Министерството за култура прави напори да ги исплати парите за реализирани проекти за 2020


Владата на Р.С. Македонија со заклучок од седницата одржана на 09.02.2021 год., го задолжи Министерството за култура  да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност. Министерството прави напори да ги исплати парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за  музичка и сценско-уметничка  дејност, […]

Во Бразил прекината имунизацијата на трудници


Бразилската држава Сао Паоло денеска престана да дава вакцина против корона вирус на бремени жени поради одредени фактори на ризик, откако регулаторното тело за здравство соопшти дека ниту една бремена жена не смее да прима доза на „АстраЗенека“. Министерството за здравство на државата Рио де Жанеиро исто така најави дека ќе ја прекине вакцинацијата на […]

ИЈЗ: Намалување од 37,2 отсто на нови случаи и намалување од 37,1 отсто на починати


 Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 03 до 09 мај 2021, тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови […]

Берлускони повторно хоспитализиран


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска повторно е хоспитализиран поради последици од коронавирусот, и тоа десет дена откако беше отпуштен од болница. Осумдесет и четири годишниот Берлускони синоќа бил примен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, потврдија извори од неговата партија „Форца Италија“. Од истата болница беше отпуштен на 1 мај по три неделно лекување, […]

Кинески заеми за Западен Балкан – Црна Гора е најзадолжена, каде е С. Македонија


Кинеските заеми на Западен Балкан привлекуваат сè поголемо внимание како резултат на геополитичките и економските последици, а нивниот удел во надворешните долгови на регионот веројатно ќе се зголеми, иако Кина не е главен кредитор во таа област, се наведува во анализата на УниКредит банка, јави дописникот на МИА од Белград. Веројатно најголемиот стимул за владите […]

Папата Франциск формираше служба на свештеници лаици


Папата Франциск денеска и формално создаде нов поредок на свештениците лаици, чија цел е да поттикне поголемо учество на секуларните жени и мажи во воведувањето на луѓето во католичката вера, особено во местата каде што нема доволно свештеници. Воведувајќи свештеници-лаици во службата, Католичката црква официјално ја призна праксата што се користи со векови во локалните […]

Собранието го донесе Законот за заем од Светска банка за модернизација на земјоделството


Собранието на денешната 18. седница го донесе Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Здравко Трајанов рече дека за овој проект, земјава ќе се задолжи за […]

Странските инвестиции годинава ќе достигнат три отсто од БДП, прогнозира централната банка


Народната банка за годинава очекува пораст на странските инвестиции во земјава и постепено стабилизирање на износот на дознаките од странство, но не и дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво. За годинава проекциите  во однос на странските инвестиции се дека ќе изнесуваат 3 проценти од БДП. -Странските директни инвестиции историски кај нас […]

Фото: Пожар во куќа во Радишани, едно лице евакуирано


Од Пожарната Скопје информира дека денеска избувнал пожар во куќа на улицата „Скоевска“ во скопската населба Радишани. -Благодарение на брзата интервенција на противпожарната бригада. Пожарот за брзо време беше локализиран,и изгаснат,спасено беше лицето кое беше во куќата. Нема повредени во настанот, велат од Пожарната Скопје.

Северна Македонија и Република Чешка ја зајакнуваат билатералната соработка во делот на одбраната


Северна Македонија и Чешката Република, двете сојузници во НАТО, ќе ја зајакнуваат билатералната соработка во делот на одбраната. Министерот за одбрана на Чешката Република Лубомир Метнар кој е прв министер за одбрана на НАТО кој е во официјална посета на Скопје  по нашето членство во Алијансата, подвлече дека Северна Македонија за Република Чешка е многу битен партнер […]

Силна порака на Михаел Рот: ЕУ мора да се држи до своите ветувања


По вчерашниот состанок на шефовите на дипломатиите денеска министрите за европски работи на земјите членки на ЕУ се собраа на средба на Советот за општи работи, на кој ќе се расправа за проширувањето на Унијата, за координацијата во справувањето со пандемијата со Ковид-19, како и за Конференцијата за иднината на Европа. Со состанокот претседава Ана […]

Унгарија донира вакцини за македонските полицајци


Утре, во работна посета на Македонија ќе претстојува Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија. Во рамките на еднодневната работа посета на министерот Сијарто од негова страна ќе биде предадена и донација на вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи, соопштија од министерството за надворешни работи. На пречекот на аеродромската […]

Владата одлучи: Полициски од полноќ до 4 часот, ќе работат и теретаните


По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие, подоцна да работат кафулињата, да се отворат теретаните и фитнес центрите…   Посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24 часот до 4 часот наутро наредниот […]

Хрватскиот суд ја потврди 30-годишната казна затвор за таткото кој ги фрли децата од тераса


Хрватскиот врховен суд ја одби жалбата на одбраната и ја потврди единствената казна од 30 години затвор за таткото од Задар, за обид за убиство на неговите четири деца. Тој ги фрли своите четири деца на возраст од три, пет, седум и осум години од терасата на куќата во која живееја. Во утринските часови осудениот […]

Спортските обложувалници против носењето закон за нивно оддалечување од образовните институции


Со Предлог законот за оддалечување на обложувалниците од образовните институции, преку ноќ ќе им се стави клуч на спортските обложувалници, а 10 илјади вработени ќе останат без работа, истакнаа од Асоцијацијата на спортски обложувалници денеска на прес-конференција пред Владата. -Законот во истиот момент без работа би оставил 10 илјади луѓе, тоа се само директно вработените […]

До крајот на јуни Грција планира да бидат вакцинирани жителите на сите острови


 „Сина слобода“ е насловена новата операција на грчката Влада за вакцинација на постојаните жители на островите што треба да заврши до крајот на јуни, како што денеска соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на состанокот преку видеоконференција со градоначалниците на островите, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот процес ќе ги опфати сите полнолетни жители […]

Офицер од мисија во Африка со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација.  -Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран […]

Повик за иницирање развојни проекти во Општина Аеродром


Општина Аеродром со јавен оглас вчера ги повика малите и средните претпријатија во и надвор од општината на соработка со цел да се обезбеди поддршка за оние што сакаат да развијат успешен проект, нов или подобрен производ, процес или услуга за жителите на Општина Аеродром.  Право на учество имаат сите субјекти со свои проекти или […]

Метнар: Ја поддржуваме ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија, не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија


Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.   -Чешката Република  го поддржува […]

„Учебници и настава мора да има“ во сабота на марш во Скопје и мирни протести низ другите градови


Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ во сабота ќе одржи марш во Скопје и мирни протести низ другите градови, најавија денеска на прес-конференција која се одржа пред Министерството за образование и наука. Преку тоа тие ќе ја покренат иницијативата за стопирање на донесувањето на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали […]