Снимањето на серијата „Круна“ продолжува во јули


Англија– Снимањето на петтата сезона на популарната серија на Нетфликс – „Круна“ (The Crown) ќе почне во јули оваа година, објави „Варајети“. Во новата сезона, други глумци ќе ги преземат улогите на кралското семејство. Ликот на принцезата Дијана ќе ја глуми ѕвездата од филмот „Тенет“ – Елизабет Дебицки, принцот Чарлс – Доминик Вест, а кралицата […]

Аманда Горман прва поетеса на насловницата на „Вог“: Што е поезија, ако не убавина?


САД– Речиси три месеци откако Аманда Горман (23)  влезе во историјата на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, со поемата “The Hill We Climb“ нејзиниот метеорски пораст не покажува знаци на забавување. Горман позира за мајското издание на „Вог“ на две алтернативни корици на магазинот. Таа беше фотографирана од Ени Лејбовиц во високата мода на „Диор“  […]

Град Скопје денеска одлучува за новиот Локален еколошки акционен план 2020 – 2026


  Новиот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП 3) на Град Скопје 2020 – 2026 е една од главните точки за кои ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната седница. Локалниот еколошки акционен план претставува највисок локален стратешки документ за заштита, планирање и управување со животната средина. ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење, ги […]

Г20: Светската економија покажува знаци на закрепнување


Се подобрува глобалната економска состојба, но тоа се одвива многу бавно, пред се, поради неизвесноста и големиот јаз меѓу економиите на различните земји, напишаа министрите за економија и финансии и гуверенерите на централните банки на земјите од Г-20 во заедничката изјава по вчера оддржаната видео-конференција. Г20 признава дека има знаци на подобрување на глобалната економска […]

Демократски сојуз бара ремонт на безбедносните служби по аферата со пасошите


Последната мега афера со издавање пасоши на припадници на мафијата и лица опасни по безбедноста, само ги потврди оценките дека партизацијата на МВР и другите безбедносни институции директно ја загрозуваат националната безбедност и ги кочат евроинтеграциските процеси, оценува Демократски сојуз. „Повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се […]

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите


Добро здравје, среќа и елан за заеднички да ја унапредиме состојбата на ромската заедница во Република Северна Македонија, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски упатувајќи честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија. Пендаровски во честитката искажува почит кон нивниот придонес во збогатувањето на македонското  […]

Митко Чавков и петмина други во штипскиот затвор болни од Ковид


Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на ковид-19. Од затворот потврдија дека има заразени и тројца вработени.   „Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на корона вирусот и пет осудени […]

Редок стрип за Супермен продаден за 3,25 милиони долари


  Редок стрип во кој првпат се појавува јунакот Супермен продаден е за 3,25 милиони долари. Оваа сума покажува дека изданието Action Comics #1, кое се продавало за 10 центи кога се појавило во 1938 година, сега е најскап стрип на светот. Стрипот ја содржи приказната за потеклото на Супермен и се смета за почеток […]

Завршено снимањето на долгометражниот игран филм „Празникот на хризантемите“


Во земјава заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ („Chrysanthemum day“) на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на „Mainstream Pictures LLC“ од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, информираат продуцентите. Тие информираат дека дел од сцените на филмот биле […]

Камерна приказна во Филхармонија


Концертот насловен „Камерна приказна“ ќе се одржи вечерва во 19 часот во во Филхармонија. На концертот како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Кончерто да камера за флејта и англиски рог од Онегер и Камерна симфонија оп. 73а од Шостакович (арр. […]

Редок модел на „бе-ем-ве“ продаден за 200.000 долари


 „E39 M5“, според многумина, е еден од најдобрите автомобили во производство на „бе-ем-ве“ во својата историја и солидна спортска лимузина, дури и според денешни стандарди. Еден примерок од неа е продаден за дури 200.000 американски долари. Автомобилот беше продаден во Синсинати, Охајо, САД, преку „Ентузијаст ауто груп“ (ЕАГ),  фирма специјализирана за модели на „бе-ем-ве“. Возилото […]

Министрите за здравство од ЕУ не се договорија за заеднички пристап кон употребата на вакцината Астра Зенека


Министрите за здравство на членките на ЕУ вчера не успеаја да се договорат за заедничките упатства за употреба на вакцината Астра Зенека против Ковид-19, и покрај повиците за координација меѓу земјите-членки во борбата за отстранување на јавната недоверба кон вакцината. Министрите одржаа вонредна виртуелна средба непосредно откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ги смени своите […]

Лазаров рекордер по број на настапи во Лигата на шампионите


Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, стана рекордер по број на одиграни натпревари во Лигата на шампионите. Лазаров кој настапува за Нант, синоќа на гостувањето кај Киелце, го одигра својот 250. натпревар во елитното ракометно натпреварување. Досегашниот рекорд му припаѓаше на легендарниот голман Арпад Штербик со 249 настапи, а трет на вечната […]

Војна на хоризонтот?


Воени експерти велат дека Русија распореди војници и стратешко оружје на Крим, источна Украина и околу земјата. Иако во Москва тоа го негираат, прашањето е дали сè е провокација или подготовка за офанзивата, пишува „Дојче веле“. Западот е загрижен поради маневрите на руските трупи на границата со Украина. НАТО вети дека ќе продолжи да ги […]

Група од 24 светски научници бараат нова истрага за потеклото на коронавирусот


Заедничкото истражување на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот не даде веродостојни одговори за тоа како почна пандемијата и потребни се поригорозни истражувања, со или без Пекинг, соопштија  група меѓународни научници и истражувачи. Во заедничката студија, објавена минатата недела, се наведува дека најверојатната патека на пренесување на вирусот што предизвикува Ковид-19 […]

Џонсон загрижен поради ескалацијата на насилството во западен Белфаст


Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изрази длабока загриженост по  сцените на насилство во Северна Ирска, каде група млади луѓе во пробританската област на Белфаст насилно одзедоа и запалија автобус и ја нападнаа полицијата со камења. Делови од Северна Ирска се соочија со  шестата последователна ноќ на насилство откако унионистите и националистите се судрија со полицијата, […]

Олеснет домашниот притвор на братот и на приврзаниците на Навални


Судот во Москва денеска им ги олесни условите за домашен притвор на братот на затворениот опозиционер Алексеј Навални, Олег Навални, и на неколкумина негови приврзаници, соопшти групата за набудување на протестите ОВД-Инфо Британските медиуми пренесуваат дека Олег Навални, Љубов Собол, Људмила Штајн и Константин Јанкаускас првично беа ставени во домашен притвор заради непочитување на мерките […]

Трета годишна конференција „Women in Digital 2021“


Со он лајн дебата на тема „Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини“ денеска ќе започне третата годишна конференција „Women in Digital 2021“, во организација на телекомуникациската компанија А1 Македонија. Конференцијата за прв пат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn. Според организаторите, на конференцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и […]

ЕМА: Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“


Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта. При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските […]

Земјотрес од 3,2 степени утрово регистриран во Хрватска


Умерен земјотрес ја потресе утрово Далмација во Хрватска. „Силен татнеж 5 секунди, а потоа кратко и силно тресење“, коментираа граѓани на социјалните мрежи. Земјотресот беше регистриран во утрово нешто пред 6 часот, кај Дрниќ, пишува Дневник.хр. Земјотресот беше почувствуван на пошироко подрачје. „Утрово, на 8 април 2021 година, во 05:57 часот, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на […]