Германка добила на лото, но дознала неколку седмици подоцна


Германија– Жена го погодила џекпотот на „Баварската лотарија“, во Германија, но дознала за добивката дури неколку недели подоцна. И тоа – сосем случајно. Добивката вреди 33 милиони евра. Единствената добитничка, чие име не се споменува, купила лоз за 1,20 евра со претходно пополнети броеви. Но, го заборавила добитното ливче во својата чанта, како што пренесува […]

Пасоши ве молам: Авганистанци чекаат ред за да се спасат


Како и илјадници негови сонародници, така и Абдел Калид Набиар чека надвор од главната канцеларија за пасоши во Авганистан за да поднесе барање за скапоцениот патен документ што ќе му овозможи да ја напушти државата зафатена од војна. Со оглед на тоа што талибанците засилено напредуваат додека странските сили го завршуваат нивното повлекување, многу Авганистанци […]

Пожарите ја одложија посетата на Османи на Турција


Поради силните пожари кои се проширија во регионот на Анталија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи, како што соопшти вчера изрази поддршка за тековната масовна противпожарна акција во Турција. Инаку, Османи требаше да се сретне со шефот на турската дипломатија […]

Почина басистот на „Зи-Зи топ“ и член на Рокенрол Холот на славните, Дасти Хил


САД- Долгогодишниот басист и еден од брадестите членови на рок групата „Зи-Зи топ“, Дасти Хил, почина на 72 години во својот дом во Хјустон, потврдија неговите колеги од бендот Били Гибонс и Френк Берд. „Тажни сме поради веста дека нашиот пријател Дасти Хил почина во сон во својот дом во Хјустон. Нам и на легијата […]

На Табановце за влез во државата се чека околу 40 минути


Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 40 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните […]

ОИ: Кинеската штафета го собори светскиот рекорд на 4×200


Јапонија– Кинеските пливачки го освоија златниот медал во штафетната трка на 4×200 метри слободен стил со нов светски рекорд, испливувајќи ја патеката со време од 7:40:33 минути. Остварувањето на Јунксуан Јанг, Нихан Танг, Јуфеи Жанг и Бингџи Ли е за 1.17 секунди побрзо од досегашниот рекорд што го постави Австралија на Светското првенство во Гвангжу пред […]

Во Хрватска една третина од здравствените работници не се вакцинирани


Од 74.260 здравствени работници во Хрватска, 32,33 проценти од оние кои работат со пациенти секој ден не примиле ниту една доза од вакцина против Ковид-19, објави Јутарњи лист. Како што се наведува, 63,41 отсто од здравствените работници биле вакцинирани со првата доза, додека 57,85 проценти биле целосно вакцинирани. Повеќето лекари биле вакцинирани со првата доза, […]

Втората доза на АстраЗенека не го зголемува ризикот од згрутчување на крвта


Примањето втора доза на АстраЗенека не резултираше со зголемување на инциденцата на згрутчување на крвта кај луѓе со ниски тромбоцити, покажа најнова студија објавена во The Lancet. Резултатите од студијата покажуваат стапка на синдром на тромбоцитопенија (TTS) по втората доза на вакцина од 2,3 на милион вакцинирани, што е вообичаена бројка кај луѓето кои не […]

Мешаниот барокен квартет „Teatro alla moda” од Холандија на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на барокниот оркестар „Teatro alla moda” од Холандија. Земајќи го името од дискурсот на Бенедето Марчело (напишан во 1720), „Teatro alla moda” е ансамбл што ја негува историски автентичната интерпретација на барокната музика. Членовите на ансамблот доаѓаат од различни културни средини, но заедничкиот јазик го наоѓаат […]

САД и СЗО договорија дополнителни студии за потеклото на коронавирусот


Кувајт – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата. – На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти […]

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија


Законските измени со кои треба да се овозможи материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници денеска се пред членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика во второ читање, по скратена постапка. Согласно овие измени уште 1 100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, ќе […]

Профитот на „Фајзер“ зголемен со импресивни 59 проценти во вториот квартал


САД – Силната продажба на вакцината против Ковид-19 и други лекови му помогна на „Фајзер“ да го удвои приходот во вториот квартал од годината и да го зголеми профитот за импресивни 59 проценти. Вакцината против Ковид-19 на американската фармацевтска компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех им донесе приходи од директна продажба 7,84 милијарди долари. […]

Гугл и Фејсбук само на вакцинираните вработени ќе им дозволат да се вратат во канцеларија


САД– Интернет гигантите Гугл и Фејсбук најавија дека ќе бараат сите вработени кои работат во нивните канцеларии да бидат вакцинирани против Ковид-19. Што се однесува на Гугл, обврската ќе стапи во сила следните недели во САД, а потоа ќе опфати и други региони во светот, рече извршниот директор Сундар Пичаи. Тој појасни дека правилото нема […]

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје, дебати и договори за поврзан Балкан


 „Поврзан Балкан“ е насловен главниот панел на Регионалниот економски  форум што ќе се одржи денеска во Скопје, со учество на премиерите на Северна Македонија Зоран Заев, и на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции. На настанот ќе биде објавено […]

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин


Парагвај– Парагвајската полиција соопшти дека во предградие на Асунсион запленила над 3,4 тони кокаин, скриен во товар шеќер наменет за извоз,. Дрогата била пронајдена во контејнер во изнајмен магацин и тоа е најголемата заплена на кокаин во историјата на Парагвај. Наведено е дека истрагата траела речиси еден месец. Претходна рекордна заплена на дрога беше во […]

Повеќе пари за здравството, капитални расходи, економијата и граѓаните со усвоениот ребаланс на Буџетот


Повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права, се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2021 година што го усвои вчера Собранието. Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на […]

На собраниска седница Предлог- резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ во разговорите со Бугарија


Собранието денеска треба да продолжи со работа по 47-та седница, на чиј дневен ред е Предлог-резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачкото мнозинство најави дека нема да ја прифати резолуцијата доколку во неа не биде внесено уставното име. Во таа насока, […]

Во пораст бројот на заболени од Ковид-19, можни рестрикции за невакцинираните


Во пораст е бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие покажуваат дека при направени 3.593 тестирања се регистрирани 47 нови случаи на Ковид-19,  како и дека оздравеле 14, а нема починати пациенти. Бројот на активни ковид случаи изнесува 359 од кои 130 се […]

Температури во портокалова фаза, да се почитуваат препораките за заштита на здравјето


Шесте региони во државава Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот од денеска се зафатени од високи температури во портокалова фаза. Состојбата на топлотен бран, како што соопшти Министерството за здравство, важи на целата територија на државата. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу […]

Поставен и последниот сегмент од мостот Пељешац (видео)


Последниот, 165. сегмент од мостот Пељешац, тежок 220 тони, вечерва беше подигнат и поставен, а по инсталирање на елементот, кинеските работници го заварија, јавија хрватските медиуми. Премиерот Андреј Пленковиќ објави на Твитер дека „Хрватската територија вечерва станува единствена. Мостот Пељешац ја поврзува Хрватска. Горди сме и ви благодариме на сите“. Историскиот спој на последниот дел […]