Филипче: За какви провизии се зборува, кога парите за вакцини се вратени?


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ дека фантомска фирма посредувала во набавката на вакцини од Кина и ги осуди, сите обиди да се загрози процесот на имунизација во земјава. – Жал ми е што тоа сето излегува во медиуми кои се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, еве нивните […]

Двајца приведени поради закани кон вработена во тетовската болница


 Маж и жена на 28 и 24 години се приведени откако се заканувале на вработена во тетовската Клиничка болница вчера околу 19 часот, соопшти денес СВР Тетово. -Вчера околу 18 часот и 45 минути, на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(28) и 24-годишната С.А. од Тетово. […]

ДКСК ќе собира информации за набавката на кинеските вакцини


Државната комисија за спречување на корупција  (ДКСК) на денешниот колегиум одлучила да пристапи кон собирање доволно информации во врска со наводите што се појавија во медиумите, а се однесуваат за набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм. – Потоа во зависност од прибраните податоци ќе одлучи дали постојат доволно елементи за отворање предмет во надлежност на […]

Шахпаска: Доколку одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми


Доколку во конечното решение се одлучиме трговските центри да работат во недела, тоа ќе биде под строго дефинирани критериуми, строго определено работно време, но и обврски на сопствениците на продавниците за одреден процент од средствата да се слеваат во државната каса и дополнителен надомест за работниците кои ќе работат во недела, порача денеска министерката за […]

Притвор за 41-годишник осомничен за полов напад врз деца​


 Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, на точно неутврдени датуми во текот на […]

Заедничка власт, играрија со сметка!


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Во политиката, дејствијата на политичките чинители не треба да се анализираат во изолација, туку земајќи предвид што секој од вклучените ќе прави имајќи ги предвид очекуваните однесувања на другите   Политиката се определува на многу различни начини. Зависно кој како ја искусува, како ја гледа и како ја сфаќа така и ја дефинира. […]

Порака на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов без да не меша нас


Владејачката СДСМ експресно му одговори на ВМРО-ДПМНЕ по тврдењата на опозицијата дека имињата на лица со бугарски пасоши што ги објави бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов биле за да му се „помогне на Зоран Заев“ околу проблемите со вакцините.  „ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не нѐ меша во нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД. […]

На пазарот се појави вакцина-туризам: Добивате целосен пакет – 2 дози, 3 недели одмор во хотел или вила, а цената е вртоглава!


На пазарот се појави нова туристичка понуда за богатите, а „пакетот“ вклучува и анти-вакцинација. На клиентите им се нуди лет со приватен авион, вакцинација, тринеделен одмор во луксузни хотели или вили во Индија, Дубаи или Флорида, потоа друга доза на вакцина и потоа да се вратат дома. Засега вакви суперлуксузни туристички аранжмани нуди англиската агенција […]

Нова жртва во сообраќајка во Струмица, еден загинат и тројца повредени кај селото Самоилово


Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу 22 часот се случила на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, кај селото Самоилово. Според информациите од СВР Струмица, во несреќата учествувале два автомобили марка „шкода фабија“ и „фолксваген голф“ и камион со полуприколка со турски регистарски ознаки. На местото на несреќата […]

Симовски: Само короната може да го одложи Пописот


 Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изјави дека пописот би се одложил само ако Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно тој да се спроведува. – Единствените коишто можат да предложат одложување на пописот поради Ковид-от е Комисијата за заразни болести, ако оценат дека ситуацијата е таква да не може […]

И Петар Богојески тврди дека нема бугарски пасош


И Петар Богојески демантираше преку Фејсбук дека има бугарски пасош и го обвини министерот Красимир Каракачанов дека не може да ги напушти болшевичките методи.    „Петар Богојески нема бугарски пасош! Краси другарчо, знам дека ти лично не си во можност да го напуштиш болшевичкото поведение и божидаризмот чиј перјаник си, но веќе ја преминуваш црвената […]

Во Хрватска има 777 новозаразени, починаа 10 пациенти


Во последните 24 часа забележани се 777 нови случаи со корона вирус во Хрватска, а тестирани биле 6.755 луѓе. Бројот на активни денеска изнесува 4.289. Меѓу нив 811 пациенти се на болничко лекување, од кои 79 на респиратор. Починаа 10 лица. Од почетокот на пандемијата во Хрватска се регистрирани 248.838 лица со корона вирус, од […]

Од недела вечер повторно дожд и ветер


Нов влажен бран со дожд и ветер се очекува од недела вечер кога ќе има локални врнежи од дожд, кои веќе во понеделник ќе се прошират низ целата држава и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Максималните температури ќе се движат од 5 […]

Го фатиле како краде во куќа во Штип


 Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.А.(33) од Штип вчера затоа што околу 15.10 часот на ул.„Сремска“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од куќа. По целосно документирање на случајот, информираа денеска од МВР, против М.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Имињата што ги објави Каракачанов се лаги, тврди ВМРО-ДПМНЕ


Иако Красимир Каракачанов никаде не споменува во својот пост на Фејсбук дека лицата што зеле бугарски пасош се политички личности од Македонија, ВМРО-ДПМНЕ се најде повикано веднаш утринсва да испрати реакција насловена како „Демант на лагите на Каракачанов“. Партијата тврди дека знае оти ниеден од нејзините функционери немал бугарски пасош. Во соопштението се вели дека […]

ВМРО-ДПМНЕ: Списокот на Каракачанов е лага


    ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира „лагите кои Красимир Каракачанов ги објавува на својот фејсбук профил“. Ниту еден од посочените функционери на ВМРО-ДПМНЕ нема бугарски пасош, што само покажува дека неговата денешна објава е класична лажна вест, реагираа денеска од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, откако бугарскиот вицепремиер на својот официјален фејсбук профил објави 20-ина […]

Со поддршка од „УСАИД“ нашите преработки од овошје и зеленчук стануваат поконкурентни


Американската агенција за меѓународен развој УСАИД ги поддржува преработувачите на овошје и зеленчук во Северна Македонија и Косово во градење на конкурентност преку зголемен квалитет на производите. Основната цел на помошта е да го зајакне одржливиот развој на овие сектори. Насочена е кон зголемување на пазарните можности и продажбата, и стимулирање на меѓуграничната трговија и […]

Владата ја дополни одлуката за забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока


Владата на Република Северна Македонија денеска на седница донесе заклучок во однос на исклучоците кои се однесуваат на дозволите за време на забраната и посебен режим на движење за економските оператори што вршат извоз, увоз или транзит на стока, за кои ќе биде дозволено нивното движење доколку за стоката е издаден транспортен документ Т1 или […]

Полицискиот час го прекршиле 12 лица


Полицискиот час синоќа од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) не го почитувале 12  лица, информираа денеска од МВР. Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено […]