Извештај: Стотици деца биле злоставувани во домови во Лондон повеќе децении


Англија – Неколку стотици деца биле изложени на „тешко сфатливи“ нивоа на злоупотреба и занемарување во текот на неколку децении, се наведува во Извештајот на британска независна јавна истрага за сексуално злоставување деца. Независна истрага за сексуалната злоупотреба на деца соопшти дека социјалните работници во општината Ламбет во јужен Лондон во периодот меѓу 60-те и 90-те години […]

Пандемијата ги стави Индијците во огромни долгови за лекување


Во Индија, сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, огромните сметки за здравствена заштита се ноќeн кошмар за милиони луѓе. Повеќето Индијанци немаат здравствено осигурување, а трошоците за лекување на Ковид-19 ги фрла во долгови. Според искуството на родителите на еден од пациентите, агенцијата АП дојде до информација дека досега дале повеќе од 50.000 американски долари […]

„Танец“ и „Ладо“ под ѕвездите: Најубавото од фолклорот на Антички во Охрид


„Танец и Ладо под звездите“ е вечерашниот пособен настан што се одржува во офф-програмата на „Охридско лето“, со целовечерен концерт на националните фолклорни ансамбли на С Македонија и на Хрватска на големата сцена на Античкиот театар. „Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Република Северна Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да […]

Камерниот оркестар на МMM со флејтиската Бугдана Бушевска на „Охридско лето“


Своевидна традиција на Фестивалот „Охридско лето“ се настапите на уметниците од Музичката младина на Македонија. Секое фестивалско издание тие се дел од програмата, со секогаш свежи и нови содржини. Така е и овојпат, за нивниот вечерашен настап е резервирана сцената на Катедралната црква „Света Софија“., со настапот на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија […]

Карантинот во Сиднеј продолжен за уште еден месец


Австралија–  Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска го продолжија рокот на карантин поради коронавирусот во Сиднеј за уште еден месец. Мерката е донесена поради фактот дека во Сиднеј продолжува да се шири варијантата Делта на коронавирусот. – Карантинот се очекуваше да заврши в петок, но е продолжен до 28 август, изјави премиерот на […]

Петти ден општа расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот


Собранието денеска напладне, во рамки на 47 седница, треба да ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот. Во текот на вчерашниот ден пратениците повторно ги спротивставија ставовите – оние од СДСМ уште еднаш рекоа дека ребалансот е развоен и ќе овозможи инвестиции, а нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека е за предизборен поткуп и […]

Останува предлогот за 17 октомври како датум за локалните избори, отворените советнички листи неизвесни


Предлог-датум за локалните избори останува 17 октомври согласно Изборниот законик, но засега е неизвесно дали за изборот на советници ќе има отворени листи, бидејќи за ваквиот концепт ќе се дискутира откако Собранието ќе ги донесе измените во Изборниот законик. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека според предлогот од работната група во којашто учествуваат сите политички […]

Половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани во август, наесен можни рестрикции за невакцинираните


Засега не се планираат рестрикции на границите и во организирањето помасовни настани, но можно е од есен да ги има за невакцинираните граѓани. Се размислува за ограничувања од септември или октомври за оние што не примиле вакцина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека следат што преземаат другите земји за заштита од Ковид-19, […]

Без вода дел од корисниците во Чаир


Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Кумбара“ бб, во близина на авто школа „Хирда“, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците „Исмаил Кадаре“ и дел од „Кримска“ во скопската Општина Чаир. Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираа дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот, […]

Сончево и многу топло со северозападен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9. Во […]

Владата го одобри третиот пакет проекти за 34 општини од програмата ТАВ


Владата на денешната тематска седница за третата група договори од пренаменети средства од Договорот со ТАВ, го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ, информира владината Прес-служба. – Третиот пакет опфаќа 34 општини на кои […]

Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ го нападна Апасиев дека е „лажен Че Гевара“


Еден од вмровските пратеници кој е најчесто присутен во јавноста, Бране Петрушевски, го нападна лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека е „лажен Че Гевара“ и дека неговата главна задача била да ја слабее опозицијата. Во својот пост на Фејсбук Петрушевски напиша дека „Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата. Главна задача на Левица е […]

Кејот во Скопје е пуштен, но не е целосно довршен (галерија)


Откако вчера на 26 јули, денот на скопскиот земјотрес, беше отворен реконструираниот Кеј „13 Ноември“ во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил напиша дека со новиот изглед се ослободило повеќе место за пешаците и велосипедистите. „Новото шеталиште повторно е место каде граѓаните ќе можат да уживаат под сенките на убавите дрвореди, без возила […]

Георгиевски: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност


Таеквондистот Дејан Георгиевски ги сподели вечерва со македонската јавност своите први импресии по освојувањето на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио. – Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум навистина под големи импресии и не можам да кажам ништо повеќе, рече Георгиевски во директното јавување од Токио за дневникот на телевизија […]

Германска група ги организира протестите против карантинот во Австралија


Група за заговор со седиште во Германија помогна да се водат серија протести против карантинот низ Австралија, во кои беа уапсени десетици луѓе и стотици казнети по насилните судири со полицијата. Полицијата уапси повеќе од 60 лица и казни уште 107 откако толпа од околу 3.000 лица се собра во Сиднеј во саботата да протестира […]

Во Мексико во 2020 година убиени повеќе од 36.500 луѓе


Според Националниот институт за статистика, бројот на убиства во Мексико од 36.579 во текот на минатата година во основа остана непроменет во споредба со 2019 година. Иако пандемијата на коронавирус намали многу други активности во Мексико во текот на 2020 година, бројот на убиства остана приближно до оној од 2019 година, кога беа убиени 36.661 […]

Ексминистерката за правда, Рашида Дати, обвинета за пасивна корупција и прикривање злоупотреба на власта


Франција – Рашида Дати, поранешната француска министерка за правда во мандатопт на претседателот Никола Саркози, на 22 јули била обвинета за пасивна корупција и прикривање злоупотреба на власта во истрагата за нејзините консултантски услуги за поранешниот извршен директор на групациојата „Рено-Нисан“,  Карлос Госн, јави дописникот на МИА. Канцеларијата на националното финансиско обвинителство ја потврди информацијата објавена […]

Пожарникарите спречија втора експлозија во „Хемпаркот“ во Леверкузен


По експлозијата на резервоарот со растворувачи во фабриката за хемикалии во западниот германски град Леверкузен, противпожарната единица по три часа борба со стихијата успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија, за ДПА наведе државен службеник. -Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт […]

ОИ: Табела на медали


Јапонија- З С Б Вк Јапонија                                                10 3 5 18 САД                                            […]

Град со големина на јајце уништуваше стакла и покриви на автомобили на северот од Италија


На северот од Италија денеска беснеше невреме, што попладнево се разви во пороен дожд и град, наведоа италијанските медиуми. Во текот на попладнево дојде до развој на суперќелии со уништувачка моќ,  а најлошо беше во околината на Парма, каде паѓаа големи парчиња мраз, што предизвика огромна материјална штета. Поради мноштвото уништени и оштетени автомобили, автопатот […]