Србија неколку дена бележи раст на бројот новозаразени со корона вирус


 

Србија, неколку дена со ред, бележи константен раст на бројот новозаразени со корона вирус, а седницата на Кризниот штаб, која требаше да се одржи денеска, одложена е за петок.

Според последните податоци, денеска во Србија забележани се 2.864 новозаразени со корона вирус.

Истовремено, починаа 37 пациенти. Тестирани биле 15.047. Во болница се лекуваат 6.388, од кои 228 се на респиратор.