На инфективните оддели се лекуваат 1.720 пациенти со Ковид-19, за 24 часа во Скопје хоспитализирани 50 лица


На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.720 пациенти со Ковид-19. Има околу 230 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се […]

Владата решава за нови мерки – полициски час од 20 часот, кафеаните две недели под клуч?


Владата за денес во 13 часот закажа итна седница, а во 14 часот е најавена прес – конференција на премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски. Како што се дознава, предлог на Комисијата за заразни болестои […]

Во Србија ревакцинирани 20 отсто од населението


Во Србија околу 26 отсто од населението е вакцинирано со една доза, а 20 отсто со две дози од вакцината против коронавирус, соопшти денеска српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа прецизираше дека во популацијата на возраст од 65-74 години вакцинирани се 51 отсто, а во делот од населението од над 75 години – вакцинирани се 41 […]

Шахпаска: Протоколите во градинките строго се почитуваат, најголемиот пик беше во ноември, сега  состојбата е стабилна


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на  денешното гостување во Студио 10, на ТВ 24 зборуваше за состојбата со КОВИД 19 во детските градинки при што потенцираше дека бројките во моментов се стабилни и нема екстремно покачување. „Во моментов имаме 59 нови позитивни  вработени и 11 деца. Таа динамика е константна. Втората седмица […]

Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година


Од денеска почнува аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31 мај 2021 година. Сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски, преку веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), www.ipardpa.gov.mk во делот е- барање. Како што соопшти денеска директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, барањата […]

Пендаровски: До Армијата не дошло барање за помош за спасувачката акција во Кратовско


Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликопетри, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. […]

Предложените измени на Законот за игри на среќа ќе затворат цела една стопанска гранка, реагираат од АСОМ


Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) и изразува жалење, што и покрај многуте обиди од нивна страна за конструктивно делување во унапредување на регулативата, повторно се предлагаат измени кои водат кон затворање […]

Издадена поштенска марка со ликот на Блаже Конески во 6.000 примероци


Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Пошта на РСМ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара може да се најде во Бирото за […]

Претседателот Пендаровски се пријавил за вакцинација, ќе прими вакцина која ќе биде достапна


Претседателот Стево Пендаровски изјави денес дека пред неколку се пријавил за вакцинирање на апликацијата Вакцинација.мк и дека ќе ја прими вакцината кога ќе му дојде редот. „Да, се пријавив пред неколку дена на сајтот, како што е за сите граѓани“, рече претседателот по презентација на пригодната поштенска марка по повод 100 години од раѓањето на […]

Објавен првиот повик за компаниите во рамки на програмата „Хоризонт Европа” 2021-2027


 Европската комисија почна со објавување повици за проекти во рамки на Програмата за истражување и развој „Хоризонт Европа“ 2021-2027 година. Како што соопшти Стопанската комора, Програмата официјално почнува утре, но првиот повик е објавен минатата недела во рамки на Европскиот иновациски совет (ЕИС), а крајниот рок за аплицирање е 17 мај 2021 година. Повикот е […]

Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана


 Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот ,,Трезор”, според неговата одбрана, во јули 2010 година во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК. – Не е точно дека Мијалков од 7.7.2010 – 9.7.2010 во Лондон договарал со компанијата ГАМА за било каква опрема на УБК при МВР. Целото обвинение е […]

Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец март  2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или […]

Таравари: Приватните клиники мора да се стават на располагање на државата


Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, смета дека министерот за здравство Венко филипче треба да донесе одлука со која ќе го стави приватното здравство, кое енромно профитира од кризата, во функција на државата. „Алармантно е, бројките се загрижувачки. Во Велика Британија имаше 254 починати, кај нас има 263 починати. Ова се загрижувачки бројки, да не зборуваме […]

Одложена прес-конференцијата на премиерот Заев и министерот Бесими


Прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими за збирниот ефект од четирите пакети економски мерки се одложува, соопштија од владината прес-служба.  Прес-конференијата требаше да се одржи денес во 11 часот. Од Владаата соопштија дека дополнително ќе информираат за следното закажување на прес-конференцијата.

„Лајка“ организираше отворен ден за љубителите на кучиња


По повод Светскиот ден на бездомните кучиња 4-ти Април, ЈП Лајка оваа недела организираше отворен ден за вистинските љубители на кучиња кои пријавувајќи се на нашата електронска адреса [email protected] имаа можност да уживаат, да се дружат, да играат, да ги хранат и чешлаат кучињата во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.  Им благодариме на сите што заедно […]

Во Ковид центарот во Битола се трошат дневно 1,5 тони кислород


Додека епидемијата во Битола се разгорува Модуларната болница е подготвена за прием на пациенти   Анета Блажевска БИТОЛА – Тешка е состојбата во Ковид центарот во Битола каде во последните два дена се троши 1,5 тони кислород дневно. Хоспитализирани се 117 лица и сите се во тешка состојба и имаат потреба  од кислородна поддршка. „Како […]

Поради изолација одложен случајот „Титаник” за 14 април


Следните три рочишта за случајот „Титаник” во Кривичниот суд Скопје, нема да се одржат заради изолација на дел од обвинетите. – Ја информираме јавноста дека расправите насрочени за 05, 09 и 12 април 2021 година, се одлагаат заради изолација на дел од обвинетите. Следната расправа е насрочена за 14 април, соопштија од Основниот кривичен суд […]

Мараја Кери прими вакцина против Ковид


САД- Мараја Кери е подготвена да се врати на пеењето! Петкратната добитничка на Греми, 52, погоди една од нејзините познати високи ноти во саботата, кога прославуваше примајќи ја својата прва доза на вакцина против Ковид-19. Таа објави видео од моментот на Инстаграм, пишува во натписот „Несакан ефект на вакцините: G6“. „Тие имаат медицински наратив, но […]

Речиси сите вакцинирани, речиси сè нормално


Тешко дека со 34.000 жители Гибралтар е пример за другите, но е прво место во Европа каде, благодарение на вакцинацијата, епидемијата во голема мерка е надмината. Рестораните работат до доцна во ноќта, а ковид-позитивни нема. Откако маските веќе не мора да се носат на отворено, Саманта Сакраменто постојано има чувство дека нешто заборавила додека оди […]

Делотворноста на младиот кромид


Алтернативната медицина го смета младиот кромид за неверојатно вреден и здрав додаток во храната. Освен што помага при настинки и го намалува високиот крвен притисок, пролетниот кромид има антиинфламаторно својство и делува против габички, стрес и замор. За следниве здравствени проблеми се препорачуваат зелените перца од младиот кромид… 1. Болки во грлото Средината на зелениот […]