Нов рекорд на заразени и починати од корона вирус во Индија, луѓето бегаат од градовите


  Индија во саботата јави за рекорден број новозаразени со корона вирус, кој изнесува 145.384, како и за најгоем број починати во еден ден, во последните пет месеци. Индија се бори со вториот бран од пандемијата поради кој во текот на викендот дојде до затворање на сојузната држава Махараштра. Бројот на починати нарасна за 749 […]

Кина ја казни „Алибаба“ со 2,75 милијарди долари поради монополот


Кина ѝ одреди рекордна казна од 18 милијарди јуани (2,75 милијарди американски долари) на „Алибаба Груп Холдинг“ во саботата, откако истрагата против монополот откри дека гигантот за електронска трговија ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот неколку години, јави Ројтерс. Паричната казна, околу 4 отсто од приходите на „Алибаба“ во Кина за 2019 година, се […]

Реконструикција на улицата „Лука Геров“ во Ѓорче Петров


Градот Скопје ќе ја реконструира улицата „Лука Геров“ во општината Ѓорче Петров. На оваа значајна сообраќајница целосно ќе се обноват постојниот коловоз и тротоарите, на должина од околу 1.300 метри, на потегот од железничкиот надвозник во близина на кружниот тек до црквата „Свети Петар и Павле“, до крајот на улицата каде што таа се вклучува […]

Само со релевантни информации може до борба против климатските промени


Само десет отсто од десет институции коишто имаат ингеренции во областа на справување со климатските промени, одговориле дека преземаат активности за ублажување и прилагодување кон климатските промени. Девет од нив комуницираат проблематики поврзани со темата. Дури 80 отсто рекле дека комуницираат пробламитики со граѓанските организации. Тие сметаат дека добар дел од нив имаат ниско ниво […]

Следната недела се очекуваат мерките за угостителите, теретаните и спортските центри


Мерките што Владата ги најави за угостителите, теретаните и спортските центри, кои сега се затворени, ќе бидат објавени во текот на наредната недела, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА во кое истакнува дека набргу се очекуваат и мерките од  петтиот пакет  за кои некои закони се уште се во Собранието. -И […]

Д-р Киријас: Со вакцинација можеме да се справиме со Ковид-19


Досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со Ковид-19, вели доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија во интервју за МИА. Според […]

Во Скопје 129 сообраќајни прекршоци, 31 за брзо возење


Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени 129 мерки, меѓу кои 31 за возење повеќе од дозволената брзина, шест за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и една за недавање првенство на минување пешаци. Според МВР, изречени […]

Бесими: Имаме план како да излеземе од ковид-кризата и да го забрзаме растот


Поента на Планот за финансирање на заздравувањето и забрзување на економскиот раст е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра за период 2021-2025, да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор […]

Куман за дербито со Реал: Потребен ни е најдобриот Меси и најдобрата Барса


Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар во Ла Лига со Реал Мадрид. – Неодамна постигнавме добри резултати, тимот е самоуверен. Пред нас е многу тежок натпревар против Реал Мадрид, кој напредуваше во текот на сезоната. И ние се бориме за победа. За двата тима ова е многу важен натпревар […]

За надлежните, затворањето на угостителските објекти е добра мерка пред празниците


Искуството покажа дека угостителските објекти се места каде и покрај препораките, превентивните мерки не се почитуваат. Гостите не држат дистанца и има групирања. Затоа, нивното целосно затворање е добра мерка, особено сега, во пресрет на празниците, сметаат надлежните. -Мислам дека е добра ваква мерка во пресрет на празниците. И тоа беше главниот концепт околу кој […]

Претседателот Румен Радев ќе ја свика првата седница на новиот бугарски парламент на 15 април


Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го свика новоизбраниот бугарски парламент на 15 април, пишува весникот „Труд“. Како што јави дописникот на МИА од Софија пред неколку дена, бугарскиот претседател јасно стави до знаење дека нема намера да ја одложува постапката за свикување на новоизбраниот парламент. Според бугарскиот устав, претседателот мора да го свика новоизбраното […]

Ковакс со план за испорака на третина од милијарда вакцини против Ковид-19 до средина на годинава


Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ има за цел да испорача третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината. Тоа го најави на форумот на Светска банка, Сет Беркли, директор на ГАВИ. Програмата испорача скоро 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи. […]

Дебата во време на пандемија: Дали музеите треба да продаваат скапоцени дела


Американските музеи погодени од пандемијата продаваат слики за да ги надминат разликите во приходите, при што некои одат подалеку и ги користат средствата за збогатување на колекциите, но критичарите велат дека со продажбата се врши предавство на институциите за зачувување на уметнички дела за јавноста. Музеите во САД имаат можност да продаваат дела, познато и […]

Интерпол приведе 195 осомничени за трговија со луѓе


Интерпол соопшти дека се уапсени 195 лица осомничени за трговија со луѓе во Африка и Европа и дека откритието на мрежата утврдило дека има околу 500 лица, жртви. Операцијата изведена од 28 март до 2 април, била спроведена во 24 земји на два континента, соопшти Интерпол. Меѓу тие држави се Кенија, Судан, Демократска Република Конго, […]

„Фајзер“ и „Бионтех“ бараат од американските власти одобрување за користење на нивната вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од 12 до 15 години


Фармацевтската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтех соопштија дека побарале од Управата за храна и лекови на САД да ја прошират употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на адолесценти на возраст од 12 до 15 години по итна постапка. Вакцината во моментов е одобрена во САД за лица постари од 16 години, а компаниите […]

За еден ден во светот нови повеќе од 718 илјади новозаразени со Ковид-19


Повеќе од 718.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во светот во вчерашниот ден, од кои 35 отсто се потврдени во Европа, соопшти Светската здравствена организација во дневен извештај. Во тој период, повеќе од 12.000 луѓе починале како резултат на вирусот. Според официјалните податоци на СЗО, досега во светот се регистрирани 133,5 милиони заразени и […]

Вакцинацијата продолжува со приоритетните групи, Филипче апелира за масовно пријавување


Идната недела се очекува да заврши вакцинацијата на останатите приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата. Во најголемиот пункт, салата „Борис Трајковски“, од понеделникот со вакцини „Спутник“ се имунизираат припадници на војската и полицијата, здравствени работници, наставници од прво до трето одделение и воспитувачи во градинките. Следната недела […]

Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците


Мерките против ширењето КОВИД кои се избалансирани и димензионирани согласно бројките и проценетиот ризик, дадоа резултат, пикот е зад нас, ситуацијата се стабилизира, но мора да останеме максимално внимателни, да носиме маски и да држиме физичка дистанца. Особено е важно за претстојните празници да нема групирања во верските објекти и да се остане дома за […]

Утрото сo минусни температури, преку ден до 19 степени


Времето утрово е студено, од -6 до 2 степена, а преку ден се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, слаб претежно јужен ветер и температура од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а […]

Форбс: Ова се најмладите милијардери во светот


Добро е да се биде Кевин Дејвид Лиман (Kevin David Lehmann). Осумнаесетгодишниот Лиман вреди 3,3 милијарди долари откако ги наследи акциите во германскиот синџир дрогерии „Dm-drogerie markt“ од неговиот татко Гунтер Лиман. Ова го покажа 35-тата годишна листа на милијардери на Форбс, која беше објавена на 6 април. „Dm-drogerie markt“, изворот на богатството на Лиман, […]