Почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на ЦК на СКМ


По кратко боледување, денеска на 85-годишна возраст, почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на Претседателството на Централниот комитет на СКМ од 1986 до 1989 година.

Д-р Јаков Лазароски е роден на 18 октомври 1936 во Октиси. Во неговата општествено-политичка кариера, во времето на социјализмот извршувал и други важни политички функции на сојузно, југословенско и републичко ниво. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Белград, Србија. Од 1972 година како предавач, а потоа како и редовен професор, предавал предмети од областа на педагошката и социјалната психологија на Филозофскиот Факултет во Скопје.

Лазароски објавил над 70 научни трудови. Автор е и на книгите „Националната Приврзаност и Односот спрема други народи” и „Алтруистичко и Агресивно однесување“.