Мадона: Контролата на оружјето е новата американска вакцина


САД– Мадона постави две видеообјави кои повикуваат на контрола на оружјето во САД, обраќајќи им се на своите следачи на Инстаграм со повикот „Разбуди се, Америка!“ – за крај на насилството со оружје. Во видеото надополнето со ознаките #WAKEUPAMERICA (Разбуди се, Америка) и #GUNCONTROLNOW (Контрола на оружјето сега), заедно со непознати луѓе на улиците и маска „фантомка“ […]

МСУ: Mакедонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години во фокусот на новата изложба


Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, и еден дел се позајмени од Националната галерија Македонија, од Музејот на град Скопје и дел од приватни колекции Од утре (вторник 20 април), во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во […]

(Видео) На Австралијците дозволено им е да патуваат на Нов Зеланд, плачеа од среќа


Средби полни солзи го исполнија аеродромот во Окленд, Нов Зеланд откако на жителите на Австралија од денеска повторно, по повеќе од една година, им е дозволено слободно патување на овој остров, јави Би-би-си. Долго очекуваниот таканаречен патнички балон на релација Австралија – Нов Зеланд значи дека патниците повече не треба да одат во карантин при […]

Британските научници ја истражуваат имунолошката реакција при повторно заразување со Ковид-19


Британските научници денеска почнаа истражување со кое поранешни пациенти заболени од Ковид-19 повторно ќе бидат изложени на коронавирус за да го испитаат имунолошкиот одговор и да видат дали луѓето ќе бидат повторно инфицирани, јави весникот Гардијан. Испитувањето врз луѓето вклучува инфицирање на учесниците, што ќе се изврши на контролиран начин. Истражувањето ќе помогне и во […]

Здравјето на Навални на дневен ред на денешната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ


Европската Унија денеска се состанува во формат на министри за надворешни работи во Советот, за да расправаат за влошената здравствена состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој се наоѓа в затвор, јави дописничката на МИА од Брисел. Од Советот изјавија дека Европската Унија е “длабоко загрижена“ поради информациите за дополнителното влошување на здравствената состојба на […]

И фудбалот ја подели Европа


Најавата за формирањето на Супер лига составена само од најбогатите клубови предизвика остри политички реакции за алчноста на сопствениците. Макрон и Џонсон гневни   Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон во неделата рекоа дека нивните влади ќе ги поддржат обидите за задушување на создавањето контроверзна европска фудбалска „супер лига“. Откако најдобрите европски […]

Макрон и Џонсон против формирањето на Супер лигата


Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон не се согласуваат со одлуката за формирање европска Супер лига, надвор од ингеренциите на УЕФА. Ниту еден француски клуб не го поддржа создавањето на Суперлигата, додека Англија ќе има свои претставници. – Претседателот Макрон ја поздравува позицијата на француските клубови да одбијат да учествуваат во Супер […]

Две лица загинаа во стравична несреќа со самоуправувачка „Тесла“ во САД


Две лица загинаа во американската сојузна држава Тексас, во сообраќајна несреќа во електромобил „Тесла“. Според надллежните во градот Хјустон, „при несреќата никој не седел на возачкото место“, како што стои во известувањето. Полицијата во Округот Харис соопшти дека едно лице е пронајдено на местото на несреќата на совозачкото седиште, а друго на задното седиште во […]

Се чека одлуката на УЕФА: Лигата на шампионите и Лигата на Европа годинава без завршница?


Европската фудбалска асоцијација наскоро ќе објави дали ќе имаат завршница Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона. По официјалната потврда за создавањето на Супер лига, на социјалните мрежи се прошири информација дека преостанатите натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа можат да бидат одложени или целосно откажани. Се очекува за брзо […]

Официјално е објавено формирање на Супер лигата, УЕФА се закани со санкции


Организаторите на Супер лигата најавија официјално формирање на новиот турнир. Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна. За претседател на Супер лигата е избран првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино […]

Совет на амбасадори: Прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање и несогледливи последици во регионот


Советот на амбасадори во соопштение до медиумите предупредува дека нонпејперот за кој деновиве пишуваат медиумите во регионот претставува опасна игра, којашто може да прерасне во „катастрофална лавина, што настанала од мала топка снег“. Советот на амбасадори со внимание ги следи првичните реакции, согледувања, размислувања и коментари за генезата на НОН ПЕЈПР-от којшто заговара промена на […]

Петмина тешко ранети во пукање во Луизијана


  Пет луѓе заврија во болница откако беа тешко ранети во пукање во продавница за алкохол во Шревепорт во Луизијана, САД, јави во неделата вечерта Ка-ес-ел-еј, телевизискиот канал придружен на Си-би-ес. Засега не е познато кој е одговорен за пукањето. Властите наведоа дека меѓу оние кои се пренесени во болница има и такви кои се […]

Во Јужна Каролина почина најстарата Американка, имаше 116 години


Највозрасната Американка, Хестер Форд, почина во саботата на 116 години, оставајќи зад себе околу 200 правнуци, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи. Афроамериканката е родена во Јужна Каролина и израснала на фарма за памук, каде што работела како земјоделка, а потоа и како дадилка. Иако не е сигурно дали е родена 1905 или 1904 година, […]

На Деновите на македонската книга во Москва претставена „Послание. Поезија на Блаже Конески на руски”


На Деновите на македонската книга што се одржаа во Московскиот дом на националностите во рамки на проектот „Читаj jа Македониjа!”, иницијаторот на проектот Олга Панкина ја претстави книгата „Послание. Поезија на Блаже Конески на руски”. Ја најави и новата поетска збирка „100 песни на Блаже Конески во препев на руски” коjа се подготвува токму за […]

Германските Зелени денеска ќе го изберат кандидатот за канцелар на изборите во септември


Партијата на германските Зелени за првпат во својата историја денеска ќе  го именува својот кандидат за канцелар за изборите во септември, јави ДПА. Двајцата кандидати, копретседателите на партијата, Роберт Хабек и Аналена Баербок, заедно ги предводат Зелените од 2018 година, од кога партијата успешно расте и се носи со бранот на зголемената популарност во земјата. […]

Мерките од петтиот антикризен пакет, конечно, стануваат функционални


По неколкумесечна блокада за реализација на петтиот пакет антикризни мерки вчера пратениците во Собранието ги донесоа законите поврзани со овој пакет. Законите беа донесени едногласно, со гласовите и на парламентарното мнозинство и на опозицијата, а од посебни кабини и облечени во скафандери гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19. Указите за овие закони ги потпиша […]

Германските конзервативци се уште поделени околу наследникот на Меркел


Германските конзервативци го пробија рокот, кој самите си го поставија, во кој треба да одлучат кој ќе ги предводи ЦДУ и ЦСУ на парламентарните избори по заминувањето на канцеларката Ангела Меркел. Христијан демократите (ЦДУ) и нивните баварски сојузници веќе подолг период водат меѓусебна битка за наследникот на Меркел, а главни кандидати се Армин Лашет, кој […]

Русија протера 20 чешки дипломати


Русија вчера протера 20 чешки дипломати еден ден откако Прага протера 18 руски дипломати. Чешките дипломати имаат рок од 24 часа да ја напуштата земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Според Москва, протерувањето на руските дипломати е продолжување на низата акции против Русија што Чешка ги презема во изминатите години. Чешка во саботата протера […]

Бугарски медиуми: За владата на ГЕРБ предводена од Даниел Митов може да се гласа уште во среда


Веќе в среда може да се гласа на новата бугарска Блада, предводена од Даниел Митов, изјавија извори од ГЕРБ за водечките бугарски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на овие гласини во медиумите, доколку претседателот, Румен Радев, утре и го врачи мандатот на партијата која освои најмногу гласови на парламентарните […]

Во САД прва доза од вакцина против Ковид-19 примиле над 50 отсто од населението


Нешто повеќе од половина од возрасната популација во САД до вчера примила барем една доза од вакцина против Ковид-19, додека речиси третина од населението добило по две дози, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). САД започнаа да ја вакцинираат популацијата пред четири месеци, а до вчера, првата доза беше дадена […]