Македонски ПЕН Центар по повод смртта на Богомил Ѓузел – Ултимативна поезија на егзистенцијалниот револт


Македонскиот ПЕН центар со длабоко жалење ја известува јавноста за заминувањето на Богомил Ѓузел, еден од најзначајните македонски и меѓународно ценети поети, луциден и виспрен ерудит, сeстрано љубопитен интелектуалец, есеист, прозен и драмски автор, антологичар и преведувач. Роден е на 19 јануари 1939 год, во Чачак, почина на 22 април 2021 год во Скопје. Дипломира […]

Шаленберг: Донацијата на 651.000 дози вакцини е доказ за посветеноста и солидарноста на ЕУ кон Западен Балкан


Австрија веднаш го прифати барањето на Европската комисија во февруари за координација при испорака на вакцини за Западен Балкан, бидејќи регионот е приоритет за австриската надворешна политика, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг. Станува збор за програмата на ЕУ за помош на соседните земји и Африка, со која Виена ќе […]

Исчезнатата индонезиска подморница денеска може да остане без кислород


Индонезиските спасувачки екипи денеска предупредуваат на најлошиот можен исход од потрагата по исчезнатата подморница, затоа што сметаат дека е можно екипажот во неа да останал без кислород. Би-Би-Си наведува дека постои стравување дека подморницата со 53 члена на екипажот ќе биде изгубена засекогаш, а портпаролот на армијата претходно изјави дека во неа ќе има доволно […]

Германија ноќеска воведе нови, построги мерки против ширењето на коронавирусот


Во Германија од ноќеска, на полноќ, стапија на сила измените во Законот за заштита од инфекции, што на федералните власти им овозможуваат автоматско воведување на построги мерки во борбата против Ковид-19, вклучувајќи и забрана за движење меѓу 22 и 5 часот наутро, во градовите и општините со седумдневна инциденца повисоки од 100 новоинфицирани на 100.000 […]

Собир во Ереван за сеќавање за годишнината од масакрот врз Ерменците во 1915 година


Речиси 10.000 луѓе се собраа синоќа во Ереван на годишнината од масакрот од 1915 година во Ерменија, за време на Отоманската империја. Насобраните носејќи факели, тргнаа кон центарот на градот до споменикот на жртвите од масакрот, а некои од нив пееја патриотски песни на звуците од тапани. Активисти на националистичката и опозициската партија Ерменската револуционерна […]

Бајден му кажал на Ердоган дека ќе го признае масакрот врз Ерменците од 1915 година за геноцид


Американскиот претседател Џо Бајден во вчерашниот телефонски разговор му порачал на турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган дека има намера да ги признае масакрот од 1915 година и присилната депортација на Ерменците за геноцид, изјавија извори запознати со разговорот на двајцата лидери. Британските медиум и пренесуваат дека потегот, што се очекува денеска да биде официјализиран, веројатно […]

Администрацијата на Бајден се соочува со глобален тест во Тајван и во Украина


Со движењето на воени бродови, продажба на опрема и дипломатска реторика, САД ретко кога биле покатегорични дека стојат покрај своите сојузници во Украина и во Тајван. Сепак, останува нејасно што точно значат сите тие декларации. И Москва и Пекинг наизглед се обидуваат да ја тестираат администрацијата на Бајден, иако таа започна со работа пред помалку […]

Вакцинирани над две третини од пратениците, имунизацијата на владините претставници по Велигден


Во спортската сала А1 Арена – Борис Трајковски вчера започна вакцинацијата на пратениците со вакцината „Спутник В“, додека паралено продолжи и вакцинацијата на постарите граѓаните. Министерот за здравство Венко Филипче најави пристигнување на околу 26.000 дози од вакцината „Фајзер“ и 200.000 на „Синофарм“ до 28 април, потенцирајќи дека имунизацијата поинтензивно ќе продолжи да се спроведува […]

Поддршка од повеќе страни за европерспективата на Северна Македонија, Австрија се нуди да посредува меѓу Скопје и Софија


Поддршка за евроинтеграциските процеси на нашата земја во текот на вчерашниот ден беа изразени на средбата на претседателот на Владата, Зоран Заев со евроамасадорот Дејвид Гир и при телефонскиот разговор со шведскиот премиер Стефан Левен, на средбите на вицепремиерот Никола Димитров со неговите домаќини во Литванија, како и од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас. […]

Почнува обуката за примена на новите наставни програми во прво и четврто одделение


Министерството за образование и наука денеска ќе организира обука наменета за обучувачите кои треба да ги подготват наставниците како да ги применуваат новите наставни програми за прво и четврто одделение, во кои од учебната 2021/2022 година треба да почне спроведувањето на новата Концепција за основно образование. На настанот ќе присуствува и ресорната министерка Мила Царовска. […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје, претежно […]

Изборен молк во Албанија пред утрешните парламентарни избори


По едномесечната изборна кампања, која се одвиваше многу поразлично од досегашните, поради пандемијата со Ковид-19, денeска во Албанија е изборен молк, пред утрешните деветти по ред парламентарни избори во земјата. Кампањата во двата најголеми политички табора, Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и демократската на Љуљзим Баша, која ја предводи изборната коалиција „ПД-Алијанса за […]

Канадскиот премиер се вакцинира со Астра Зенека


Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против корона вирусот. Трудо се вакцинираше со Астра Зенека во една аптека во Отава. – Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата. Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со Ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година. 

Мирослав Грчев: Приказната за мораториумот за градење е анахрона


„Слушам и гледам со периферен вид дека се случува голема дебата во јавноста, во медиумите, доби и некакви институционални форми, но изградабата на згради кај ‘Холидеј Ин’ јас не можам да ја ставам на исто рамниште со дискусијата и сечата на дрвјата на Водно и уништувањето на парк шумата и белите дробови на градот. Во […]

Шилегов: За објектот „Гранд“ не треба да се отстапува само од ГУП


 Мора да се почитува законот и параметрите од Генералниот урбанистички план и со нив да се усогласат деталните урбанистички планови. Тоа е нешто што треба да го сработат урбанистите, смета градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за проектот „Гранд“ предвиден на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“. Во гостување во Дневникот на ТВ Сител, Шилегов рече дека […]

Бомгартнер: Нон-пејперот е пробен балон кој полека издишува


  Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер, изјави дека големи се шансите лансираниот нон-пејпер во јавноста да биде само пробен балон кој, според реакциите кои се негативни, полека издишува. Тој додаде дека Европа нема во план прекројување на границите на ниту една земја од Балканот. – Сите реакции беа негативни во однос на нон […]

Во Франција убил полицајка, викал „Алаху акбар“


  Маж во франција со нож избоде и уби полицајка, во полициската станица во близина на париз, по што него го убиле другите полицајци, пишува Фигаро. Напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“, наведува АСФП. Инцидентот се случил денеска околу 14.20 часот, наведува полициски извор и додава дека и жртвата и напаѓачот се мртви. […]

Над две третини од пратениците вакцинирани, никој не им ветил „Фајзер“


Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за емисијата „Само вистина“  изјави дека кај пратениците има голем интерес да се вакцинираат и оти очекува работата на Парламентот да се нормализира кон средината на мај. – Две третини од пратениците се вакцинирани до 16 часот. Немам информации уште колку се вакцинирале до 18 часот. Но, интересот за вакцинација кај пратениците е голем, […]

Американската HTEC Group го претстави во Владата планот за инвестиција во ИТ-секторот


Премиерот Зоран Заев денеска прими претставници на американската компанија за софтверско инженерство HTEC Group, а главниот оперативен директор на групацијата, Дејвид Шох, му претстави амбициозен план за инвестиции на компанијата во регионот, кој вклучува формирање центар за развој во Северна Македонија.   Како што соопшти владината прес-служба, компанијата обезбедува повеќе услуги во софтверското инженерство, услуги […]

Потврдена индиска мутација на коронавирусот во Грција


Грција – Прв случај на видот Β.1.617, односно мутација на Ковид-19 што преовладува во Индија, е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено оти мажот е позитивен, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, […]