Бројките за Ковид-19 растат четврти ден по ред во Србија
СПоред последните информации, во Србија забележани се 1.402 нови случаи со кроона вирус.
Починаа уште 22 пациенти.
Во изминатите 24 часа тестирани се 12.647 примероци, а 3.881.861 од почетокот на пандемијата.
Во болница се лекуваат 4.113, а на респиратор се 145 пациенти.
Од почетокот на епидемијата забележани се 695.875 случаи на зараза, а починаа 6.478лица.
Порано денеска претседателот Александар Вучиќ рече дека одлучено е на оние кои че се вакцинираат да има се дадат дополнителни 25 евра финансиска помош.
Сите постари од 16 години кои ќе се вакцинирата еднаш или со две дози, во текот на мај, ќе добијат по 3.000 динари. Покрај тоа, Србија постигна билатерални договори со повеќе држави за премин на границите само со потврда за вакцинација, како со Унгарија, Грција, Турција и Египет, а се преговара и до Кина, Русија, Македонија и Црна Гора.