Форбс: Ворен Бафет во клубот на најбогатите со повеќе од 100 милијарди долари


Американскиот милијардер Ворен Бафет се приклучи на групата луѓе чиј имот се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, објави списанието Форбс. Акциите на „Беркшир Хатавеј“ на Бафет вчера достигнаа рекордно ниво, со што неговото богатство достигна 100,3 милијарди долари. Бафет на врвот на листата на најбогати им се придружи на Џеф Безос, Илон Маск, Бернард […]

Арчи не е единствен во кралското семејство без титула


Англија– Контроверзните изјави на војводата и војвотката од Сасекс во интервјуто кај Опра Винфри, во коешто Меган Маркл ги посочи проблемите со кои се справувала за време на престојот во британската палата Кенсингтон, фрлаат ново светло врз неа самата, пишува „Хола“. Поранешната глумица зборуваше и за Арчи, кој во мај ќе наполни две години. Таа […]

„Некогаш некаде” од Зоран Спасов – Sоф: Книга-сведок на едно време, на едно место


Деновиве во книжарниците на Литература.мк се појави книгата „Некогаш некаде” од авторот Зоран Спасов – Sоф (познат по романот „Тито – мојот претпоследен херој”).   Книгата има 336 страници во боја, не може да се вброи во ниту еден жанр, но токму тоа што има по малку од сè ја прави интересна. Едноставно и лесно […]

Каракачанов ги објави македонските политичари со бугарски пасоши


  Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов на својот профил на Фејсбук објави список на имиња на членови на македонската опозиција кои имаа бугарско државјанство. Меѓу нив се споменуваат имињата Антонио Милошоски, Александар Николоски, Филип петровски…  „Над 120.000 граѓани на Република Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни […]

Меркел подготви големи промени за доселениците: Нови услови за работа во Германија


Нов план за интеграција на мигрантите во германското општество, систем на образование и пазарот на труд подготви канцеларката Ангела Меркел заедно со привте луше на сојузните покраини и граѓанскиот сектор. Планот би требало да важи најмалку десет години, а на овој Национален акциски план за интеграција се работело три години, а во неговото стравање учествувале […]

Фирмите од МКБ може да добијат информации за над 200 милиони компании од 230 земји


Македонското кредитно биро во соработка со својот странски партнер, Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, нуди единствена можност на македонските компании да побараат меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет достапни на англиски јазик. Меѓународните извештаи, како што информираат од МКБ, нудат можност да се […]

Надал го откажа учеството на турнирот во Дубаи


ОАЕ– Вториот рекет на светскиот, Шпанец Рафаел Надал одби да учествува на турнирот во Дубаи, ОАЕ чиј награден фонд е скоро 1,9 милиони долари. Турнирот ќе се игра од 15 до 21 март. Надал доби вајлд-карта од организаторите на турнирот. – Би сакал да им се заблагодарам на организаторите на турнирот во Дубаи што ми дадоа […]

Одложено рочиштето за случајот „Топлик”


 Поради изолација на судијата Огнен Ставрев, денешното рочиште за случајот „Топлик” се одложи. Во „Топлик“ обвинети се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев Град во скопско Сопиште. Обвинението го застапува обвинителот Бурим Рустеми. 

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи


Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се повисоки за 8,0 отсто на месечно ниво, а пониски за 24 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на бензините на месечно ниво пораснала за 13,2 отсто, а на годишно ниво бележи пад од 23,6 отсто, […]

Авиокомпании ја повикаа ЕУ да користи еколошки горивa за сите летови


 Неколку нискобуџетни авиокомпании побараа од Европската комисија да ги разгледа плановите според кои еколошко гориво ќе се користи на сите летови. Авиокомпаниите кои не се конкуренти на пазарот на долги релации ИзиЏет, Рајанер, Визер, Џет2 и невладината организација Транспорт и животна средина (Transport & Environment), во заедничко писмо ја повикуваат ЕУ да примени квоти за еколошко гориво (САФ) не […]

И Алтернатива ќе се изживува во Собранието


Ако нема употреба на фингерпринт ќе размислуваме за бојкот на изборите, а ако не се усвои законот за државјанство – ќе ги блокираме сите закони што ќе стигнуваат во Собранието, најавува лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во разговор за Дојче Веле. Алтернатива и нејзиниот коалициски партнер Алијанса за Албанците во јануари ја промовираа националната платформа […]

Кучиња убиле дете во Војводина додека славело роденден


Страшна трагедија се случи синоќа во градот Сента во Војводина, кога две кучиња од расата дога и ротвајлер убија четиригодишно момче. Како што рекоа од полициската управа, тие синоќа во девет часот добиле пријава дека брзата помош излегла на лице место и го пренела момчето во критична состојба во Клиничкиот центар во Нови Сад, каде […]

Делегацијата на германското стопанство одговорила на повеќе од 30 барања во врска со дозволите за движење


Забрана за движење нема да ја попречи работата на производните капацитети, како и на компаниите кои вршат транспортни услуги, соопшти Делегацијата на германското стопанство која вчера одговорила на повеќе од 30 барања во врска со дозволите за движење кои се неопходни поради воведениот полициски час. Делегацијата потсетува дека поради зголемените бројки на заболени лица од […]

Бајден ги полни американските магацини со вакцини додека светот чека


Веќе неколку месеци сите вакцини што се произведуваат во САД се наменети само за употреба во земјата. Бајден ги отфрли повиците од сојузниците да сподели дел од вакцините   ВАШИНГТОН – Претседателот Џо Бајден во средата ја насочи својата администрација да нарача уште 100 милиони дози на вакцина против коронавирус „Џонсон и Џонсон“, со што […]

Рекорден број новозаразени од Ковид-19 во Белгија


Институтот за јавно здравје на Белгија соопшти дека е регистриран рекорден број новозаразени во земјата, за прв пат од средина на декември. Со 3.521 новозаразени регистрирани на 8 март, Белгија, после период на релативна стабилност, постигна нов рекорд за првпат од средината на декември. Станува јасно дека Белгија се движи кон нов подем на корона […]

„Коктелот антитела“ на „Ели Лили“ го намалува бројот хоспитализации и смртни случаи од Ковид-19 до 87 отсто


Американската фармацевтска компанија „Ели Лили“ вчера повторно објави позитивни резултати од третманот за Ковид-19. Се работи за мешавина од две синтетички антитела којашто го намалува бројот згрижувања в болница, како и смртните случаи за 87 отсто, според истражувањата на компанијата. Кон крајот на јануари, компанијата објави дека комбинацијата на двете антитела бамланивимаб и етесевимаб, ја […]

Словенија: Епидемиолошката состојба бара нова објава на епидемија на цела територија


  Владата на Словенија ги продолжи повеќето рестриктивни мерки за уште една недела на редовниот состанок на кој се разгледува епидемиолошката состојба во земјата. „Моменталната епидемилошка ситуација во земјата бара нова, временски ограничена објава на епидемија на целата територија на Словенија“, соопшти Владата, пренесе СТА. Единствена мерка која властите ја ублажија е отворањето на градилиштата […]

Почина пронаоѓачот на аудио касетите, Лу Отенс


Лу Отенс, холандскиот инженер кој ги измислил аудиокасетите, почина на 94-годишна возраст, објави Би-Би-Си. Се проценува дека повеќе од 100 милијарди аудио касети се продадени ширум светот од нивниот изум во 1960-тите. Пронајдокот на Отен го смени начинот на кој луѓето слушаа музика, а во последните години се забележува враќање на аудиокасетите на пазарот. Инженерот […]

Кобното утро за битолските Евреи – 11 март 1943 година


Претставници на институции од Битола, здруженија на граѓани и поединци, вчера и денес, со повеќе манифестации потсетуваат на кобното утро од 11 март 1943 година кога 3.276 битолски Евреи беа депортирани од градот. Масовното населување на Евреите во Битола датира од 1497 година според православниот, односно 5257 година според еврејскиот календар и е резултат на масовното […]

Бразил регистрира црн рекорд по број на жртви од Ковид-19 за еден ден


Бразил за првпат регистрира повеќе од 2.000 смртни случаи од коронавирус за еден ден, јави ДПА. Според податоците на Министерството за здравство објавени доцна синоќа, во последните 24 часа регистрирани се 2.286 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата, во Бразил од Ковид-19 починале 270.656 луѓе. Последните дневни податоци покажуваат 79.876 новозаразени, со што вкупната бројка на заразени од почетокот […]