Одложена мировната конференција за Авганистан


 Меѓународната мировна конференција за Авганистан, закажана за подоцна оваа недела, е одложена. Ова се случи откако талибанците не се согласија со разговорите, објави „Хил“. Конференцијата требаше да почне во Истанбул в сабота и да трае до 4 мај, но Турција, Катар и ОН, кои планираа да посредуваат во дискусиите меѓу авганистанската Влада и талибанците, наведоа […]

Неискористените вакцини на „Астра Зенека“ отвораат можност за вакцинација на грчките граѓани од 30 до 39 години


Поради слободните термини и достапните количини на вакцината на „Астра Зенека“, во Грција, од следниот вторник ќе се отвори платформата за закажување термин за вакцинација на лицата од 30 до 39 години, паралелно со регуларниот процес на имунизација на повозрасните граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Вакцинација на лицата над 30 години, ја најави […]

Федерер ќе игра на АТП турнирот во Женева


Швајцарија– Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, изненади со одлуката дека ќе настапи на АТП турнирот во Женева, турнир од серијата 250 кој се игра на земјена подлога и кој е на програмата од 16 до 22 мај, една недела пред стартот на Ролан Гарос. -Ова е нешто посебно, се остварија нашите соништа. Спортот многу страдаше, мораше […]

Најмалку 182 лица уапсени за време на протестите за поддршка на Навални


– Најмалку 182 лица се уапсени денеска низ цела Русија за време на недозволени протести, со кои се бара ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални. Навални, кој започна штрајк со глад пред три недели, изјави дека неговото здравје значително се влошило. Според невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на протестите во Русија, овие апсења […]

ВМРО-ДПМНЕ не сака партиски член да биде избран во регулаторна комисија


Пратениците попладнево ја продолжија 39-та седница и расправаа за Предлогот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Гласањето за оваа точка дополнително ќе биде закажано. Пратениците од власта и од опозицијата имаа спротивставени ставови за предлогот Андреј Тасев да биде член на РКЕ. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнаа […]

Шахпаска на форум за Западен Балкан: Ромите да добијат еднаква можност во општеството


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција. Коорганизатори на форумот се Европската комисија, Светска банка, Совет на Европа  и УНДП, а учествуваа претставници на овие институции и министри од […]

Во првата половина од мај ќе се потпише финалниот договор за гасоводниот интерконектор со Грција


Во првата половина на мај делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, во која ќе биде и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе бидат во Грција каде што ќе го потпишат финалниот договор за преземање на обврски од страна на двете држави за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава, […]

Северина на насловница на крими роман: Ова ми е најубав роденден


Хрватска-Регионалната поп-ѕвезда ја краси насловницата на крими романот на славниот Макс Бункер кој го напиша Алан Форд, а како дојде до соработката, објасни на социјалните мрежи. Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Мицотакис најави олабавување на мерките по Велигден, на 15 мај старт на туризмот


Грција- Отворање на угостителските објекти на 3 мај, со скратен полициски час од 23 часот, враќање на сите ученици во училишните клупи на 10 мај и отворање на туризмот на 15 мај, заедно со укинување на забраната за движење меѓу градови, се трите точки од планот на грчката Влада за постепен излез од карантинот, што […]

Македонските граѓани на вакцинација и во Бугарија


Бугарската клиника „Комак Медикал“ од денеска започнува со вакцинација и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“. Најавуваат дека никој нема да биде вратен Македонските граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат и во соседна Бугарија. Ваквата можност ја најави бугарската агенција БГНЕС, која објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на […]

Кралицата Елизабета Втора денес наполни 95 години, се заблагодари за поддршката по смртта на принцот Филип


Англија— Кралицата Елизабета Втора се заблагодари за поддршката и љубезноста што ги добила по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, објави Асошиетед прес. Во изјавата објавена на социјалните медиуми за нејзиниот 95.роденден, и под која таа лично беше потпишана, кралицата вели дека ѝ било утеха да ги види и слушне сите пофалби за нејзиниот сопруг од […]

Која е Клои Жао, најголемиот фаворит за Оскар со „Номадленд“ (и студентка на Спајк Ли)?


САД– Изминативе месеци, 38-годишната режисерка на филмот „Номадленд“ стана првата обоена жена номинирана за најдобра режија на Оскарите. Таа е исто така најноминираната жена за една година во историјата на Оскарите, собра три дополнителни номинации за најдобро адаптирано сценарио, монтажа и како продуцент во категоријата Најдобар филм. Ако освои Оскар за најдобра режија, како што […]

Починаа 47 лица од Ковид-19, 15 починале во март во приватна болница


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, […]

Новомаалци најавуваат тужба ако се суспендира ДУП-от за градба кај „Холидеј Ин“


Жителите на скопската населба Ново Маало денеска ќе поднесат петиција до Владата и до Општина Центар која се состои од 350 потписи. Во изјава за медиумите денеска го повикаа градоначалникот на Општина Центар да издаде дозвола за почеток на градба за зградите спроти „Холидеј ин“, во спротивно најавија тужби, доколку Општината го стави Деталниот урбанистички […]

Норвешкиот Стабилизациски фонд заработи 47,5 милијари долари за првите три месеци од годинава


Норвешкиот Стабилизациски фонд соопшти дека остварил профит од 382 милијарди круни (45,7 милијарди долари) во првиот квартал, пред се поради силниот раст на цената на акциите во финансискиот и енергетскиот сектор. Најголемиот фонд во светот управува со средства во вредност од 1,300 милијарди американски долари, а во првиот квартал оствари поврат на инвестицијата од четири […]

Русија протера десет вработени од американската Амбасада во Москва


На заменик амбасадорот на САД во Москва, Барт Горман, денеска му е врачена нота, со која десет вработени во американската Амбасада се прогласени за „персона нон грата“, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи. – На 21 април, Барт Горман, заменик шеф на американската дипломатска мисија во Руската Федерација, беше повикан во […]

Србија неколку дена бележи раст на бројот новозаразени со корона вирус


  Србија, неколку дена со ред, бележи константен раст на бројот новозаразени со корона вирус, а седницата на Кризниот штаб, која требаше да се одржи денеска, одложена е за петок. Според последните податоци, денеска во Србија забележани се 2.864 новозаразени со корона вирус. Истовремено, починаа 37 пациенти. Тестирани биле 15.047. Во болница се лекуваат 6.388, […]

Остра закана на Путин до Западот: Немојте да ги преминете црвените линии


Претседателот Владимир Путин во средата строго го предупреди Западот да не навлегува понатаму во безбедносните интереси на Русија, велејќи дека одговорот на Москва ќе биде „брз и тежок“ и ќе ги натера виновниците горко да жалат за нивната постапка. Предупредувањето за време на годишното обраќање на државата на нацијата за Путин дојде во време на […]

(Видео) Берлин под солзавец


Полицијата во Берлин употреби солзавец на протестот против корона рестрикциите, во близина на зградата на парламентот, јави дописникот на Франс прес. Полицијата претходно преку разглас ги повика насобраните да се разотидат. Недалеку од зградата на Рајхстагот се собраа, според извештаите на полицијата околу 8.000 демонстранти, а некои меѓу нив носеа заштитни маски. #BREAKING Police fire […]

Заев и Царовска на ПМФ: Стратегија на Владата е повеќе пари за наставно-научниот кадар, инвестиции и поквалитетни студенти


Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го посетија Природно-математичкиот факултет и на средба со деканот Александар Скепаровски и продеканите разговараа за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука. Притоа премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор кој неколку претходни влади не успеја да го остварат. – […]