Владата останува посветена на препораките на УНЕСКО и го поддржува отстранувањето на дивоградбите на охридското крајбрежје


Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје што ги изведува Општина Охрид, со што ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, соопшти вечерва владината Прес-служба. Во соопштението се посочува дека […]

Радев: Предвремените избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули


Бугарија – Бугарскиот претседател Румен Радев потврди дека предвремените избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на изјавата на претседателот на Бугарија, 11 јули е најраниот можен датум за предвремени избори, откако ќе се распушти сегашното 45. Национално собрание. Сепак, веќе има реакции против […]

Германија сака да постигне климатска неутралност во 2045 година


Германија– Германската економија треба да постигне климатска неутралност уште во 2045 година – овој предлог на вицеканцеларот и министер за финансии Олаф Шолц и министерот за животна средина Свења Шулце ќе биде ставен на гласање следната недела. Како што пренесуваат германските медиуми, под притисок на претстојните парламентарни избори наесен и зголемувањето на рејтингот на Зелените, кандидатот […]

Фејсбук ја потврди забраната на Трамп за користење на сметките на социјалните мрежи


САД – Надзорниот одбор на Фејсбук денеска ја потврди одлуката за блокирање на сметката на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа светските агенции. Фејсбук на неодредено време го блокираше пристапот на Трамп до неговите сметки на оваа социјална мрежа, како и на мрежата на Инстаграм, поради стравувања од идни немири по нападот на Конгресот на 6 јануари […]

На 59 години почина Ник Кејмен, познат од рекламите на Левис 501 и од соработката со Мадона


Англија– Ник Кејмен, пејачот и модел кој направи четири рекорди кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, почина на 59-годишна возраст. Кејмен, роден во Есекс, чие вистинско име беше Ивор, се прослави преку рекламирање на фармерките Левис 501 во 1985 година, што го привлече вниманието на Мадона. Во рекламата, тој се соблече во перална, […]

Ќе се продаваат љубовните писма на ЏФК до шведска аристократка со која имал романса пред свадбата со Џеки


САД– Аукциската куќа со седиште во Бостон продава три  љубовни писма што Џон Кенеди ѝ ги напишал на една шведска аристократка што ја запознал во 1953 година – неколку недели пред да се ожени со Жаклин Кенеди. Боби Ливингстон, извршен потпретседател на RR Auction, вели дека „не би бил изненаден“ ако писмата се продаваат за […]

Жена од Мали роди девет бебиња – две повеќе отколку што очекувале лекарите


Халима Киси, 25-годишна жена од Мали, роди девет бебиња во Мароко – две повеќе отколку што лекарите претходно виделе на ултразвук. – Киси роди пет девојчиња и четири момчиња со царски рез и сите се чувствуваат добро, рече д-р Фанта Сиби, министер за здравство на Мали. Сиби додаде дека породувањата за време на кои се […]

Албанија го укина задолжителниот карантин за лица од С.Македонија и Грција


Tехничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од Северна Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.   – Освен укинувањето на задолжителниот карантин за лицата кои влегуваа во нашата земја од Македонија и од Грција, што […]

Европската централна банка против укинување на државниот долг предизвикан од кризата


Потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Луис Де Гиндос, во интервју изјави дека намалување или укинување на државниот долг на земјите членки на ЕУ би била „економска грешка“, јави дописничката на МИА од Брисел.   Де Гиндос ова го изјави во интервју за белгискиот весник Ле Соар.   Според него, доколку се укине државниот долг, […]

Потпишан договор за соработка во филмската копродукција меѓу Македонија и Франција


Северна Македонија и Франција потпишаа Договор кој се однесува на филмската копродукција помеѓу двете земји, во кој надлежни институции се Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и францускиот Националниот центар за кинематографија и анимирани слики. – Во рамките на една посета на Париз што се одржа на 23 февруари 2021, двајцата министри за надворешни […]

Нови 323 случаи на Ковид-19, 24 починати, 714 оздравени


Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања при што се регистрирани 323 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 24 починати, а оздравеле 714 пациенти, соопшти Министерството за здравство.   Од новозаболените најмногу се во Скопје – 96, по што следат Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – […]

Црвенковски без коментар за шпекулациите дека ќе формира нова партија


Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања,  велат за МИА од неговиот кабинет, а во врска со шпекулациите во јавоста дека тој планира да формира политичка партија. Премиерот Зоран Заев денеска на прашање околу ставот дека Црвенковски ќе формира нова партија, изјави дека не верува […]

Струмица – „Град на културата“ за 2021 година


На Конкурсот беа пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар   Општината Струмица годинава ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот Конкурс на Министерството за култра. На Конкурсот беа пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар. – По разгледувањето на петте пристигнати апликации, согласно приоритетите, критериумите и мерилата […]

Над 70 илјади лица имаат сопственост во фирми, помеѓу нив и 4.300 странци од 88 држави


Во регистарот на вистински сопственици се запишани приближно 70.150 различни физички лица. Од нив, 93,5 проценти се македонски државјани, 0,5 проценти се странци со регулиран престој, а останатите 6 проценти, односно околу 4.300 лица се странци, информираше денеска директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковска Јанковски. На денешната прес-конференција на која беше […]

Толковниот речник на македонскиот јазик е достапен онлајн


Толковниот речник на македонскиот јазик во шест тома од денеска е достапен онлајн и бесплатно за користење на интерактивната платформа makedonski.gov.mk, која денеска ја промовираше Владата по повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик. Авторите и редакцијата на Речникот ги подготвија печатените 4200 страници за електронското издание, откако по предлог на Советот за македонски […]

Нема да се бараат ковид пасоши за летување во Албанија


Албанскиот премиер, Еди Рама, денес изјави дека нема да им се наметнуваат посебни услови или пречки на оние кои годинава сакаат да летуваат во Албанија. Рама на прес-конференцијата рече дека влезот во земјата за сите што сакаат да го поминат летото во Албанија ќе биде полесен отколку минатата година и дека на туристите нема да […]

Битиќи: Ако е потребно во мај или јуни ќе следи седми пакет економски мерки


Треба да работиме на креирање на модели кои долгорочно ќе и помогнат на текстилната и кожарската индустрија да се подобри нивната состојба, а тоа може да се постигне со технолошко унапредување на работните процеси и да не бидат толку трудоинтензивни, туку нивните продукти да бидат поконкурентни на глобалниот пазар. На тоа во наредниот период заедно […]

Летово ќе се реконструираат 14 улици во Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес изврши увид во реконструкцијата на три улици во населба Крњево, улиците „164“, „166“ и „Хусеин Бајрам“, кои се реконструираат по повеќе од 40 години. Градежните зафати опфаќаат поставување на нов коловоз, тротоари, рабници и атмосферска и водоводна канализација. На улицата „164“ се изведува 250 метри фекална и 270 […]

Бројките за Ковид-19 растат четврти ден по ред во Србија


  СПоред последните информации, во Србија забележани се 1.402 нови случаи со кроона вирус. Починаа уште 22 пациенти. Во изминатите 24 часа тестирани се 12.647 примероци, а 3.881.861‬ од почетокот на пандемијата. Во болница се лекуваат 4.113, а на респиратор се 145 пациенти. Од почетокот на епидемијата забележани се 695.875 случаи на зараза, а починаа […]

„Блаже Конески денес“ – трибина за неговото творештво и влијанието врз македонската култура


Културно-информативниот центар – Скопје денеска организираше трибина на тема „Блаже Конески денес“, по повод сто години од неговото раѓање. На трибината, говорниците дискутираа за неговото творештво, односно што претставува неговото творештво денес во однос на македонсктата општествена, културно-просветна и научна стварност, како стимул и корпус. Директорката на КИЦ, Сермине Пурини истакна дека Конески, претставува најзначајната […]