Аца Лукас и други естрадни ѕвезди во одбрана на угледот на Александар Вучиќ


Петицијата за „одбрана на угледот“ на српскиот претседател Александар Вучиќ по обвинувањата од исказот на водачот на навивачко-криминалната група Вељко Беливук дека соработувал со претставници на владата и со самиот Вучиќ, прерасна од првичните сто потписници на над 450 имиња, претежно партиски фигури, претставници на јавни претпријатија и луѓе од естрадата. Петицијата е иницирана од […]

Кандидатката на Зелените за канцелар има нов проблем. Го кажа зборот на Н


Кандидатката на Зелените за германска канцеларка, Аналена Бербок, има уште еден проблем. На едно предавање таа го користела таканаречениот Н-збор, кој се смета за расистички. Бербок се извини. Но, критичарите велат дека тоа е лицемерно затоа што порано се бараше оставка на друг член на Зелените кој го кажа истиот збор. Кандидатката за канцелар го […]

Претставниците на Република Српска од утре не учествуваат во работата на институциите на БиХ


Ситуацијата во Босна и Херцеговина се влошува по одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница, Валентин Инцко, да се усвои закон со кој се забранува негирањето на геноцид. По состанокот на лидерите на партиите од Република Српска, што се одржа по повод законот донесен од Инцко претседателот на Собранието на Република Српска Недељко Чубриловиќ им […]

Во Британија намален бројот на новозаразени од коронавирус


Велика Британија забележа најмал број дневни случаи на Ковид-19 од 4 јули и се смета дека неодамнешниот пораст на нови случаи предизвикани од ширењето на новиот Делта сој го поминал својот врв.   Бројот на новоинфицирани паѓа шести ден по ред. Во неделата имало 29.173 случаи, а денеска 24.950 случаи. Вкупниот број новоинфицирани во текот на изминатата […]

Комисијата за европски прашања не прифати ниту еден амандман за Предлог-законот за државјанство


Членовите на собраниската Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден, го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање. Претседателот на Комисијата Арбер Адеми за МИА изјави дека амандманите биле разгледани и ниту еден не бил прифатен и усвоен од страна на членовите […]

Авионот со кој се превезувал турскиот министер за одбрана принудно слета откако удрил во птица


Авион со кој се превезувал турскиот министер за одбрана и други високи воени претставници денеска принудно слета откако удри во птица. Авион на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Гулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база […]

Болтон: Без разговори за територијални корекции, нема да има напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина


Американскиот дипломат и поранешен советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, во интервју за Косово онлајн изјави дека „се уште не знаеме каков е ставот на администрацијата на Џо Бајден кон Балканот“, но, исто така, и дека „доколку Албин Курти не е заинтересиран за договорот од Вашингтон, тогаш тој договор е мртов“, јави […]

Изјавата на Заев ја изнервира Софија


Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав сега стана главна агенда во Софија и на тамошните политичари. Изјавата на Заев дека Уставот може да се менува кога ќе станеме членка на ЕУ се разбира како порака дека се менува тонот во нашата држава околу преговорите   Во Бугарија се запалија страстите по изјавата на премиерот Зоран […]

ОИ: Јапонците досега освоија најмногу – осум златни медали


Домаќините на Летните Олимписки игри во Токио по четвртиот натпреварувачки ден го презедоа водство од САД на листата со освоени златни медали. Јапонските спортисти досега освоија осум златни одличја, едно повеќе од САД на второто и Кина со шест златни медали на третото место. Златни медали по воведните четири натпреварувачки медали освоија 23 држави. Според […]

Бајден предложи осуммина сојузни обвинители


Американскиот претседател Џо Бајден денеска номинираше осуммина кандидати за американски сојузни обвинители, вклучувајќи го и главниот федерален обвинител, кој доколку биде потврден, ќе ги надгледува постапките во процесот против лицата кои упаднаа во Капитол на 6 јануари. Метју Грејвс, адвокат и поранешен помошник обвинител на САД, е изборот на Бајден за сојузен обвинител на округот […]

Србија: До крајот од годината сите полнолетни граѓани ќе добијат уште 50 евра, пензионерите 100 евра


Сите полнолетните граѓани во Србија ќе добијат дополнителни 20 евра во декември, што значи дека пензионерите ќе добијат вкупно уште 100 евра до крајот на годината, а другите полнолетни граѓани по 50 евра, најави министерот за финансии Синиша Мали на својот Инстаграм профил. -Пензионерите во септември ќе добијат 50 евра, потоа 30 евра во ноември, […]

Бионтек ќе користи мРНА технологија против маларија


Фармацевтската компанија Бионтек денеска соопшти дека сака да ја користи технологијата мРНА, која е применета на нејзината вакцина против коронавирусот, за борба против маларијата. Германската компанија, која ја разви првата широко одобрена вакцина против коронавирусот заедно со американскиот партнер Фајзер, планира да почне клинички испитувања за безбедна и високо ефективна вакцина против маларија до крајот […]

На Табановце за влез во државата се чека околу 30 минути


Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Жан-Жулиен Рожер е првиот тенисер позитивен на коронавирус на ОИ во Токио


Јапонија– Холандскиот тенисер Жан – Жулиен Рожер го откажа настапот на Олимписките игри во Токио во конкуренција на двојки поради позитивен тест на коронавирус Рожер и Весли Кулхоф беа назначени за осми носители во конкуренција на двојки, а во првото коло ги совладаа Белгијците Сандер Жил и Јоран Влиеген со 6:3, 7:6. – За жал, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Со пресудата за 27 април се сее страв кај политичките непријатели


СДСМ ја нарече нервозна одбраната од страна на ВМРО-ДПМНЕ на лицата кои денеска беа осудени како организатори на упадот од крвавиот четврток.   -Таа само потврдува дека во  оваа партија нема никаква промена, дека таму се уште е силно присутна режимско насилничката матрица. Крвавиот настан на 27 април, на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски, […]

Во Сирија се вратиле повеќе од два милиони бегалци


Повеќе од два милиони сириски граѓани се вратија во својата татковина, изјави денеска шефот на Рускиот национален центар за државна одбрана, генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој е и шеф на Заедничкиот координативен центар за бегалците што се враќаат во Сирија. – До денеска, повеќе од 2.278.000 сириски граѓани се вратија во своите домови, над 1.362.000 се внатрешно раселени лица, а над 915.000 бегалци се дојдени од […]

Георгиевски: Македонското знаме за мене е светост, одам да победам


 Борба за највисок пласман најави таеквондистот Дејан Георгиевски, кој утре наутро ќе биде четвртиот македонски претставник со настап на Олимписките игри во Токио. Прв противник на Георгиевски ќе биде актуелниот светски првак Рафаел Алба од Куба, а борбата е закажано со почеток во 06:45 по македонско време. – Првата борба одам на светскиот првак, тоа […]

ВМРO-ДПМНЕ обвинува дека со новиот буџет ќе се задолжиме нова милијарда евра


Собранието трет ден одржува општа расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот во кој се вметнати и осумте амандмани усвоени на матичната Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа може да трае пет дена. Во текот на расправата пратениците од власта нагласија дека ребалансот е развоен и дека со него се зголемуваат средствата за инвестиции и […]

Либан доби премиер милијардер


 По консултациите со различните парламентарни блокови, либанскиот претседател Мишел Аун денеска го назначи новиот премиер на земјата, Наџиб Микати, чија влада треба да се справи со исклучително сериозните економски тешкотии во земјата, соопшти претседателската палата во Бејрут. Микати (66), милијардер и бизнисмен, кој веќе двапати беше премиер на Либан, во 2005 и 2011 година, денеска […]

Тунис на чекор да се врати кон автократија по „државниот удар“ на претседателот


Каис Саед се повика на членот за итност од уставот за да го распушти парламентот и да го смени премиерот по насилните протести против најголемата партија   Тунис, честопати споменуван како единствена успешна приказна во револуциите на Арапската пролет пред една деценија, се соочува со критичен предизвик за својата нова демократија, откако неговиот претседател Каис […]