Приведен прилепчанец кој со потерница се барал за издржување затворска казна


На местото викано „Соларна централа“ вчера во 17:30 часот полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Старавина го привеле О.С.(40) од Прилеп, поради распишана потерница за издржување казна затвор. Како што соопшти МВР, О.С. се превезувал во патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, а при направена проверка било констатирано дека за него […]

Експерти: Бразил е закана за целиот свет, откриени 92 мутации на коронавирусот


 Бразил е на второ место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирусот, а домашните експерти предупредуваат дека врвот на сегашниот бран на епидемијата ќе биде достигнат дури за неколку недели. Брзото ширење на мутацијата на коранавирусот, која првпат беше откриена во Бразил, е главната причина за загриженост низ светот, пишува Би Би Си. […]

Поплава во кинески рудник, отсечени 21 рудар


  Во рударско окно на 1.200 метри под земја поради ненадејна поплава останаа заробени 21 рудар, јави денеска новинската агенција Синхуа. Поплавен е рудник за јаген во Хутуби во покраината Ченгџи, поради што на три места останаа заробени рудари. Синхуа јави дека засега се спасени осум луѓе. „Подземниот терен е многу сложен и го отежнува […]

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на проектот – брз автобуски превоз


Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, поточно „автобуско метро“ или „трамвај на тркала“, соопштија денеска градските власти. -Откако Собранието го усвои законот за задолжување, конечно се отвори патот Скопје да добие современ и добро организиран јавен превоз и да се придружи на друштвото од […]

Во Хрватска уште 39 жртви на корона вирус, новозаразени се 1.617


  Во последните 24 часа забележани се 1.617 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува 13.241. Меѓу нив 1.870 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор 182 пациенти. Починаа 39 лица. Од почетокот на епидемијата до денеска забележани се 292.516 лица заразени со корона […]

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка објавува висококвалитетни статистички податоци


И покрај предизвиците со пандемијата, Народната банка објавува висококвалитетни статистички податоци, коишто се усогласени со највисоките меѓународни стандарди коишто ги исполнуваат само 26 земји во светот. Особено важно е првото објавување на статистиката на финансиските сметки на крајот на минатата година. Значајно е што Народната банка ги оствари статистичките истражувања без доцнење, со задржување на […]

Благо намалување на заболени од Ковид-19, процесот на имунизација продолжува


Благо намалување на бројот на позитивни на коронавирусот се бележи во државава. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1 092 случаи, од 5 569 тестирани, но и 2003 оздравени. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизација. Се вакцинираат приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата и повозрасните […]

Илјадници луѓе на протести против рестриктивните мерките во Виена, 14 лица уапсени


Полицијата во Виена вчера уапси 14 учесници во протестите против мерките за ограничување, со кои властите се обидуваат да ја спречат пандемијата на коронавирусот. Околу 3.000 луѓе биле присутни на собирот. Полицијата соопшти дека употребила „бибер спреј“ за да ги спречи луѓето кои биле против протестот, а кои се обиделе да ги пробијат оградите за […]

Деспотовски: Една милијарда евра инвестиции и нови 14.000 работни места во овој мандат се достижна цел


Во првите три месеци од годинава се потпишани договори со три странски компании со вкупен износ од 50 милиони евра, а во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра. Канадската МАГНА која ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Струга е третата нова инвестиција за годинава, и иако поради пандемијата […]

ВМРО-ДПМНЕ прашува чије е комбето со марихуана, од власта упатуваат на одговор во фирмата


ВМРО-ДПМНЕ повторно побара одговор чије било комбето со грчки таблици кое беше запрено со 200 килограми марихуана. Од власта порачаа дека очекуваат брза и темелна истрага за сите прашања, а за сопственикот да се јават во фирмата.  -Кланот Заеви прерасна во картел Заеви и тоа го потврди МВР.По цел ден молк, МВР на Спасовски призна […]

Утре ќе се вакцинираат новинарите и медиумските работници


Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе во утре – 12 април во период од 08:20 до 10:30 часот во А1 Арена (Сала Борис Трајковски) во Скопје. Во оваа група се лицата над 40 години […]

Николовски: Не сме рамнодушни околу извештаите за корупција


Ние како Влада ги засилуваме сите механизми за борба против корупцијата кои ни стојат на располагање, а градиме и воведуваме и нови механизми за справување, искоренување и имплементација на конкретни мерки за превенција и сузбивање на високата корупција. Граѓаните треба да критикуваат постојано, но и самите да се вклучат во борбата против кариесот во општеството, […]

Текстилниот сектор e пред колапс, доцнењето на петтиот пакет испрати 6.000 текстилци на колективен одмор


Над 6.000 текстилни работници во земјава минатата недела се испратени дома, на колективен одмор, кој ќе им трае две недели. Бизнис секторот оваа одлука, која силно одекна во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани ја образложија, со тоа дека немаат ниту нови нарачки од странските партнери, ниту пак државна помош во исплата на плати, која […]

БАФТА 2021: „Nomadland“ и „Rocks“ со најмногу номинации, по седум


Англија– Наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) ќе бидат доделени во Лондон вечерва, на церемонија без публика, поради епидемијата на коронавирусот. Фаворити за оваа година се филмовите „Nomadland“ и „Rocks“, кои освоија најмногу номинации, по седум. „Nomadland“ на кинеската режисерка Клои Жао, која веќе е наградена со Златен глобус, беше номинирана […]

И во Србија прашуваат зошто е поскапа цената на маслото за јадење


Маслото за јадење во продавниците е поскапо отколку пред една година, а цената скокна за околу 30 динари во просек (15,7 денари), а некаде дури и повеќе. Минатата година откупната цена на сончогледот беше 38 динари (19,9 денари), што заедно со цената на производство на маслото за јадење, ДДВ и трговските маржи, обезбедуваше цена под […]

Како малиот Бутан за седум дена го вакцинира возрасното население


Кога Индија во јануари му подари на Бутан вакцини против Ковид-19, соседното кралство направи необичен избор. Наместо да брза да ги вакцинира сите 800.000 граѓани, Владата побара совет од телото на будистичките монаси – Џунг Дратсанг. Ѕвездите не беа поволни, оценија тие. Подобро е да се почека два месеца, а потоа да се биде сигурен […]

Хакери објавија информации за 1,3 милиони корисници на Клубхаус


Непознати хакери ги објавија податоците на 1,3 милиони корисници на социјалната мрежа Клубхаус, соопшти интернет порталот СајберЊуз. Информацијата се појави на популарен форум меѓу хакерите во мрежата. Станува збор за имиња наведени во профилите на корисниците, врски до нивните фотографии, како и информации за нивните профили на други социјални мрежи. Објавени се податоци за тоа […]

Паркот на природата „Езерани“ плени со својата разновидост и убавина


На северниот дел од Преспанското Езеро на површина од 1917 хектари се протега паркот на природата „Езерани“. Подрачјето е дел од листата значајни орнитолошки локалитети, растителни подрачја и е на Рамзарската листа на најзначајни водни живеалишта во светот. За строг природен резерват е прогласен во 1996 година од страна на Собранието на Република Македонија со […]

Поштенскиот пазар целосно либерализиран, има заинтересирани за нови лиценци


Пошта на Северна Македонија нема повеќе ексклузивно право за дел од услугите, а приватните поштенски оператори можат слободно да ги формираат цените за нивните поштенски услуги за писма со маса до 50 грама   На поштенскиот пазар во државава повеќе нема монопол. По осум години од почетокот на активностите и неколку одложувања, од почетокот на […]

Утрово сo минусни температури, преку ден до 21 степен


Времето утрово ќе биде свежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 14 до 21 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево со […]