СЗО предупредува од нов бран на коронавирусот во Европа


СЗО апелира за континуирана претпазливост во пандемијата и предупредува на ризик од нов корона-бран во Европа. По десет недели опаѓање, бројот на нови случаи повторно се зголемил за 10 проценти во изминатата недела Десетнеделното континуирано опаѓање на бројките на нови инфекции со коронавирусот низ цела Европа заврши и неизбежен е нов бран на пандемијата доколку граѓаните […]

Посакуваме да беше уште со нас: Вилијам и Хари заедно ја открија статуата на принцеза Дајана


Англија– По повод 60-тиот роденден на покојната принцеза Дијана, денес свечено беше откриена нејзината нова статуа поставена во дворот на Кензингтонската палата. Браќата Вилијам и Хари ги оставија настрана несогласувањата и покажаа дека семејството е на прво место. Обединети како во старите времиња, рамо до рамо, принцовите заеднички ја открија статуата на нивната мајка. На […]

Средба на Заев и Ципрас


Премиерот Зоран Заев денеска го прими претседателот на партијата Сириза,  пратеник и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас. Заев и Ципрас се согласија дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и […]

Привремено запрена спасувачката операција во Мајами, Бајден на местото на несреќата


САД – Американските власти привремено ја прекинаа спасувачката операција во близина на Мајами поради стравувања во врска со стабилноста на делот од зградата што не беше урнат. Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил пристигнаа на Флорида за да разговараат со семејствата на загинатите и исчезнатите во урнатиот објект. Во меѓувреме, бројот на […]

Потврдени 25 нови случаи на Делта сојот во Грција


Грција – На 54 се зголеми бројот на регистрирани случаи на Делта сојот во Грција, откако Националната организација за јавно здравје во денешниот, седмичен извештај за мутациите, соопшти дека се потврдени 25 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Од анализиран 1.201 позитивен случај во периодот од 31 март до 21 јуни 2021 година, 790 […]

Од понеделник патување на островите во Грција само со сертификат за вакцинација или негативен тест


Грција– Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР или рапид тест, од понеделник ќе бидат задолжителни за патување на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката, базирана на препораката на Комисијата на епидемиолози, попладнево ја соопшти заменик- министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој објасни дека од 5 […]

Мицкоски повторно го повика Заев на ТВ дуел


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел. -Го повикав Заев да излеземе на дебата, не се охрабри. Еве, повторно го повикувам на дуел, да ја кажеме вистината. Граѓаните заслужуваат да ја слушнат, рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител. Според него, исполнувањето на нашата домашна задача е […]

Заев на „Патот до Преспа“: Балканот е новата надеж на Европа


Балканот е новата надеж на Европа, Балканот е Европа. Ние денеска врз основа на нашето искуство од патот до Преспа и до договорот со Грција слободно може да го кажеме тоа со потполно право. Ние сме Европа повеќе од кога било. Ова го нагласи вечерва премиерот Зоран Заев на конференцијата „Патот до Преспа“, во рамки […]

Џеф Безос во вселената ќе носи 82-годишна жена. Која е таа?


  Вали Фанк (82) на 20 јули заедно со Џеф Безос ќе полета во вселената со комапнијата „Блу ориџин“ и така ќе стане најстара личност која патува во вселената, соопшти компанијата. Таа ќе биде четврт патник на тој лет со човечка посада кој го организира компанијата за вселенски туризам, со милијардерот, неговит брат Марк Безос […]

(Видео) Во Канада запалени уште две католички цркви, вкупно шест за една недела


 Во Канада, по откривањето на 182 необележани гробници под училиште, трето по ред, запалени се две католички цркви. Пожарникарите вчера околу 3 часот по полноќ добиле пријава дека целосно изгорела црквата „Св. Јован Крстител“, стара околу 100 години, во Моринвил, северно од градот Едмонтон, во покраината Алберта. „Пожарот почна од подрумот и веќе се разгоре кога […]

Швајцарија со нова финансиска поддршка за зајакнување на соработката на земјите од Западен Балкан


 Со договорот што денеска беше потпишан во Тирана, Фондот за Западен Балкан доби финансиска поддршка за зајакнување на соработката и засилување на размените во регионот, јави дописничката на МИА од Тирана. Договорот, вреден 900.000 евра го потпишаа швајцарскиот амбасадор, Адријан Мајтре и директорот на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓи Мура, а се однесува за поддршка […]

Словенечкото претседателство очекува формални преговори со Скопје и Тирана


Премиерот на Словенија Јанез Јанша денеска го инаугурираше почетокот на словенечкото претседавање со ЕУ во Љубљана заедно со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Двајцата потврдија дека се работи на формален старт на преговори со Северна Македонија и Албанија во наредните шест месеци, јави дописничката на МИА од Брисел. Словенечкиот премиер Јанша изјави […]

Фандакова: Софија започнува вакцинација по фирми


 Градските власти во Софија од понеделник ќе започнат да прифаќаат апликации од компании, претпријатија и деловни центри, во кои има најмалку 50 лица кои сакаат да ги вакцинираат своите вработени против „Ковид-19“, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. Како што јави дописникот на МИА од Софија,  Фандакова ќе испрати тимови за вакцинација на лице место. Апликацијата […]

Предлог-законот за учебници е повлечен, ќе има јавна дебата


Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование е повлечен од Владата за да биде ставен на јавна дебата со граѓани и групи заинтересирани да учествуваат со сугестии во конечното креирање на законското решение.   „Предлог-законот ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, […]

Пендаровски во Загреб се сретна со Месиќ и ги посети МПЦ „Св. Злата Мегленска“ и музејот на Дражен Петровиќ


Претседателот Стево Пендаровски во рамки на официјалната посета на Република Хрватска и проектот „Лице в лице со Претседателот“ ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, оствари средба со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и го посети Музејскиот меморијален центар „Дражен Петровиќ“. При посетата на „Света Злата Мегленска“, Пендаровски од страна на надлежниот […]

Се зголемува бројот на милионери во светот


САД – Во година на пандемија на коронавирусот бројот на милионери во светот надмина 20 милиони лица, покажуваат податоците на консултантската фирма Капгемини. Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе, во текот на минатата година е зголемен за 6,3 отсто, односно на 20,8 милиони лица. Вкупното богатство во сопственост на таа група луѓе […]

За власта ребалансот на Буџетот е реален, за опозицијата е кулминација на неодговорното работење на Владата


Пратениците од редовите на владејачките партии во Собранието сметаат дека предложениот ребаланс на Буџетот е реален и ќе овозможи поддршка на многу компании и граѓани, додека претставниците на опозицијата најавија дека нема да го поддржат овој предлог. Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, по почетокот на расправата за ребалансот […]

Вакцинираните во Грција ќе имаат повеќе слободи, истото важи и за туристите


Грција– Со новите мерки што од 15 јули ќе се воведат во Грција за затворените делови на угостителските објекти, кината, театрите, стадионите и спортските сали, кои може да работат или само за вакцинирани лица и оние кои прележале Ковид-19 или да бидат мешани простори, според портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, целта е заштита на […]

Џејми Ли Кертис ќе добие „Златен лав“ за животно дело на Венецискиот филмски фестивал


Италија-Холивудската актерка Џејми Ли Кертис ќе ја добие наградата „Златен лав“ за севкупна креативност на 78-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, што ќе се одржи во септември, соопштија организаторите, цитирани од Ројтерс и Асошиејтед прес. За време на фестивалот, закажан за 1-11 септември, ќе биде прикажан најновиот филм со Кертис – „Halloween Kills“. […]

Се чисти коритото на Вардар од мостот „Обединети нации“ до Железничкиот мост во населбата Хром


Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов информира дека денеска се врши чистење на критото на реката Вардар на потегот од мостот „Обединети нации“ до Железничкиот мост во населбата Хром. – Коритото од двете страни на овој потег се чисти машински од вегетација, наноси од земја и комунален отпад – информираат надлежните.