МОН демантира, не се откажува од дигиталните учебници


 Министерството за образование и наука демантира дека се откажува од донесување нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со кој се нудеше и можност за дигитализација и укажува дека го повлекло од собраниска процедура само заради дополнување на делот за усогласување со европските документи. МОН најавува дека законот ќе биде денеска на […]

Словенечко МНР: „Фантомскиот нон-пејпер“ не постои


Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар изјави денеска дека не постои „фантомскиот нон-пејпер“ за Западен Балкан, кој некои медиуми и го препишуваат на Словенија, додавајќи дека расправите околу наводниот документ им наштетиле на Словенија и на БиХ, објави агенцијата СТА. Тој на седницата на парламентарната Комисија за надворешна политика нагласил дека стратегијата на Словенија […]

Светска банка: По кризата Северна Македонија да се зафати со обновување на фискалната одржливост


  Растот во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и во Србија – шесте земји од Западен Балкан – се очекува да се врати во 2021 година по најлошиот економски пад во регионот што се случи во 2020 година. По економската катастрофа што ја донесе пандемијата на КОВИД-19 што резултираше со проценет […]

Сојузот на синдикати на УКИМ: Не сме задоволни од решенијата во Колективниот договор за високо образование 


Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е незадоволен од предложените решенија во Колективниот договор за високо образование кој треба да биде потпишан помеѓу СОНК и Владата. Во соопштение оценува дека најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во […]

„Гересхајмер“ отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места


Германската компанија „Гересхајмер“ денеска официјално ја отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Станува збор за инвестиција од областа на  фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица. -Поради […]

Турција од четврток па до 17 мај влегува во целосен локдаун


Од Турците ќе се бара да останат главно дома за време на „целосна блокада“ на целата земја, почнувајќи од четврток и ќе трае до 17 мај за да се спречи напливот на инфекции и смртни случаи од корона вирусот, објави претседателот Таип Ердоган. Турција забележа 37.312 нови инфекции со Ковид-19 и 353 смртни случаи во […]

Пендаровски и Вархеи разговарале за проблемите со Бугарија


Македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денешнава интензивна агенда во Брисел ја почна со средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, ја подвлекол важноста од скорешното одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ. Во тој контекст, како што се наведува во соопштението на неговиот кабинет „се разменија мислења и информации за надминување на проблемите […]

Ноќеска темелно се миеја улиците во Чаир, поради зголемена фреквенција од луѓе


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ноќеска, започна активности за машинско и рачно миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на општината Чаир. Активностите се спроведуваа во текот на целата ноќ, во рамките на третата смена, со помош на три автоцистерни наменети за машинско миење и две автоцистерни наменети за рачно миење на улиците. „Во периодот […]

Повторно откажана трката со бикови во Памплона


  Традиционалниот фестивал на свети Фермино во Памплона, познат по контроверзната трка со бикови, откажан е втора година по ред поради пандемијата. „Јавното здравје е приоритет“, рече градоначалникот Енрике Маја, додавајќи дека е свесен дека одлуката за откажување на фестивалот е тежок емотивен и економски удар за жителите на Памплона. Фестивалот е посветен на градскиот […]

Анкета: Тројца од четворица Грци сигурно или веројатно ќе се вакцинираат


Мнозинството Грци, односно 75 отсто од анкетираните, велат дека сигурно (56 проценти) или веројатно (19 отсто) ќе се вакцинираат, а само 22 проценти одговориле негативно, според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на тоа кога ќе се имунизираат, 56 отсто рекле […]

Несторовски: Ќе се вратам посилен од порано


Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката која ја добива од сите страни по тешката повреда на коленото. Тој е уверен дека ќе се врати на терените посилен. – За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, […]

Ѓоковиќ ќе игра на турнир во Белград, една недела пред Ролан Гарос


Србија– Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе учествува на АТП 250 турнир во Белград. Мечевите ќе се играат во периодот 22-29 мај, односно една недела пред Грен слемот Ролан Гарос. Покрај 18-кратниот Грен слем шампион учество на турнирот најавија и: Гаел Монфис, Адријан Манарино, Николоз Басилашвили, Филип Краиновиќ, Душан Лајовиќ, Миомир Кецмановиќ, Ласло Ѓере. Турнирот […]

Патики на Кање Вест продадени за 1,8 милиони долари


САД– Патиките на американскиот рапер Кање Вест, коишто тој ги носеше на Греми наградите 2008 година, се продадени за рекордни 1,8 милиони долари. Ова се првите патики што се продадени за над милион долари, соопшти стоковната куќа „Сотби’с“. Цената го надмина претходниот рекорд три пати. „Сотби’с“ наведува дека патиките „Џизи Најк ер 1“ ги купиле […]

Приштинска „Коха диторе“ објави наводен нон пејпер: Автономна област Север Косово, посебен статус за СПЦ


Србија– „Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е содржината на наводниот нон-пејпер објавен од приштинскиот весник „Коха диторе“, јави телевизијата Н1. Меѓу другите точки, Коха Диторе наведува дека Српската православна црква ќе има посебен статус, додека Митровица ќе биде заедничка економска зона. Според овој […]

Во САД ќе формираат центар за борба со странско мешање во избори


САД – Американската администрација соопшти дека ќе формира нов центар како одговор на акциите за кои американската разузнавачка заедница вели дека се обиди на Русија и други противници да се мешаат во изборите во САД. Центарот против злонамерно странско мешање ќе биде дел од Кабинетот на директорот на националното разузнавање, кој ја координира размената на информации […]

Во Бразил не дозволија увоз на „Спутник V“


Бразил – Здравствениот регулатор на Бразил, Анвиса одби да го одобри барањето на гувернерите за увоз на руската вакцина Спутник V. Одлуката на петчленото раководство на регулаторното тело била донесена едногласно, откако експертите посочиле дека постојат ризици поврзани со вакцината и „сериозни“ дефекти како што се недостаток на информации што ја гарантираат нејзината безбедност, квалитет […]

Заев на средба со инспекторите од ДПИ пред одлуката за разрешување на Пауновски


Премиерот Зоран Заев денеска треба да има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во врска со нивната петиција против разрешувањето на директорот на ДПИ Стојко Пауновски. Средбата, како што најави Заев, ќе биде пред одржувањето на седницата на Владата на која ќе се одлучува за разрешување на Пауновски, откако тој не ја спроведе владината […]

СЗО во следните две недели ќе донесе одлука за кинеските вакцини


Швајцарија – Се очекува Светската здравствена организација (СЗО) во наредните две недели да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошникот директор на оваа агенција на Обединетите нации, Марианџела Галвао Симао. Таа вчера прецизираше дека СЗО може да донесе одлука за вакцината Синофрам до крајот на оваа недела, додека за […]

Германија ќе предложи вакцинација за сите полнолетни од јуни


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека од јуни земјата ќе може да понуди вакцини против Ковид-19 на сите возрасни лица, врз основа на очекувањата дека ќе добие 80 милиони дози од производителите во втората половина на годината. – Во зависност од реалниот број испорачани вакцини, постојниот систем за приоритет на најранливите групи ќе […]

Изложба на дела од Денис Боувен по повод еден век од неговото раѓање


По повод стогодишнината од раѓањето на Денис Боувен (1921-2006), значајниот британски уметник и голем пријател на Македонија, денес во „Чифте-амам“, во 13 часот, ќе биде отворена изложба, на која ќе бидат претставени 40 негови дела (шест масла на платно и 34 дела работени во комбинирана техника на хартија). Поради мерките за заштита од ковид-19, на […]