Илхан Ќучук вели дека Бугарија во очите на Европа веќе не е сила што балансира


Како што Бугарија влегува во своевидна политичка неизвесност, а ГЕРБ се откажа од мандатот да ја формира идната влада, некои политичари почнаа појасно да ги изразуваат своите ставови околу блокадата на Софија на европските аспирации на Скопје. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук денеска за Бугарското национално радио изјави дека од недоразбирањето меѓу […]

Азири: Предлог-законот за државајнство, в понеделник, ќе го доставиме до владиното мнозинство


– Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Елми Азири на денешна прес-конференција во Собранието. Азири изјави […]

Германија не ја ограничува употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“


 Германија нема да ја ограничи употребата на вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ поради случаи со згрутчување на крвта, изјави денеска директорот на државната комисија за вакцинација. – Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е безбедна и ефикасна, особено кај луѓето постари од 60 години, објасни во интервју директорот на Институтот „Пол Ерлих“, Клаус Цичутек. […]

Четириесет и едногодишна кавадарчанка пронајдена почината, телото на обдукција


Четириесет и едногодишна кавадарчанка била пронајдена почината, синоќа во дом во Кавадарци, попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Голем пад на бројките новозаразени и починати со Ковид-19 во БиХ


  Во Босна и Херцеговина забележани се помалку од 400 нови случаи со корона вирус, а бројот на починати е двојно помал од претходните денови, па во таа земја решија повторно да ги отворат скијалишата. По тестирање на 3.300 примероци, заразата е потврдена кај 362 луѓе, а починаа 39 пациенти. Во претходните два дена новозаразени […]

Филипче: Од голема важност за здравството е поддршката што ја добиваме од Италија


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. На средбата, соопшти Министерството за здравство, тие разменија ноти во врска со Договорот од 2006 година меѓу Италијанската Република и Република Северна Македонија во врска со „Програмата за рационализација на здравствениот систем и за модернизација на биомедицинска опрема“. Со ова, како што […]

УНЕСКО по повод Светскиот ден на книгата: Книгите имаат посебна способност да разонодуваат и да поучуваат


Книгите имаат посебна способност да разонодуваат и да поучуваат. Тие се средство за истражување на светови вон нашето лично искуство преку запознавање со различни автори, идеи и култури. Тие се средство за пристапување до најдлабоките места во нашиот ум, се вели во пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле по повод Светскиот ден на […]

„МГ Фешн“: Ќе изгубиме десетици милиони евра, ако Центар го суспендира планот за „Гранд“


Компанијата „МГ Фешн“, во консултација со својот адвокатски тим, има основа за целосно легитимна правна постапка за претрпена штета, доколку Општина Центар донесе одлука за суспензија на Деталниот урбанистички план со кој е засегната „МГ Фешн“ како инвеститор на проектот „Гранд Скопје“,  наведе денеска во соопштение компанијата. Евентуалното прифаќање на иницијативата да се искористи законската […]

Заев го повика Груевски да си дојде дома


Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта. Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне,  многу поцелисходно би било тоа да го прави […]

Пад на бројот заразени, денеска само 489, починаа 33 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на Ковид-19, што изнесува 17,2 отсто од примероците. Најмногу од нив се во Скопје. Бројот на активни случаи падна под 18.000. Нови инфекции според градови: Скопје – 155, Битола – 52, Куманово – 47, Прилеп – 27, Струмица – 25, Охрид […]

Вучиќ: Србија обезбеди вакцини за 185.000 граѓани од регионот


Србија– Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија од почетокот на кризата испратила околу 120.000 вакцини во земјите од регионот, додека во самата Србија вакцинирала околу 65.000 граѓани од тие земји и најави дека процесот на вакцинација ќе продолжи, бидејќи ниту една земја не може да го реши сама проблемот, јави дописникот на МИА од Белград. […]

Филипче: Близу 20.000 жени добија пристап до гинеколошка здравствена заштита во ординацијата во Шуто Оризари


Во новоотворената гинеколошка ординација во населбата Шутот Оризари пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита ќе добијат близу 20 илјади жени коишто живеат во оваа населба, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска  ја посети Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на ординација на матичен гинеколог. -Денеска можеме да одбележиме еден навистина значаен настан, нешто […]

Кривична пријава за поткуп за инспектор од Тетово и негов помагач


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 22.04.2021, соопштија денеска од МВР, А.Р., вршејќи службена должност во Кичево, од […]

Навални го прекина штрајкот со глад


 Рускиот опозиционер Алексеј Навални, објави дека го прекинува штрајкот со глад. Информацијата ја објави на својот профил на Инстаграм. Во текстот, Навални (44) вели дека тоа го прави за добрите луѓе на светот кои не останале рамнодушни на неговата судбина. „Ви благодарам и нема да ве изневерам“, нагласува тој. Неговиот протест почна откако неговата здравствена […]

Митрески: Се надевам дека по вакцинацијата ќе се нормализира работата на Собранието


 Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески денеска изјави дека сите пратеници на владејачката партија биле дојдени на вакцинација, но дека се консултираат со лекарите за тоа дали може да ја примат вакцината против Ковид-19. Пратениците од македонското Собрание денеска се вакцинираат со првата доза од вакцината Спутник V. -Од нашата пратеничка група сите […]

Судски ќе се раскинува договорот за изградба на катна гаража кај „АвтоМакедонија“


На 5 јули годинава во Основниот граѓански суд Скопје ќе се одржи подготвително рочиште за раскинување на договор поврзан со купопродажба на државно градежно земјиште со јавно наддавање.  Договорот кој ќе биде предмет на раскинувањето се однесува на просторот кај паркингот до „АвтоМакедонија“, во Градскиот Ѕид. Земјиштето било оттуѓено примарно од страна на Министерството за […]

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување


Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, како соизвршители, на 8 април […]

Лондонската уникатна улица „Сесил корт“ со мноштво книжарници и антикварници


Англија– Во Лондон има една улица, која потекнува од 17. век, и е рај за љубителите на книгата… На неа има 20-тина книжарници и антикварници каде што се продаваат уникатни литературни дела, а нејзиниот прекар е „Редот на продавачите на книги“. Улицата „Сесил Корт“ е како скриен скапоцен камен, бидејќи се наоѓа во област во […]

Скопје доби нов хотел со пет ѕвездички-Лимак Скопје Хотел


Од денеска во центарот на главниот град под слоганот „Круната на Скопје“ почна со работа ексклузивниот хотел со пет ѕвездички Лимак Скопје Хотел. Хотелот е дел од големата мултифункционална градежна инвестиција на турската компанија Лимак Холдинг со вкупна вредност од 250 милиони евра.Лимак Скопје Хотел има капацитет од 285 легла во вкупно 142 соби, од […]

Мицковски се согласил место 20 отсто неодредени да стои „Албанци“ во Уставот?


Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно се извинил за 27 април, и дека тоа е голема порака. Таравари рече дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот […]