(Фото галерија) Улицата „Македонија“ како депонија


Улицата „Македонија“, која  претенциозно го носи името на државата и е незаобиколна за туристите што доаѓаат во Скопје, место заштитен знак – се повеќе личи на депонија. Естетската ерозија што му се случи на Скопје најдобро се гледа на оваа улица, која е изнатрупана со тенеке тезги, купишта клупи наставани без концепција и канти за […]

Според тајни документи Клинтон одбил да се сретне со британската кралица


Англија – Според документи од кои е тргната ознаката за тајност, поранешниот американски претседател Бил Клинтон одбил да се сретне со британската кралица. Во декласифицираните документи на Даунинг стрит се вели дека за време на неговата посета на Велика Британија во 1997 година, американскиот претседател „мртов ладен“ ја одбил љубезната покана на нејзиното височество за шолја чај, со објаснување дека повеќе […]

Филипче: Можни ограничувања од есен, да се постигне колективен имунитет од 80 отсто


Вакцинацијата не е задолжителна, но во исто време размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран. Сепак, не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функцинира, да биде отворен, затоа е и всушност вакцината измислена, за […]

Дуплиран увозот на половни возила


Увозот на половни возила од странство не само што не се намалува, туку во првото полугодие од годинава е забележано повеќе од двојно зголемување на бројот на внесени стари возила во Македонија. Според податоците на Царинската управа на РСМ, импортерите на стари возила успеале да внесат 20.505 половни возила во периодот јануари-јуни 2021 година, додека […]

Училиштата во Аеродром добиваат смарт-табли


Деновиве во сите основни училишта и градинки во Општина Аеродром се поставуваат интерактивни смарт-табли. Таблите се поврзуваат со компјутер и проектор, преку кој се презентира содржината од компјутерот на работната површина на таблата. Ваквиот систем на табла го подобрува интерактивното учење, при што учениците можат истовремено да пишуваат, да цртаат и да комуницираат.

Заев не знае што и пречи на Левица во Законот за државјанство


 Се трудиме на сите да им објасниме што е важно во однос на Законот за државјанство. Не слушам која е замерката од Левица. Би ја адресирал и би ја коментирал и би ја решил ако знам која е. Тие викаат не може, блокираме и готово. Сакам да знам кој е проблемот во законот. Ние седнавме […]

Уште пет нови случаи со делта сојот во Македонија


Делта верзијата на корона вирусот почна да се шири во државата, а најголем дел од случаите се од Тетово, вели министерот за здравство, Венко Филипче. Во моментов детектирани се вкупно осум случаи на заразени со индискиот сој. Во последната недела се откриени пет случаи, од нив три во Тетово и по еден во Скопје и […]

Партиите блиску до договор за отворените листи


Партиите, според премиерот Зоран Заев, речиси ги усогласиле сите детали околу воведувањето на отворени листи за локалните избори. „Мислам дека имаме постигнато договор. Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе ги каже деталите, затоа што меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и АА-А има договор за отворени листи. Тоа не е официјализирано затоа што малите политички партии треба […]

Заев: Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување


Ниту еден предмет покренат од Специјалното јавно обвинителство нема да се изгуби со враќањето на повторно одлучување поради заминување во пензија на поротник, вели премиерот Зоран Заев. Заев на новинарско прашање по увидот на обновениот дел на Клиниката за ортопедија  истакна дека не е детално запознаен со ова прашање, но се повика на коментар на […]

„Пегаз“: Обвинителството во Париз отвора истрага за шпионирање на новинари од „Медијапарт“


Обвинителството во Париз соопшти дека отворило истрага по претставката поднесена од интернет весникот “Медијапарт” за шпионирање на телефоните на двајца негови новинари од мароканската разузнавачка служба, користејќи го израелскиот софтвер „Пегаз“.   „Броевите на мобилните телефони на Ленаг Бреду и Едви Пленел (ко-основач на весникот) се меѓу десетте илјади лица кои мароканските тајни служби ги […]

Локалните избори да се одржат на 31 октомври, ако се согласат партиите


Локанлните избори можно е да се одржат на 31 октомври, со цел да не се поклопат со Пописот, кој е закажан за септември, но за ова треба да се изјаснат сите политички партии. – Предлогот е на 31 октомври да се одржат локалните избори, за да не се совпадне кампањата со Пописот. Сите политички партии […]

Јапонија досега потроши 15,4 милијарди долари за организирање на Олимпијадата


Тоширо Муто, генерален секретар на Организациониот комитет „Токио 2020“, зборуваше за трошоците на Јапонија, земјата домаќин на Олимписките игри. – Вкупните трошоци за организација на Олимписките игри, кои беа на товар на владата на Јапонија и властите на Токио, изнесуваат 15,4 милијарди долари, рече Муто за време на 138. сесија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). […]

Ковид-19 повторно брзо се шири во Белгија, властите алармираат


Белгија-  Бројот на новозаразени од Ковид-19 во Белгија се зголемува како и хоспитализациите, властите апелираат да се остане внимателен и покрај брзото темпо на вакцинација, јави дописничката на МИА од Брисел. Епидемијата значајно се смири во текот на јуни, мерките беа олабавени, и вакцинацијата почна да се забрзува, но периодот на одмори и новиот делта […]

И Јужна Австралија ставена под клуч за да се заштити од делта сојот


Австралија– Австралиска држава Јужна Австралија денеска воведе локдаун во обидот да го спречи ширењето на делта сојот на коронавирусот и и на тој начин со повеќенеделните ограничувачки мерки им се придружи на државите Викторија и Нов Јужен Велс. Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс се бори со најтешкиот бран на Ковид-19 годинава, бидејќи бројот на […]

Албанија ги олабавува мерките – музика до 23 часот, полициски час од полноќ…


Од денес, баровите и кафулињата во Албанија имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, наместо претходно до 22 часот, полицискиот час е сè уште во сила од полноќ до 6 часот наутро, објави Техничкиот комитет на експерти, кој одлучува за мерките против коронавирусот, пренесе Танјуг. Од 15 јуни дозволено е собирање до 50 лица […]

Бројот на починати од алкохолизам во Англија зголемен за 20 отсто


Смртните случаи од заболувања на црниот дроб поврзани со прекумерна потрошувачка на алкохол во Англија скокнале за невидени 21% во 2020 година, според Агенцијата за јавно здравје Англија (ПХЕ). Официјалните бројки ја потврдуваат загриженоста од првата година на пандемијата дека луѓето со алкохолни проблеми пијат уште повеќе кога се принудени да бидат затворени во своите […]

Од 5 до 14 јули поднесени речиси 42.000 барања за лични документи


Генерално има сериозно зголемување на бројот на барања за издавање лични документи, но обрасци за сите лични документи има доволно. Службите се добро организирани и работат и секој граѓанин ќе добие личен документ за кој има потреба, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во утринската програма на МТВ. Тој наведе дека од […]

Концертот на ѕвездата на севдахот Амира Медуњанин во пулската Арена во Кинотека


На летната сцена во Кинотеката во четврток, 22 јули, во рамки на серијалот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ ќе се емитува концертот на босанската пејачка Амира Медуњанин, одржан во пулската Арена на 3-ти август 2018 година. На Арената, со Амира на сцена учествувале и музичарите Бошко Јовиќ – гитара, Анте Гело – гитара, Бојан […]

(Видео) Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е! – порачаа јавните личности со емотивни сведоштва


Десетици јавни личности од Македонија ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација чија порака гласи: Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е! Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија. Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, професорот д-р. Никола […]

САД и Германија ќе објават договор за гасоводот „Северен поток 2“


Соединетите Американски Држави и Германија наредните денови ќе објават договор за решавање на долгогодишниот спор за гасоводот „Северен поток 2“, вреден 11 милијарди долари. На минатонеделниот состанок, американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел не успеаја да ги решат несогласувањата околу подводниот гасовод, кој од дното на Балтичко море би требало да испорача […]