Поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство


За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новите цени на нафтените деривати ќе важат од полноќ. Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, на дизелот 58,5 денари за литар, […]

Туристичко-угостителскиот сектор утре на протест пред Министерството за финансии – бараат поддршка


Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква што не е обезбедена до сега. Поради тоа утре 20.04.2021 година излегуваме на протест, точно на пладне пред Министерството за финансии, онаму од каде се управува со парите во државната каса и од каде најдобро […]

Филипче: Се намалува бројот на приеми на пациенти


На редовниот состанок со директорите на кликите и ковид – центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на приеми на пациенти, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. -Се надеваме дека и натаму мерките ќе […]

Навални префрлен во затворската болница


  Раководството на затворот во кој Алексеј Навални служи затворска казна од 2,5 години, соопшти дека е одлучено да го префрлат Навални во затворската болница. Затворската служба наведе дека здравјето на опозицискиот политичар е задоволително и дека секојдневно го прегледуваат доктори. Пријателите на Навални порано предупредија дека неговата состојба е лоша и дека му се […]

Мурињо доби отказ од Тотенхем


Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо повеќе нема да биде тренер на Тотенхем објавија „Телеграф“ и уште неколку други британски медиуми. Според нив, управата на лондонскиот клуб одлучила да го отпушти 58-годишниот Мурињо. „Специјалниот“ ја презеде тренерската функција на Спарс во ноември 2019 година. Неговиот договор беше важечки до летото 2023 година. По 32 одиграни кола […]

Германија: Зелените ја избраа Аналена Бербок за кандидат за канцелар


Претседателката на Зелените Аналена Баербок треба да ја предводи нејзината партија како кандидат за канцелар на федералните избори. Федералниот одбор на Зелените ја номинираше 40-годишната Бербок за челната позиција, како што потврди партијата во понеделникот. Конечната одлука нема да биде донесена до Конгресот на партијата на Зелените од 11 до 13 јуни; сепак, согласноста се […]

Франција воведе казна од 1.500 евра за непочитување на задолжителниот карантин


Патниците од Бразил, Аргентина и Јужна Африка, треба да се самоизолираат 10 дена по нивното пристигнување на француска територија, во случај на непочитување на карантинот предвидена е парична казна од 1.500 евра, јави дописникот на МИА. -Ќе има казни, тоа ќе биде казна од петта класа, која мислам дека е 1.500 евра и 3.000 евра […]

Фајзер/Бионтек ќе достават уште сто милиони вакцини на ЕУ


Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“ соопштија дека ќе ја снабдат ЕУ со дополнителни 100 милиони дози од нивната вакцина во 2021 година.   Соопштението следи по одлуката на Европската комисија да се прибегне кон опција за набавка на дополнителни дози, што е дел од договорот за предвремена набавка на вакцини потпишан на […]

(Видео) Авион слета на плажа на Флорида


Авион од периодот на Втората светска војна принудно слета во плитките води на фреквентната плажа Кокоа на Флорида, на само неколку метри од пливачите. Откако виделе дека авионот слетува кон нив, оние кои се сончале на плажа веднаш снимале со мобилните, по што видеото заврши на социјалните мрежи. Авионот што бил принуден да слета во […]

Најголемата исплатена штета е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра


Меѓу најголемите поединечни исплатени штети пет се за осигурување од задолжителна автомобилска одговорност, четири од осигурување имот. Најголемата исплатена сума за штета од каско изнесува 94.000 евра, а за покритие од зелен картон е платено обештетување од  221.000 евра Најголемата исплатена бруто штета од осигурување лани изнесува 23,5 милиони денари (382.000 евра), покажуваат официјалните податоци […]

Полициски час ќе трае уште една недела?


Комисијата за заразни болести на денешниот  состанок одлучи да достави предлог до Владата за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела. Оценката е дека има извесно подобрување на состојбата, но се уште е голем притиското врз болниците.   -Утринава одлучивме да доставиме повторно предлог до Владата, односно до владиниот Кризен штаб, овие мерки кои […]

Субвенции за велосипеди и тротинети од Град Скопје


Градот Скопје денеска ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето на овие повици ќе биде онлајн. Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира […]

Центар се приклучи на проектот на Град Скопје за паметно осветлување


  На последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки, се изгласа и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град – Smart city (Паметен Град) На предлог на градоначалникот на Саша Богдановиќ, советниците изгласаа Центар да се приклучи на останатите 10 […]

Како ќе изгледа Суперлигата? Во игра се многу пари


Европската супер лига станува реална опција и желба на најголемите клубови. Како би изгледало новото натпреварување? Супер лигата стана главна тема во светот на фудбалот, но и надвор од него. Откако се појавија информации дека 12 великани официјално ќе го објават натпреварот во недела, УЕФА реагираше веднаш, заканувајќи се со строги казни за оние кои […]

Навални може да умре во затворот


 Љубов Собол, најблиската соработничка на затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални, денеска искоментира дека нема надеж дека може да се добијат добри вести за здравјето на нејзиниот пријател, кој пред неколку недели почна штрајк со глад, јавија британските медиуми. Собол за радиото „Ехо на Москва“ изјави дека сојузниците на Навални се надеваат дека до крајот на […]

Албанија доби донација од 50.000 вакцини „АстраЗенека“ од Индија


Во Албанија пристигна пратка од 50.000 дози вакцини од „АстраЗенека“, донација од Индија. На меѓународниот аеродром во Тирана, пратката ја пречекаа министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, државниот министер за обнова, Арбен Ахметај, и амбасадорот на Република Индија во Букурешт, Рахул Шривастава. -Пристигнаа 50 илјади дози вакцина „АстраЗенека“, што веднаш ќе бидат дистрибуирани […]

Перез: Супер лигата ќе го однесе фудбалот на заслуженото место во светот


Флорентино Перез, претседател на Реал Мадрид и претседател на новоформираната Супер лига, искажа големи очекувања од создавањето на натпреварувањето. – Ќе му помогнеме на фудбалот на секое ниво и ќе го однесеме на заслуженото место во светот. Фудбалот е единствениот глобален спорт со фанови од четири милијарди луѓе. Наша одговорност, одговорност на големите клубови е […]

Автомобил „Тесла“ се заби во дрво во Тексас, двајца мртви, а никој зад воланот


  Двајца мажи загинаа во сообраќајна несреќа во Тексас откако возило „Тесла“ во кое се возеле мажоте се забило во дрво и се запалило. Надлежните потврдија дека никој не седел зад воланот. Автомобилот „Тесла модел С“, направен во 2019 година во моментот на несреќата која се случила во сабота навечер, се движел по патот во […]

Црн хумор од ВМРО-ДПМНЕ: Задоцнетата помош не била помош


Задоцнета помош не е помош, оценија денес со соопштение од партијата ВМРО-ДПМНЕ, откако со месеци го блокираа економскиот пакет мерки, а претходно и многу други одлуки кои требаше да помогнат во справувањето со здравствената криза.  оради Заев и власта, граѓаните и стопанството два месеци беа оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати апелираше петтиот пакет […]

Границите на Грција остануваат затворени уште една седмица


За македонските државјани, границите на Грција остануваат затворени уште една седмица, со оглед на тоа дека грчката Влада ја продолжи до 26 април 2021 година министерска одлука за копнените граници и забраната за влез на државјани за трети земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во новата министерска одлука, промени има за државјани на одредени […]