Лукаревска на местото на Шекеринска


Делегатите на Конгресот на СДСМ  со големо мнозинство го потврдија предлогот на партискиот лидер Зоран Заев за негова заменичка да биде избрана Сања Лукаревска. Таа  е втората заменик-претседателка на СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата. Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер […]

Неколкумина ранети во напад од автомобил во источен Ерусалим


Четворица израелски полицајци и уште неколку други лица се ранети во напад од автомобил во источниот дел од Ерусалим. Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен. – Напаѓачот е убиен од страна на полицијата, изјави Мики Розенфелд, портпарол на полицијата без да даде засега други детали. Нападот е ивршен во Шеик Џарах дел од источен Ерусалим […]

Германски експерт: Идната година веројатно нова вакцинација против корона вирусот


 Шефот на Постојаниот независен советодавен комитет на Германија за вакцини вели дека е веројатно следната година сите да треба повторно да се вакцинираат против Ковид-19. Томас Мертенс изјави за групацијата весници Функе дека сè уште нема доволно податоци за да се каже точно кога ќе бидат потребни нови дози и ќе мора да се почекаат […]

Бездомник починал на улица „Македонија“


Во саботата во 10.15 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Македонија” било пронајдено починато машко лице. Полициски службеници констатирале дека починатиот е Б.К., кој повремено го посетувал пунктот за бездомници на Црвен крст. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Гостиварец најден мртов на работното место


Во саботата, во 7.15 во СВР Тетово било пријавено дека на работно место во фирма во Гостивар бил пронајден починат Ј.Г.(58) од Гостивар. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Во експлозија на гас во Англија, загина едно дете


Во експлозија на гас во Хајшам, Ланкашир, загина едно дете, а други четири лица беа повредени пренесуваат медиумите во таа земја. Како резултат на експлозијата, две куќи се уништени, а третата е сериозно оштетена. Експлозијата се случи синоќа во 2:30 часот на авенијата Мелодајл во Хајшам, на западот од Англија, објави британскиот дневен весник „Гардијан“. […]

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Словенија


 Претседателот Стево Пендаровски утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Домаќин на состанокот којшто се одржува во Брдо кај Крањ, е претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. На состанокот, како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, […]

Синдикатот на медицински сестри во САД се противи вакцинираните да не носат заштитни маски


Најголемиот синдикат на медицински сестри во САД ја осуди препораката на Центрите за превенција и контрола на болести дека целосно вакцинираните лица не треба да носат маски во затворено и на отворено, освен ако не се бара со локални регулативи. – Новите препораки на ЦДЦ не се научно засновани, тие не го штитат јавното здравје, […]

Универзитетот „Јејл“ бара од вработените да се вакцинираат


Универзитетот Јејл бара професорите  и вработените да бидат вакцинирани против коронавирусот пред есенскиот семестар, со што ќе се прошири условот што веќе важи за студентите. Универзитетот соопшти дека членовите, вработените и академските специјализанти мора да бидат целосно вакцинирани до 1 август, иако постојат одредби за исклучоци од причини засновани на здравствени причини, религиозни или „силни“ […]

Новозаразени 62 со Ковид-19, оздравени 245 пациенти, починати 14 лица


Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 62 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 245 пациенти, починале 14 лица, а направени се 2.557 тестирања. Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.698. Од новорегистрираните 62 случаја, во Скопје се 33, Гостивар и Струмица по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3, […]

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство


Напаѓачот на италијанскиот прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да настапи за фудбалската репрезентација на Шведска на претстојното Европско првенство. Ибрахимовиќ го повреди коленото на мечот од Серија А против Јувентус минатата недела, а рехабилитацијата ќе трае околу три недели поради што нема да биде подготвен да и помогне на својата репрезентација на завршниот турнир што стартува на 11 јуни. Како […]

Мицкоски бил мета на закани од исламистички групи поради поддршката на Израел


ВМРО-ДПМНЕ извести дека по поддршката од страна на лидерот Христијан Мицкоски на правото на самоодбрана на Израел тој се соочил со големи организирани напади  од страна на радикални исламистички структури кои му се закануваат по однос на неговиот живот и животот на неговото семејство. Опозициската партија реагира што досега не виделе никаква реакција од МВР […]

Србија потроши повеќе од 4 милиони дози вакцини


Србија досега употребила повеќе од четири милиони дози од вакцините против Ковид-19, а корона-показателите последните денови се во забележителен пад но стручњаците предупредуваат дека епиемиолошката ситуација и натаму е несигурна. Според последните официјални податоци, до саботата во 22 часто во Србија се даден вкупно повеќе од 4.01 милиони дози од вакцините, а од тоа 2.279.000 […]

Косово го блокира извозот на македонско брашно


Мелничарите од земјава се соочуваат со блокада од косовска страна. Велат дека веќе 25 дена не можат да реализираат извоз зашто Косово им ги враќа камионите со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаниот правилник. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при […]

Македонски оброк од врвниот готвач Тери Пием на Евросонг: Што вкуси Гарванлиев (видео)


Васил Гарванлиев беше единствениот учесник на овогодинешното издание на Евросонг кој имаше ексклузивна можност да го вкуси македонскиот оброк на Тери Пием, но во варијанта без месо…   Врвниот шеф Тери Пием ги обедини вкусовите на Евровизија во книгата со рецепти „Вкусот на Ротердам“. Книгата содржи 41 рецепт, секој еден карактеристичен за земјите учеснички на […]

Почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на ЦК на СКМ


По кратко боледување, денеска на 85-годишна возраст, почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на Централниот комитет на СКМ од 1986 до 1989 година. Д-р Јаков Лазароски е роден на 18 октомври 1936 во Октиси. Во неговата општествено-политичка кариера, во времето на социјализмот извршувал и други важни политички функции на сојузно, југословенско и […]

Заев на Конгресот: Ги добивме сите битки изминатите четири години


Владеачката СДСМ започна со 26. Конгрес, каде треба да одбере раководен тим на партијата. Конгресот го отвори претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој оцени во говорот дека партијата носи државнички успеси, откако во претходниот мандат на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ земјата била опустошена, изолирана, а граѓаните осиромашени.Се пофали дека ги покачиле платите, пензиите, социјалната помош, […]

Скопјани од утре ќе вежбаат на шест локации на отворено


На шест локации во Скопје од утре па во наредните три месеци, во попладневните часови од понеделник до петок, граѓаните ќе можат да вежбаат на отворено со поддршка на професори и студенти од Факултетот за физичка култура, образование, спорт и здравје. Сите неопходни реквизити за вежбање ќе ги обезбеди Факултетот. Целта на оваа акција, што […]

Вучиќ објави видео од идната фабрика за вакцини во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм објави видео на кое се гледа изгледот на идната српска фабрика за вакцини. „Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата на фабрика за производство на тестови за ПЦР“, напиша Вучиќ на Инстаграм.   […]

Во Хрватска уште 480 новозаразени, почина 21 пациент


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 480 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни е 6.232. Од нив, 1.675 пациенти се на болничко лекување, а 181 на респиратор. Починаа уште 21 пациент или вкупно досега 7.708. Од почетокот напандемијата во Хрватска од корона вирус се заразија 350.390, а […]