Една жртва во сообраќајка кај Врбјани на патот Охрид – Кичево


Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани. Според првичните информации потврдени од полицијата, незгодата се случила околу 18:20 часот, при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф“ и „Тојота“, при што смртно настрадал возачот на „голфот“. […]

Италијанскиот бизнисмен Бечети го доби спорот со Албанија на Арбитражен суд


Италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети се пофали дека го добил спорот со Албанија во Арбитражен суд, нарекувајќи го „победа во политичка војна со албанската влада“, јави дописничката на МИА од Тирана. – На историска зграда, на еден од главните плоштади во Рим, „Пјаца ди Спања“, се наоѓаат две огромни фотографии на италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети. На […]

На 84 години почина дизајнерката Мирјана Мариќ, синоним за врвна мода во СФРЈ


Србија- Познатата модна дизајнерка Мирјана Мариќ почина денеска во Белград на 84-годишна возраст. Мариќ ја воведе високата мода во Југославија и со своите модели го маѓепса светот. – Историјата на модата и модните дизајнери на Југославија започна со потписот на Мирјана Мариќ, а нејзините креации со воодушевување ги носеа првата дама на Југославија Јованка Броз, […]

Кошаркарите на САД го претрпеа првиот олимписки пораз по 2004 година (видео)


Репрезентација на САД загуби од Франција (76:83) во првото коло од групата А на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија. За американските кошаркари ова е првиот олимписки пораз од 2004 година. Пред 17 години на Олимпијадата во Атина (Грција), САД загубија во полуфиналето на турнирот од Аргентина (81:89). На другите денешни […]

Макрон: Одбивањето на вакцините не е слобода, туку егоизам


Одбивањето на вакцинирањето против Ковид-19 не е слобода, бидејќи антиваксерите заразуваат и убиваат други со нивната неодговорност и себичност, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон. За време на неговата посета на Француска Полинезија, Макрон истакна дека секој има право да се изрази, но дека не постои такво нешто како „слобода каде што никој ништо не […]

„Геокс“ си оди од Врање, Брнабиќ ќе бара нов инвеститор


Според српската премиерка Ана Брнабиќ, „Геокс“ има намера да си замине затоа што не може веќе да дава ниски плати. И други инвеститори ќе си заминеле затоа работната сила во Србија веќе не е толку евтина   Откако информациите дека италијанската фабрика за чевли „Геокс“ има намера да го напушти Врање, Србија, премиерката Ана Брнабиќ […]

Пливање на ОИ: Тинејџерот од Тунис ги шокираше сите со златниот медал на 400 метри слободно


Новинарите се сомневаа, но 18-годишниот Ахмед Хафануи рече дека работел многу напорно да ги подобри перформансите   Тунискиот тинејџер Ахмед Хафнауи предизвика едно од најголемите возбудувања на Олимписките игри во Токио досега со неверојатниот златен медал на 400 метри слободен стил – но инсистираше на тоа дека неговиот огромен личен максимум е резултат на „напорна […]

Состанок во Лондон за климатските промени


 Министрите за животна средина и претставници на 51 земја одржуваат подготвителен состанок во Лондон, клучен за успехот на климатскиот самит COP26 во Глазгов во ноември. Разговорите во Лондон под британско претседателство со COP26, во кои учествуваат и САД, Кина и Индија, се одвиваат откако по состаноците кои завршија во средината на јуни. Како што јавија […]

Груби за одлуката на УНЕСКО: Да работиме заедно за да нема повторно слични ситуации


Да ја исполниме обврската и да ги спроведеме препораките, како и да работиме заедно за да немаме слични ситуации во иднина, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во врска со одлуката на УНЕСКО со која Охридскиот регион останува на листата на заштитени подрачја.   Груби во објавата […]

Делта сојот и официјално потврден во Албанија


 Албанското Министерство за здравство и социјална заштита попладнево и официјално потвди дека во земјата циркулира Делта сојот, јави дописничката на МИА од Тирана. „Следејќи го процесот на состојбата со пандемијата на Ковид-19 од страна на Институтот за јавно здравје, чиј дел е и следење на циркулирачките варијанти, од примероците испратени до Институтот Charite во Берлин, […]

Нови 24 случаи на корона вирус, нема починати


Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Регистрирани се 24 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078 . Оздравени се шест пациенти, а нема пријавено починати лица. Во последните 24 часа се направени 4.133 тестирања, а регистрирани се 24 нови случаи на Ковид-19: • Скопје […]

Албанија: За пет години ветинг разрешени 155 судии и обвинители, 56 сами поднеле оставки


 Пет години по усвојувањето на правосудната реформа во Албанија, посебната комисија за квалификација го презентираше бројот на судии и обвинители кои не минале низ процесот на проверка за потекло на имот, процес познат како ветинг, јави дописничката на МИА од Тирана.  – Во изминатите пет години поради неможност да го оправдаат потеклото на имотот што го […]

Стефоска: Се обврзавме на засилена заедничка работа со Албанија во зачувување на статусот на Охридскиот Регион


Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Народна Република Кина, денеска донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. -Остануваме впишани на престижната листана УНЕСКО. Но, ако целото крајбрежје, целото културно наследство, ако нашите Охрид, […]

„Don’t Go Yet“: Камила Кабејо со новото видео се враќа на своите кубански-мексикански корени


САД- Во петокот, поп-вездата Камила Кабејо (24) го издаде својот последен сингл „Don’t Go Yet“, кој ќе се појави на нејзиниот претстоен албум „Фамилија“. Синглот е прв на Кабејо од нејзиниот албум во 2019 година, „Романса“.   Во живописното музичко видео за „Немој да одите сепак“, поранешната ѕвезда на Fifth Harmony  го прифаќа своето кубанско-мексиканско […]

Охридскиот регион останува на листата на заштитени подрачја на УНЕСКО


Комитетот за заштита на светското наследство на УНЕСКО на 44 сесија што се одржува во кинескиот град Фуџоу, денеска, ја усвои одлуката за состојбата на заштитеното културно и природно наследство на Охридскиот регион, со која на предлог на Босна и Херцеговина, на Македонија и Албанија им се дава дополнителен рок од две години, за имплементација […]

Путин: Руската флота е способна да открие и уништи која било цел


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург денеска изјави дека руската флота е способна да открие и уништи „која било цел“. Главната парада се одржува по повод 325-годишнината од формирањето на руската флота. – Денес, руската флота има се што е потребно за непогрешливо да ја брани татковината и нашите национални […]

Олимписката шампионка од Барселона-1992 година, учесничка на осум Олимпијади, Оксана Чусовитина ја заврши кариерата


Јапонија – Узбекистанската гимнастичарка Оксана Чусовитина објави крај на својата спортска кариера. Денес гимнастичарката учествуваше во квалификациите на турнирот во Токио, но не избори пласман во финалето. – Тоа е сè. Нема веќе да се вратам на ова. Јас веќе имам 46 години. Имам толку многу работи да направам во животот, рече Чусовитина по завршувањето на […]

Косовското МНР потврди дека 10 лица загинале во несреќата на автобусот во Хрватска


Косово – Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека во сообраќајната несреќа на косовскиот автобус кај Славонски Брод во Хрватска животот го загубиле десет лица, а 44 добиле лекарска помош во тамошната болница, јави дописникот на МИА од Приштина. Според податоците добиени до пладне од хрватските надлежни органи, косовското МНР информира дека 15 […]

Лончар: Во Србија вакцинирани 48 отсто, најголем број заразени се вратените од одмор


Србија– Министерот за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во Србија се вакцинирани 48,49 отсто од граѓаните, што не е доволно и дека сите позитивни на коронавирус се вратените од летните одмори кои се претежно невакцинирани, јави дописникот на МИА од Белград. Лончар за ТВ Пинк предупреди дека од овој проблем нема да се излезе […]

Со „Каде припаѓаме?“ почнува августовската филмска програма на Кинотека


Документарниот филм „Каде припаѓаме?“ на швајцарската режисерка Жаклин Цинд на трети август ќе биде прикажан во Кинотека. Со овој филм почнува августовската филмска програма на Кинотеката. Се работи за поетска приказна за тоа како младите се справуваат со разделбата на нивните родители. Покрај режијата, и сценариото е на Жаклин Цинд. Во филмот играат Карлтон Гогел, […]