени имаат патниците од странство


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително. – Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче во изјава […]

Вучиќ: Во наредните два месеци потпишување на договор за брзата прупа Белград-Прешево


Дека последните анализи се во тек пред потпишување на рамковниот договор за изградба на брзата пруга Белград-Ниш-Прешево, соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил. Иако изградбата на таа модерна железничка делница, каде возовите би се движеле до 200 километри на час, повеќе пати е најавувана, датумот на почетокот на работите […]

Во Иран рекорден број на новозаразени со корона вирус во еден ден


 Рекордни 37.189 нови случаи на корона вирус се пријавени во Иран.  Министерството за здравство ги објави најновите податоци за бројот на заразени и починати од последиците предизвикани од Ковид-19. Во последните 24 часа регистрирани се 37.189 случаи на инфекција, што е нов рекорд, додека вкупно 4.317 лица се хоспитализирани. Ова го зголеми бројот на заразени […]

Гори ѓубриште на вливот на Бабуна после мостот на левата страна од патот кон село Црквино


Попладнево од 13:50 минути гори ѓубриште на вливот на река Бабуна, после мостот па патот кон село Црквино во близина на Велес. Со четири пожарникари и едно противпожарно возило гаснат од ТППЕ Велес. Како што информираат за МИА оттаму, пожарот пред малку бил ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење да не се […]

Поштите на Србија и Северна Македонија потпишаа Протокол за деловна соработка во рамките на „Отворен Балкан“


Директорите на Поштите на Србија и Северна Македонија, Зоран Ѓорѓевиќ и Јани Макрадули денеска во Белград потпишаа Протокол за деловна соработка, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, јави допсиникот на МИА од Белград. Документот е потпишан три дена по Економскиот форум за регионалан соработка во Скопје, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е првиот […]

Две преведувачки на македонски литературни дела на книжевна резиденција во Скопје


Анамарија Цинеге Панзова и Марјанџела Бјанкофјоре, преведувачки на литературни дела од македонски јазик, во август ќе престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се организира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“, чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Албанија, Бугарија, Летонија, Србија, Франција, Црна Гора и Шведска, […]

За членките на ММФ на располагање 650 милијарди долари врз основа на Специјални права на влечење


САД – Бордот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри досега најголемата распределба на Специјални права на влечење (СДВ) од своите резерви, во износ од 650 милијарди долари, а таа одлука стапува во сила на 23 август. Земјите-членки на ММФ ќе имаат на располагање Специјални права за влечење – валута на Фондот конвертибилна во […]

(Видео): Во поплавите во Кина најмалку 300 жртви


Во поплавите кои ја погодија централна Кина загинале најмалку 302 лица, пренесува АФП. Десет илјади луѓе беа евакуирани на крајот на јули од поплавените куќи. Голем број на градови беа поплавени, а големото невреме продолжи да се движи кон северниот дел на Кина. Штетата, според новинарската агенција Синхуа би изнесувала околу 189 милиони долари. Еден […]

Голем скок на корона-бројките во Србија


  Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа регистрирани се уште 386 новозаразени со Ковид-19. Истовремено, починаа уште четири лица. На респиратор се осум пациенти. Во болница се луекуваат 452 лица. Епидемиолозите предупредуваат дека граѓаните не треба да се опуштаат затоа што епидемијата не е завршена. Апелираат да се вакцинираат, одобено обраќајќи се […]

Нови 54 случаи на Ковид-19, едно лице починато


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19. Починато е едно лице од Тетово, а регистрирани се 28 оздравени пациенти. Лице од Тетово, починало во болнички услови, а е на возраст од 77 години, соопштуваат од МЗ. Од 54 новозаразени, од Тетово […]

Холивуд на Капри: Гала-килимот на УНИЦЕФ ги собра ѕвездите


Италија-  Италија летово е омилена топ-дестинација на холивудските ѕвезди, манекенки и старлети од Шер до Анџелина Џоли. Брегот на Амалфи освен со прекрасните глеки, храна и ресторани ги привлече ѕвездите за хуманитарна цел- гала ќилимо на УНИЦЕФ – LuisaViaRoma. Дуетот на Кети Пери која облече две тоалети- од Пјер Карден и на Долче и Габана-со […]

Токио 2020: Симон Бајлс ќе настапи во финалето на греда


Една од најдобрите гимнастичарки на светот, Американката Симон Бајлс ќе учествува во финалето на греда на Олимпијадата во Токио, соопшти прес -службата на американската федерација за спортска гимнастика. – Симон Бајлс се враќа, објавија на Твитер и од Токио 2020. Финалето во кое ќе се појави Бајлс е закажано за утре, 3 август. Вчера, 1 […]

Се урна хеликоптер во САД, четири лица загинаа


Во хеликоптерска несреќа во Колуса, Калифорнија загинаа четири лица, јавија американски медиуми. Во соопштението на Федералната управа за авијација (ФАА) се наведува дека хеликоптер Робинсон Р66 се урнал во 13 часот и 15 минути по локално време во Колуса, северно од Сакраменто. Од канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија КХТВ изјавија дека четири […]

Пожари беснеат низ Албанија, навреме локализиран пожар што и се заканувал и на воената база Пашалиман


Последните денови Албанија е зафатена со пожари, кои се проширија речиси на целата нејзина територија. Министерот за одбрана, Нико Пелеши реагираше во врска со актуелната ситуација со бројните пожари во земјата, кои, како што изјави, ги има од југ до север. Тој вели дека структурите на цивилната одбрана се соочуваат со голем број, меѓу кои […]

Атлетичарката од Белорусија најде засолниште во полската амбасада во Токио


Белоруска атлетичарка во Јапонија за Олимписките игри се засолни во полската амбасада во Токио во понеделникот, еден ден откако одби да се качи на летот дома со својот тим. Прочитај повеќе Спринтерката Кристина Циманоска аплицираше за хуманитарна виза и планира да замине за Полска во наредните денови, изјави полскиот заменик -министер за надворешни работи, Марчин […]

Груби: Само здружени им прокосиме на препреките


 Кога Албанците, Македонците и другите се здружени, им пркосат на препреките и ги отвораат перспективите за идните генерации да живеат во мир, слобода, демократија и во пријателство со другите народи. Токму Илинден го одбележуваме како еден од тие моменти на соединување во историјата за подобра заедничка иднина за сите нас, се вели во честитката од […]

Мицкоски од Ташмаруништа повика на обединување – но против власта


Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев, порача лидерот на опозицијата   Порака за обединување во блок против актуелната власт испрати денеска од Ташмаруништа лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицковски. На одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, лидерот на најголемата опозициска партија рече дека обединувањето ќе значи […]

ВМРО-ДПМНЕ и на Илинден го обвини Заев дека бил лицемер


Веднаш по обраќањето на премиерот Зоран Заев во Пелинце, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека тој не можел да говори за обединување бидејќи ги дели граѓаните и неговите постапки биле антимакедонски. „Зоран Заев лицемерно денес говореше за илинденските и асномските идеали, истите оние кои што ги погази. Граѓаните ги паметат неговите зборови со кои ја омаловажуваше […]